Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Скопско пиво за галичките младенци

„Пивара Скопје“ им подари на младенците од годинешната Галичка свадба, Верица Митричка и Љупчо Раваноски, специјално точено „скопско“ во уникатно пакување со етикети на кои се напишани нивните имиња и датумот кога стапиле во брак во Галичник.

„Традицијата е длабоко вградена во нашата долгогодишна компаниска историја. Таа е дел од нас, како што сме ние дел од неа. Се вели дека нема свадба или друга прослава без ’скопско‘. Ако е така, тогаш сосема природно е што сме и остануваме да бидеме дел од најпознатата свадба во Македонија и пошироко“, потенцираше Маја Муратовска-Чанговска, претставничка од „Пивара Скопје“. Покрај финансиската поддршка за организацијата, „Пивара Скопје“ АД обезбедува и пијалаци за учесниците во оваа уникатна манифестација. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Како ќе се плива низ светските економски бури?
До Анкона и Венеција за 79 евра
Во ЕУ најмногу се фалсификуваат цигари
Инвеститорите си ја повлекле добивката
Индиска „Тата“ ќе гради куќа за 500 евра
„Нестле“ со најголема заработка според „Фортуне“

"""