Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Како ќе се плива низ светските економски бури?

Според експертите, светските финансиски проблеми се ризик, но поопасна е експанзивната владина политика

Нина Нинеска-Фиданоска



Драматично се одвиваат работите во светската економија. Европските држави ги тресат должнички кризи и ги демне опасност од прогласување банкрот, а ситуацијата е далеку од розова и во САД, кои се соочуваат со ризик од намалување на кредитниот рејтинг. Стравот од рецесија повторно надвиснува над светските економски текови, па, можеби, е преурането да се олабавиме и да мислиме дека дошло до заздравување и оти следат подобри денови.

Се наметнува прашањето како македонската економија, која во првиот квартал покажува раст од 5,1 отсто и повисоки инвестиции, но и алармантно зголемување на задолженоста, ќе успее да плива во едни вакви крајно неизвесни глобални економски движења?

Експертите што ги консултираше „Утрински весник“ не гледаат многу простор за оптимизам. Од една страна стојат големите предизвици кај европските држави, кои, ако не оваа, тогаш во следната година ќе мора сериозно да се соочат со своите должнички кризи, а од друга страна, пак, нестивнатата желба за трошење буџетски пари кај македонската Влада. Тоа не ветува богат живот и благосостојба во земјава во наредниот период.

„Сметам дека досега во Европа не е дојдена таа критична точка бидејќи Европската централна банка и, пред се', Германија, се' уште имаат доволно резерви за решавање на големите должнички проблеми. Но, веќе следната година или, пак, најдоцна 2013 година, можат да бидат години на вистинско соочување со должничките кризи во европските земји. Тоа ќе бидат години на големи турбуленции“, објаснува Ден Дончев, економски аналитичар.

Меѓународниот монетарен фонд деновиве излезе со истражување дека прогласувањето банкрот на државите се поврзува со длабока рецесија. Во тој случај БДП и побарувачката се намалуваат во просек за пет проценти под нивното дотогашно ниво. Вработеноста се намалува, а поскапувањето на парите ги погодува производителите. Агенциите јавуваат дека ризикот за снижување на американскиот кредитен рејтинг, од ААА, во наредните три месеци значително е зголемен, дури и во случај конгресмените да постигнат договор до крајот на јули за кревање на лимитот за задолжување. Прашање е дали во август нема да бидат загрозени сервисирањето на обврските и исплатата на пензиите и социјалните примања во Америка. Во меѓувреме, Грција ги преживува најтешките моменти. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу истакна дека „следните денови ќе бидат исклучително важни за иднината на Грција и на еврозоната“. И Ирска е во лоша состојба. Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали рејтингот на Ирска на најниско ниво, предупредувајќи ја земјата дека, најверојатно, ќе и' треба втор пакет помош.

Ваквиот потег на „Мудис“ следува по една недела од намалувањето на кредитниот рејтинг на Португалија на исто ниво и, исто така, ја предупреди дека, можеби, ќе треба втора рунда финансиска помош.

Италија, пак, емитуваше државни обврзници со рок на доспевање од пет и 15 години со поголем принос отколку во јуни. ММФ смета дека владата на Италија, можеби, е премногу оптимистичка во поглед на економскиот раст на земјата.

Како Македонија ќе ги преброди ваквите драматични промени во светската економија? Ќе спласне ли многу скоро еуфоријата од растот во првиот квартал од 5,1 отсто, што го донесоа неколку градежни фирми, металната индустрија и рударството? Овде и онака немаше многу простор за радување бидејќи, пред се', споредбената основа беше ниска, градежништвото се „крена“ со „Скопје 2014“, а растот во индустријата се должеше на зголемената побарувачка и на повисоките цени на металните производи на светските берзи.

А, во исто време вкупниот долг на државава незапирливо расте. Нивото на задолженост од над 60 отсто од БДП заклучно со март, можеби, уште не е критично, но алармот секако е вклучен. Во првите три месеци од годинава вкупниот надворешен долг достигнал 4,47 милијарди евра.

Ден Дончев вели дека Македонија е надвор од светските текови.

„Растот во првиот квартал беше повеќе ефект од наглото зголемување на берзанските цени, претежно на бакарот, железото, цинкот. Ова е резултат на поголемиот обем на нарачки регистриран кон крајот на 2010 година. Но, јас не очекувам да продолжи тој ефект. Затоа сметам дека Македонија ќе биде среќна ако годинава ја заврши со два отсто раст на БДП“, вели Дончев.

Кризата во Европа силно удри врз печалбарите, пред се', кај оние во Италија, од кои голем дел масовно се враќаат во земјава. Нивните дознаки се сериозно намалени. Дончев предвидува дека годинава тие ќе бидат пониски од лани најмалку за 200-300 милиони евра. Ако се има предвид дека тие имаат значајно учество во БДП, нивниот пад лошо ќе се одрази врз економскиот раст. „Бидејќи владата и натаму троши повеќе отколку што заработува, нема да запрат силните задолжувања, па сметам дека кон крајот на оваа година веќе ќе ја достигнеме психолошката бариера од пет милијарди евра вкупен долг. Прашање на време е кога и ние ќе се соочиме со должничка криза“, стравува овој аналитичар. Тој нагласува дека врз Македонија лошо ќе влијаат и надворешните случувања, но, според него, посериозна опасност е експанзивната политика на оваа влада.


#
Статијата е прочитана 776 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 18.07.2011 17:13:21
Kade e izlezot: javni investicii vo energetskiot sektor, inftastrukturata i ekoloskite proekti. Pari: silni bugetski ogranicuvanja, ,,zastedi,, pri zero korupcija pri javnite nabavski, celosna finansiska disciplina na site bugetski korisnici i naj nacin podiganje na likvidnosta vo zemjata. Napustanje na ,,ramniot danok,, i pominuvanje na pravicno odanocuvanje.Stranski investicii: menuvanje na sopstvenickite prava na strancite i zastita na pravata i intersite na danocnite obvrznici. Vrabotuvanje:javni raboti i ekoloski proekti, nq toj nacin ke se oslobodat sredstva za vistinska socijalna politika.

Најди! во Утрински
Економија
До Анкона и Венеција за 79 евра
Во ЕУ најмногу се фалсификуваат цигари
Инвеститорите си ја повлекле добивката
Скопско пиво за галичките младенци
Индиска „Тата“ ќе гради куќа за 500 евра
„Нестле“ со најголема заработка според „Фортуне“

"""