Индиска „Тата“ ќе гради куќа за 500 евра
По производството на најевтиниот автомобил во светот, индиската компанија „Тата“ планира проширување на дејноста во градежниот сектор, со промоција на „најевтината куќа во светот“.
Станува збор за проект што на пазарот ќе биде лансиран идната година и со која за една недела ќе може да се изгради куќа за цена од само 500 евра.
„Тоа ќе биде куќа што лесно ќе се гради за седум дена. Основниот модел од 20 квадратни метри и рамен покрив ќе чини околу 500 евра“, соопшти портпаролот на „Тата“. Според него, покрај овој, се предвидени и „попространи и малку поскапи модели“, меѓу кои и опремени со соларни панели. Овие „најевтини куќи во светот“ првенствено ќе бидат наменети за најсиромашните слоеви од светското население. (МИА) |