Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Инвеститорите си ја повлекле добивката

Само што почна да расте нивото на странски инвестиции во земјава, годинава и во март се искачи на 207 милиони евра, во април инвестициите бележат намалување од 20,3 милиони евра. Заклучно со април странските инвестиции се стопиле на 186,8 милиони евра. Според последните податоци објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија, странските инвеститори што веќе работат во земјава во април дури 31,1 милион евра од остварената добивка ја повлекле во своите матични компании, односно не ја реинвестирале во земјава. Инаку, од вкупно 186,8 милиони евра вложени странски пари во Македонија во првите четири месеци од годинава,127 милиони евра отпаѓаат на акционерски капитал и на реинвестирана добивка, или свеж капитал што влегов во земјава. Над 16 милиони евра се побарувања, а 75,5 милиони евра се обврски на странските компании кон нивните мајки-фирми. Новата влада најавува дека годинава во земјава ќе влезат од 300 до 350 милиони евра странски капитал. А, ако не се случи нова светска криза или рецесија, тогаш приливот на инвестиции се очекува да расте во наредните четири години, а во 2015 година нивото на странски инвестиции да се искачи над 650 милиони евра.

Вкупно две милијарди евра странски инвестиции до 2015 години ветува новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во предлог-програмата што мандатарот Никола Груевски ја достави до Собранието. Минатите две години, 2009 и 2010, не беа многу оптимистички ако се гледа нивото на странски инвестиции. Во 2009 година беа регистрирани само 145 милиони евра странски инвестиции, а во 2010 г. 221 милион евра. За годинава владата најави подобри резултати и влез на неколку странски компании од автомобилската индустрија. Во слободната економска зона „Бунарџик“ засега работат „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, а во фаза на изградба се и фабрики на италијанската „Технохозе“, а неодамна почна да гради и американската компанија „Кемет електроникс“. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 1006 пати.

Испрати коментар

Од: Владо
Датум: 18.07.2011 09:59:31
Секоја година е така. Ништо ново. Како се зголемува улогата на странските инвестиции во земјата трендот уште повеќе ќе се зголеми.

Најди! во Утрински
Економија
Како ќе се плива низ светските економски бури?
До Анкона и Венеција за 79 евра
Во ЕУ најмногу се фалсификуваат цигари
Скопско пиво за галичките младенци
Индиска „Тата“ ќе гради куќа за 500 евра
„Нестле“ со најголема заработка според „Фортуне“

"""