Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

„Текнохозе“ е новиот сосед во „Бунарџик“

Маја Томиќ

Американската „Џонсон контролс“ и британската „Џонсон Мети“ во зоната „Бунарџик“ ќе добијат сосед, италијанската „Текнохозе“. Директорот на Технолошко-индустриски развојни зони, Марјан Јованов и Антонио Витило, сопственикот на групацијата „Витило“, чиј дел е „Текнохозе“ , вчера го потпишаа договорот за закуп на земјиштето, во зоната Скопје 1 „Бунарџик“, со што се означи стартот на оваа инвестиција.

Владата и' дава на фирмата 10 хектари земјиште по цена од 10 евроценти по квадратен метар годишно, на период од 50 години, плус дополнителни 45 години. Исто така, се предвидува и ослободување од данокот на добивка и од персоналниот данок, во период од 10 години, како и ослободување од ДДВ и од царини за опрема и за суровини. За „Текнохозе“ ова е прва странска инвестиција, вредна10 милиони евра за првите пет години. Со неа треба да се вработат 150 лица што ќе се обучуваат во Италија. Ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија, хидраулични спојници под висок притисок и армирани гумени црева за поширока употреба. Производите ќе се пласираат во странство, пред се', во земјите од ЈИЕ и во Русија, за чиј пазар „Текнохозе“ работи подолго време. Производството треба да почне наредната година, а за почеток ќе се одвива во објектот што компанијата веќе го поседува од 2008 година и кој е купен на јавен оглас од Министерството за финансии. Во наредните три години се најавува дека ќе биде изграден уште еден производствен погон.

Која беше причината што оваа компанија досега не ја почна инвестицијата во Македонија?

„Иако објектот го купивме во 2008 година, сепак, инвестиција не почна порано поради економската криза. Моравме да забавиме со инвестициите, а во првите три месеци од годинава зголемената продажба и резултати во работењето ни го овозможија продолжувањето на ваквите зафати. Потврда за тоа е потпишувањето на вчерашниот договор“, рече Витило, на вчерашниот италијанско-македонски бизнис-форум, на кој присуствуваа 30 италијански и над 90 македонски компании од повеќе сектори.

Според Адолфо Урсо, заменик-министер за економски развој на Италија, економските реформи во Македонија во последните години одат во вистински правец, за што потврда е присуството на стотина италијански бизнисмени.

„Веруваме во Македонија, која повеќе години е наш стопански партнер. Иако е мала земја, сакаме да дадеме придонес во нејзиниот развој преку инвестиции во повеќе инфраструктурни проекти што се планираат. Имаме стратегиски интерес да вложуваме тука, со што се отвора нова важна фаза во нашето работење. Македонија сака во ЕУ, а Италија ќе го поддржи нејзиниот напор и ќе помогне во тој процес на вклучување“, изјави Урсо.

Министерот за економија Фатмир Бесими посочи дека Италија се наоѓа на 13. место на листата на инвеститори во земјава, а во периодот од 1997 до 2009 година се вложени околу 70 милиони евра. „Италија е наш најголем трговски партнер, а со овој форум се создава основа за зајакнување на бизнис-соработката. Досегашната политичка и економска соработка сега е крунисана со потпишувањето на договорот со ’Текнохозе‘. Има и интерес за поддршка на доизградбата на коридорите 8 и 10, како и за други проекти што ќе произлезат“, истакна Бесими.

Италијанската групација „Витило“ е во приватна сопственост и вклучува две фирми, „Групо Витило“ и „Текнохозе СРЛ“. Поседува шест фабрики во јужна Италија и вработува околу 200 лица. Околу 50 отсто од производството се пласира во странство, а годишниот обрт на компанијата изнесува 36 милиони евра.

Италијанецот Витило вчера падна од бината

Претставникот на италијанската групација „Витило“, Антонио Витило, во еден момент вчера го снема од бината. Тоа се случи при потпишувањето на декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области, на италијанско-македонскиот бизнис-форум во хоте��от „Александар палас“.

„Првиот италијански инвеститор, кој реши да гради фабрика во ’Бунарџик‘, вредна десет милиони евра, доживеа незгода. Тој падна од бината при потпишувањето на договорот“, пренесуваат агенциите. „Витило се повлече чекор назад, веројатно да направи повеќе простор за другите присутни лица, но се лизна од работ на бината, висока околу еден метар. За среќа, бизнисменот од Италија мина без повреди. Веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се врати назад на бината“, пишуваат агенциите. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1241 пати.

Испрати коментар

Од: mirce
Датум: 19.05.2010 00:43:23
Kade e Ministerot Vele Samak, ovaa investicija ja pocna Gligor Tashkovich,Vele ke si ja prepise sebesi sigurno. Dosta bese od vakvi nesposobni, vladava treba da si zamine za dobroto na narodot.
Од: stipjanec
Датум: 19.05.2010 06:26:52
Go vidov koga padna kutriot Italjanec. Bese kako za najsmesni video inserti. Site vo salata komentiraa deka ova e los pred-znak za ovaa investicija.
Од: kole
Датум: 19.05.2010 07:19:25
Е навистина јака инвестиција Богати??? Колку Грујо што ќе фрли за два споменика ко од шала, Вие пак на големи звона за инвестицијата во Бунарџик.... Трагично за сите нас, но вистинито.... нели Феликс???
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.05.2010 10:45:10
Добро е што некој повлече нога во инвестициите, макар и со 10 мил евра и работа за 15о луѓе,така ли е Коле.Па ќе се гради хотел од 30 мил.евра, и тука стотина вработени,ситно ама корисно,така ли е Коле.И на крај Коле што е поважно во целава работа падот од бината или што почнаа некој да инвестираат.
Од: b
Датум: 19.05.2010 11:00:20
Го чекам нашиот омилен водач да излезе со целата свита зад него пред камерите да ни го соопшти невидениот успех со инвестицискиот бум ви инвестицискиот рај!
Од: Барокот од нашето минато
Датум: 19.05.2010 12:28:14
10 милиони евра, толку е инвестицијата. Секако дека е подобро било-што одколку ништо. Но, „Грујо & Цо“ да не си прават бизниси со Барокно Скопје во 21. век, досега че можеше да инвестираат во 20 такви фабрики.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.05.2010 14:09:28
Мили мои некадарни, деновиве започнаа работите на инвестицијата ( само една ) тешка ЕДНА МИЛИЈАРДА евра - не кај нас - во Црна Гора.А јас мислев да не започнат да фрчат пари од оние 8 ( осум ) милијарди евра кои ги ветуваше премиерот ни, познат по такви и вакви заебанции како би рекол нашиот народ, а јас би рекол - влечење на народот за нос.

Најди! во Утрински
Економија
Навалицата спласна,ама доларот се' уште интересен
Брисел ни ја пофали претпристапната програма
Тутунарите еден ден се жалат, друг ден се фалат
Младите излегуваат од факултет неспремни за работа
Преку ВИП до половина милион денари
Милијардите за спас стигнаа во Грција