Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Навалицата спласна,ама доларот се' уште интересен

Нема да настрадаат девизните резерви, уверува вицегувернерот Богов

Соња Маџовска

Откако во понеделникот граѓаните вадеа пари од банка за да купуваат долари, вчера состојбата на менувачкиот пазар беше смирена. Малку се зголеми и вредноста на еврото на светските берзи, а падна доларот. И на на��иот пазар имаше мали корекции, па во банките доларот се продаваше по 50,7 денари, а во менувачниците по 50, 4 денари.

„Се бара доларот, но не толку како во понеделникот. Тогаш нагло порасна неговата вредност и сите помислија дека и наредните денови ќе расте. Банките завчера го кренаа доларот, поради неговиот раст на светските берзи, откупот беше голем, а имаше луѓе што вадеа пари од банка за да купуваат долари. Но, вчера се смири состојбата. Инаку, побарувачката за евра е стандардна“, вели Драги Мицковски, претседател на Здружението на приватни менувачници.

Од турбуленциите на светските берзи во однос на најбараните валути, доларот и еврото, Македонија нема да има поголеми последици. Единствено експертите предупредуваа дека може да настрадаат девизните резерви, бидејќи 80 отсто од нив се чуваат во евра.

Но, вчера вицегувернерот Димитар Богов порача дека нивото на девизните резерви не се менува, бидејќи денарот е фиксиран за еврото.

„Не може да има влијание, затоа што ние сме врзани за еврото, односно денарот е фиксиран за еврото, а најголем дел од девизните резерви, околу 80 отсто, се во евра. Во денари не се менува ништо кај нивото на девизните резерви. Единствено се менува кај делот што е во долари и во злато и тоа во корист на пораст на нивото на девизни резерви, кога ќе се претворат во евра, што е поволно за нас. Заклучно со април девизните резерви изнесуваат 1,644 милијарди евра“, изјави вчера за „Утрински весник“ вицегувернерот Димитар Богов.

Од Народна банка на Македонија објаснуваат дека доколку се јави поголема побарувачка за доларот, НБМ може да им продаде на банките ако немаат долари, но тие исклучиво го регулираат менувачкиот пазар со евра.

Македонија нема да има поголеми последици од падот на еврото и јакнењето на доларот и со отплатата на надворешниот долг. Само три отсто од долгот е во долари, а најголемиот дел е во евра и нешто помалку во други валути. Според дел од експертите, тоа може да значи намалување на трошоците при негово сервисирање. Според официјалните податоци од НБМ, бруто надворешниот долг на државата изнесува 3,8 милијарди евра, а само долгот на државата е 1,3 милијарди евра.

Јакнењето на доларот единствено може да удри по цената на нафтата. Експертите велат дека нафтата на светските берзи моментно паѓа. Но, тие објаснуваат дека Регулаторната комисија за енергетика води грижа и за едното и за другото, односно за курсот на доларот и за цената на нафтата на светските берзи. Моментно курсот на доларот расте, но цената на нафтата паѓа.

Падот на еврото и растот на доларот ќе се смират, веруваат експертите. „Европа нема да дозволи да падне вредноста на еврото, посебно не Германија. Еврото ќе почне да се стабилизира, веруваме дека европските земји ќе успеат во тоа. Краткорочно паѓа вредноста на еврото поради случувањата во Грција и стравувањата за состојбите во Шпанија и во Португалија. Не би требало овие движења на падот на еврото и растот на доларот да имаат поголеми реперкусии врз македонската економија“, вели професорот Ванчо Узунов.

Инаку, по средбата на министрите за финансии на еврозоната се оценува дека заедничката европска валута и натаму останува „веродостојна валута“, додавајќи дека цените останале стабилни повеќе од единаесет години, а така ќе биде и во иднина, изјави по состанокот Жан Клод Јункер, премиер на Луксембург и претседавач на одборот на министрите за финансии од еврозоната. Извршниот директор на ММФ, Доминик Штрос Кан, пак, изјави дека Европејците треба да извлечат корист од сегашната криза и да го променат моделот на институциите, со цел да го усовршат еврото. „Еврото денес не е довршено. Доколку Европа сака успешна еврозона, европските лидери треба да го завршат процесот на воведување и доработка на еврото“, нагласи Штрос Кан во интервју за „Евроњуз“. Тој изрази очекување дека Европејците ќе извлечат поука од кризата за да го изменат моделот и да ги обноват европските институции.


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 19.05.2010 00:14:26
Tolku mu bese na dolarot, uste eventualno denar-dva ke se kaci, ke se zadrzi taka izvesno vreme i potoa se ocekuva povtorno paganje.
Од: cistac
Датум: 19.05.2010 10:19:37
dolarot ce raste se dodrka ne se izednaci ,i ne go pomine evroto, 65 denari e realna vrednost na dolarceto,
Од: Petrovski Toni
Датум: 19.05.2010 12:54:47
treba denarot da se vrze za zbirot na evroto i dolarot podeleno na dva a cenata da bide fiksna ili da seodreduva po metodologija vo odnos na ponudata i pobaruvackata

Најди! во Утрински
Економија
„Текнохозе“ е новиот сосед во „Бунарџик“
Брисел ни ја пофали претпристапната програма
Тутунарите еден ден се жалат, друг ден се фалат
Младите излегуваат од факултет неспремни за работа
Преку ВИП до половина милион денари
Милијардите за спас стигнаа во Грција