Преку ВИП до половина милион денари
Домашните програмери ќе можат да се натпреваруваат во изработка на оригинална и иновативна апликација, применлива на телефоните што работат на андроид-платформата преку конкурс, што го објави вчера операторот ВИП. Рокот за доставување на апликациите, кои преку веб-страница можат да ги достават поединци, компании, студенти, ученици, универзитетите и други групи, е 1 август, по што ќе следува оценување и доделување награди во септември. Првата награда е половина милион денари и телефон„ ХТЦ дизајр“, втората 150.000 денари и телефон „ХЦТ легенд“, а третото место ќе го делат останатите одобрени апликации и ќе бидат наградени со „ХЦТ тату“. „Наградените апликации и нивните автори ќе добијат афирмација, а нивните апликации ќе бидат бесплатно инсталирани на андроид-паметните телефони, кои се дел од понудата на операторот ВИП “, информираше на прес-конференција Никола Љушев, главен извршен директор на ВИП. Андроид е нов иновативен систем кој нуди флексибилност и приспособливост, согласно со потребите на корисникот. Платформата може да се надградува и дополнува со нови апликации по избор на корисникот. Поддржана е од поголем број водечки компании. (А.С.) |