Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Тутунарите еден ден се жалат, друг ден се фалат

Дел од нив вчера се сретнаа со министерот за земјоделство,под чија палка почнаа друга песна

Александрија Стевковска

Само еден ден беше доволен за тутунарите што протестираа затоа што завчера не си ги добија парите од премијата од 60 денари за секој предаден килограм тутун од ланската реколта да го смират својот револт и повеќе да не ја обвинуваат власта дека ги излажала. Имено, дел од тутунарите вчера пристигнаа на разговори во Скопје со ресорниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, да се пожалат за доцнењето на субвенциите, па под негова диригентска палка почнаа да пеат друга песна. По средбата со Димовски, тие изјавија дека се прездадоволни од сумата што за издвојува државата годинава за субвенции, но и од исплатата, за која до завчера се жалеа.

„Првпат можеме да кажеме дека сме задоволни од откупните цени и од поволната процена на квалитетот. Мора да бидеме реални и да признаеме дека субвенциите што годинава ги издејствуваа земјоделците од државата се на задоволително ниво. Постигнавме околу 200 денари за килограм предадено количество, за кое добиваме плус 60 денари поддршка. Тоа ќе ни овозможи да ги покриеме производните трошоци“, изјави по средбата Данчо Мировски од Здружението на тутунари - Прилеп.

Според Мировски, во 2005 година откупната цена на тутунот се движела од минимални 70 до 100 денари, без давање никакви стимулации. Годинава производителите ќе се офајдат со вкупно 23 милиони евра, што ги стимулира земјоделците да ги шират површините под тутун.

„Со финансиската поддршка, просечната откупна цена ќе се зголеми на 225 денари или повеќе од четири евра за килограм. Затоа наредната сезона очекуваме зголемување на површините под тутун за 20 до 25 отсто“, истакна Мировски.

Исплатата на субвенциите започнала завчера за родот предаден во „Центро табак“ - Велес, „Тутунски комбинат“ - Прилеп, „Центро табак“ - Велес, „Алијанса“ - Кавадарци, а прод��лжи вчера за откупениот од „Далија табак“ -Делчево, „Сокомак“ - Битола и „Струмица табак“ - Струмица.

Тутунарите очекуваат парите да ги добијат за неколку дена. Досега некои од нив веќе ги подигнале. Вкупно 26.000 тутунари ќе добијат 1,39 милијарди денари.

Производството на тутун минатата година достигна 19.500 тони, што е речиси 20 отсто повеќе од евидентираното во производната година 2007/2008. Откупот почна во ноември лани, еден месец порано од вообичаениот рок и течеше без проблеми. Се реализираа склучени 37.784 договори. Цените за прва, втора и трета „а“ класа беа зголемени за три до осум отсто во однос на претходната реколта. Во Македонија околу 70 отсто од површините засадени со индустриски култури отпаѓаат на тутунот. Од вкупниот извоз во земјоделството, тутунот учествува со 43 проценти. Експертите порачуваат државата и натаму да ја стимулира оваа стопанска гранка.


#
Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар

Од: stevce
Датум: 19.05.2010 04:18:09
Sho ochekuvate od gladnite zemjodelci,Ili ministerot im se zakanil ili im vrzal po nkoj shamar taka da tie nalevo krug i doma.Koga tie shto ja imaat silata vo svoi race a toa se intelektualcite i studentite se pretvorija vo machinja koi predat sho ke ochekuvame od zemjodelcite
Од: Arhi Brigadir
Датум: 19.05.2010 09:14:50
Типично македонска работа за која имаме и поговорка. Ќе ти дадат прст, ќе му земеш цела рака. Ударна вест беше на А1 телевизија дека неколку часа доцнела исплатата, пазете неколку часа! И удри по владата нормално... Страшна работа..
Од: Oliver
Датум: 19.05.2010 09:46:45
ne peat druga pesna tuku ja kazuvaat vistinata i dobro pametat koj gi lazese
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.05.2010 10:01:37
Уф,УФ,УФ колку разочарувачко стигнаа парите за субвенции.И види мајката субвенцијата сегашна иста колку и откупната цена своевремено кога виножитните беа на власт,или математички 3-4 пати поголема откупна цена сега за разлика од тогаш.Ајде да ги видиме вчерашните виножитни коментатори,како сега ќе реагираат.Дали ќе го потиснат Павловиот рефлекс во себе или воопшто нема да се јават.
Од: mira
Датум: 19.05.2010 12:03:21
Замислете 22 милиона за субвенции на тутунарите!!! Има ли за наука барем пола од тоа? И јас сакам субвенции!

Најди! во Утрински
Економија
Навалицата спласна,ама доларот се' уште интересен
„Текнохозе“ е новиот сосед во „Бунарџик“
Брисел ни ја пофали претпристапната програма
Младите излегуваат од факултет неспремни за работа
Преку ВИП до половина милион денари
Милијардите за спас стигнаа во Грција