Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Брисел ни ја пофали претпристапната програма

Претпристапната економска програма за Македонија 2010-2012, што вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја презентираше во Брисел на состанокот на министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите-кандидати за членство, е оценета како позитивна.

Министрите за финансии на земјите-членки на Унијата оценија дека Македонија многу успешно се справила со светската економска криза, остварувајќи добри резултати во однос на БДП и тековната сметка на платниот биланс. Фискалната политика со задржувањето на низок буџетски дефицит од 2,7 отсто и монетарната политика се оценети за квалитетни и добро дизајнирани за услови на криза.

Македонија во 2010 година се очекува да оствари раст од 2 отсто, а во 2011 година тој да се зголеми на 3,5 проценти.

„Продолжувањето на спроведувањето на структурните реформи за подобрување на бизнис-климата и квалитетот на јавната администрација се клучни предуслови за реализација на европската реформска агенда во следниот среднорочен период“, изјави вицепремиерот Ставрески во Брисел.

Состанокот се одржа на маргините на Самитот за економски и финансиски прашања што вчера и денеска се одржува во Советот на Европската унија во Брисел. (МИА)


#
Статијата е прочитана 605 пати.

Испрати комента��

Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.05.2010 10:50:10
Види богати пак странците гледаат поинаку кон Македонија за разлика од домашниве едно чудо експерти.Ни ја фалат предпристапната економска програма,па не фалат од ММФ и Светска банка за справување со економската криза,па ЕБОРД ни прогнозира најголем раст на БДП во Југоисточ��а Европа се надевам уште вакви однесувања на странците.
Од: сеирџија
Датум: 19.05.2010 13:24:13
Tolku falbi, a ministerot za finansii ne uspea da ja prodade evroobvrznicata. E, kako toa? So tolku falena predpristapna programa za EU mora da e problemot vo ministerot za finansii. Na tolku falbi, stranskive investitori, namesto da se istepaat koj poprvo ke ja kupi evroobvrznicata, tie nisto, sram da im e.... Falbite ke traat dodeka konecno ne im stane jasno na strancive deka problemot so imeto Gruevski nema da go resi, posle falbite ke prestanat. Go znaes ti toa, neli Feliks......

Најди! во Утрински
Економија
Навалицата спласна,ама доларот се' уште интересен
„Текнохозе“ е новиот сосед во „Бунарџик“
Тутунарите еден ден се жалат, друг ден се фалат
Младите излегуваат од факултет неспремни за работа
Преку ВИП до половина милион денари
Милијардите за спас стигнаа во Грција