Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Малолетник нападнал полицаец со нож

Петнаесетгодишник кој полицијата го барала по потерница нападнал полицаец и со нож му ја расекол дланката. Инцидентот се случи во Штип кога полицијата го пронашла момчето кое пред десетина дена побегнало од Воспитно-поправниот дом за малолетници, лоциран кај затворот во Шутка.

Кога полицијата го пронашла во градот, малолетникот ги замолил да појде до неговиот дом за да земе со себе неколку лични предмети. „На полицајците им рекол дека има оставено торба со алишта под кревет, која треба да ја земе и тие му ја ослободиле едната рака. Но, момчето тогаш извадило нож и го расекло едниот полицаец по дланката“, вели портпаролката на СВР - Штип Снежана Санева. Малолетникот бил совладан од полицијата и вратен во ВП-домот во Скопје. Според полицијата, станува збор за момче со дебело криминално досие со тешки кражби и разбојништва. Тој во ВП-домот се наоѓал од минатата година, а треба да издржува воспитна мерка во траење до пет години. Според информации од ВП-домот, од оваа институција годинава се регистрирани педесетина бегства на малолетници, од кои дел се вратени назад. Моментално десетина малолетници се во бегство. (Х.Р.)


Статијата е прочитана 668 пати.

Испрати коментар

Од: dimitar
Датум: 12.10.2008 09:50:04
Такви треба да се стрелаат.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Доктор осуден на осум месеци затвор за мито
Татко го врзувал синот со синџир за да не побегне
Тинејџерката од Прилеп излезе од болница и пак се фрла под автобус
Загина работник по пад од скеле
Во Тирана се кријат 500 криминалци
Момчиња крвнички претепани со пендреци
Инспекторка сведочеше за Красниќи