Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Загина работник по пад од скеле

ВЕЛЕС - Градежен работник загина по пад од скеле, при изградба на куќа во населбата Речани кај Велес. Несреќата се случи завчера додека Стојко Тодоровски работел на изградба на станбениот објект. Во еден момент паднал од скелето високо шест метри и се здобил со тешки повреди. Неговите колеги веднаш повикале Брза помош по што повредениот градежен работник бил пренесен на Хируршкото одделение во велешката болница.

,,Има скршеници на главата, на коските на черепот и бутната коска. Пациентот беше во коматозна состојба, го реанимиравме и во придружба со доктор веднаш го пративме за Скопје, бидејќи сериозно му беше загрозен животот“, вели примариус д-р Филип Тодоровски, специјалист по трауматологија. Од Ургентниот центар во Скопје велат дека пациентот бил донесен во многу тешка состојба. Се обиделе да му помогнат, но тој по два часа им подлегнал на повредите. (С.Н.Ќ.)


Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Доктор осуден на осум месеци затвор за мито
Татко го врзувал синот со синџир за да не побегне
Тинејџерката од Прилеп излезе од болница и пак се фрла под автобус
Во Тирана се кријат 500 криминалци
Момчиња крвнички претепани со пендреци
Малолетник нападнал полицаец со нож
Инспекторка сведочеше за Красниќи