Политичките балкански елити и во 21 век останаа заробеници на историјата
Ерол Ризаов
Европската унија повторно се соочи со балканските национализми. Најглупавиот меѓународен правен спор во поновата историја на светот меѓу Грција и Македонија не мрдна од мртва точка ни по 17 години, а веќе избувна нов излив на балканштината. Дали навистина Словенија им залепи жешка шлаканица на Хрватска и на Европската унија. Или, пак, оправдано го искористи своето право да ги брани националните интереси кога има добра позиција.
Тоа е најновиот балкански спор. А најстариот е меѓу Турција и Грција за Кипар. На повидок се нови блокади меѓу Хрватска и Србија, меѓу Србија и Косово, меѓу Хрватска и Црна Гора, меѓу Македонија и Бугарија, меѓу Косово и Македонија, меѓу Албанија и Србија и меѓу Грција и Турција, Кипар и Турција, меѓу Хрватска и БиХ, Србија и БиХ, Србија и Црна Гора.
Дали постои реална опасност Европа да се балканизира? Да. Ако Европа не преземе решителна и широка дипломатска акција - европски Балкан.
Сите овие земји стратегиски се определени за влез во ЕУ. Некои од нив се членки на НАТО и на Унијата, а некои се во завршни преговори или кандидати за членство, меѓу нив има кои допрва ќе се кандидираат за ЕУ. Но, токму членството е извор на нестабилноста во регионот и на влошување на односите меѓу соседите, но и на поттикнување на национализмот, што Европа ја прави прилично немоќна и конфузна.
Апсурдно, но најголем адут на балканските членки во ЕУ и НАТО се токму основачките определби на овие асоцијации и загарантираната солидарност по секоја цена, особено кон земјите кои не се членки. Ваквата позиција допрва ќе се злоупотребува на секое проширување, оти на сите на Балканот и во Европа им е јасно кои се' пречки пак ќе се појават меѓу невлезените земји. Иако повеќето од нив се основачи на Југославија, и живееле заедно повеќе од 70 години во една држава, иако сите тие се формираат како национални држави во 19 и 20 век по распаѓањето на Отоманската Империја, сепак, начинот на кој се распадна и Османлиското Царство и Југославија, остави длабоки лузни, нерасчистени прашања и неплатени сметки. Балканските политички елити и во 21 век останаа заробеници на историјата која е, се чини, најидеологизирана и најфалсификувана токму овде. Генерации граѓани во целиот регион се воспитувани во дух на меѓусебна омраза и непријателство. Различните општествено-политички системи, режими, пропаганди и лошото образование направија пустош во свеста на граѓаните на Балканот.
Европската унија се покажа прилично наивна и немоќна во решавањето на балканските кавги. Колку и да бега од тоа прашање, на Европа и' претстои долга и мачна дипломатска мисија, бидејќи зад сите овие блокади и спорови, всушност, стои шовинизам и примитивен национализам, страст и емоции и најмногу политичка манипулација. Решението можат да го најдат единствено Германија и Франција. Само оската Берлин - Париз ја има таа сила да може да ги смири разузданите балкански лидери кои сеат национализам. За жал, Европа се' уште цврсто стои на својот став дека треба одделно да се решаваат сите спорови и блокади и одделно да се анализираат постигањата на секоја држава на европскиот пат, и државите сами да ги средуваат своите соседски односи така што при влезот во ЕУ да не ги пренесат своите балкански проблеми и фрустрации. Тоа е речиси неможно. Меѓутоа, историските закономерности налагаат дека еден ден сите балкански земји што имаат нерасчистени односи и проблеми да бидат принудени да седнат заедно со ЕУ на преговарачка маса и да ги утврдат патиштата за решавање на споровите и да ги соопштат отстапките кои се подготвени да ги направат. Без отстапки овие спорови се нерешливи. Европа ќе го направи тоа кога ќе види дека е прескапа сметката од балканската крчма. Тој јазик таа го разбира најдобро. Друго решение не постои.
Во ваква можна разврска Македонија мора да открие многу понеповолно решение отколку преговорите да се одвиваат под закрилата на Обединетите нации. Како што стојат сега работите, лесно може да се случи преговорите во ОН брзо да завршат како нерешливи. Во таков случај, ако на пример Македонија биде принудена да седне на заедничка маса со Грција да се договорат сите детали со гаранција на европските велесили Франција и Германија решението е можно, но сигурно тоа нема да биде подобро од предлозите на Нимиц и на ОН. Вмешувањето на Париз и Берлин повеќе ќе и' помогне на Грција, Хрватска и на Словенија отколку на Македонија.
Поимот балканизација е применет и на Хрватска и на Словенија затоа што она што до вчера беше маргинален проблем во односите меѓу двете земји сега е предмет на свети права и неотуѓив национален интерес. „Во таква атмосфера каде што царува балканштината никаков национален политички излез не е возможен“, пишува деновиве во „Нови лист“ еден од познатите хрватски колумнисти Дамир Грубиша. Рачан и Дрновшек, двајцата сега веќе покојни политички лидери, наивно веруваа дека водат модерни европски нации и затоа направија компромис во кој Хрватска се откажа од суверенитетот над мала морска површина што ќе биде и онака безначајно по нејзиното членство во ЕУ, за да добие сигурна копнена граница, враќање на парите на граѓаните на Хрватска од Љубљанска банка и решавање на спорот за нуклеарната електрана „Кршко“.
Таквата „спогодба“, меѓутоа, се покажа како погрешна Рачанова процена на домашната ситуација. Нетранспарентното преговарање резултираше со политичка манипулација со граѓаните, што успешно ја заврши опозицијата тогаш на чело со денешниот премиер Санадер. Со помош на „сељаците“, пишува Грубиша, опозицијата го урна договорот меѓу Рачан и Дрновшек, а Рачан го прикажа како предавник на националните интереси. Покрај се', Рачан во овој случај одеше со тоа Хрватска најмногу да добие, а истовремено најмалку да изгуби. Во замена за неколку квадратни километри море, Хрватска можеше да добие сигурна копнена граница, враќање на парите на штедачите на Љубљанска банка, разрешување на проблемот со набавка на струја од „Кршко“. На крајот, владата на Рачан капитулираше пред изманипулираниот национализам, а последните години се поиграа и разните словенечки влади, пот��икнувајќи го својот национализам како одговор на хрватскиот. Така, во заемна ескалација на хрватскиот и на словенечкиот национализам пропаднаа сите надежи двете земји да можат мирољубиво да се договорат за проблемите што ги мачат.
Дали ова што се случува на релација Словенија - Хрватска не ни е добро познато. Словенија и Хрватска, Македонија и Грција. Кои се сличностите и кои се разликите. Рачан се обидел да направи компромис со Дрновшек, а Македонија со Грција постигнаа договор да нема пречки на патот кон Европа. Тоа е Спогодбата од Њујорк. Дрновшек и Рачан не успеаја да ја потпишат спогодбата и таа пропадна под наезда на национализмите. Грција и Македонија ја потпишаа Спогодбата, но таа не се применува пак под наезда на национализмот. Европската унија ја притиска повеќе сега Словенија, својата членка, отколку Хрватска кандидат за членка. Кај нас е обратно. Брисел ја притиска Македонија и само Македонија, додека се' уште јавно не изрекла ниту еден збор на осуда или нешто што може да се доживее како притисок на грчкиот национализам и грчките блокади кои се постојани.
Еве еден мошне илустративен случај како резонираат европските политичари. Неодамна во Брисел се одржа средба на десничарските лидери на ЕУ, или како што нашите нови партиски теоретичари заговараат на конзервативните или демохристијанските партии. На таа средба беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На средбата се донесе резолуција со поддршка на Хрватска и на владата на Санадер во спорот со Словенија. Од Брисел не дојде вест што Груевски кажал и дали нешто кажал таму. Не се пофали ни самиот како што знае. Тој е многу гласен само во Македонија. А и во Македонија знае да одмолчи ако му е гостин бугарскиот премиер Станишев. А можеше Груевски во Брисел да изусти: „А ние, ќе има ли резолуција за Македонија“. Можеше и на Станишев, барем во шега, да му дофрли што се плашат од некој како ОМО „Илинден“. Чуму толку страв од безопасни и непопуларни. Сигурно има зошто. Стравуваат. Знае добро Станишев, а знае и Груевски. А знаеме и ние.
Хрватска, вели Дамир Грубиша, не ги препозна словенечките фрустрации поради нејзината приклештена положба меѓу два поморски џина, како што се Италија и Хрватска. Словенија, пак, не ја препозна хрватската фрустрација на загрозеност поради препуштање на суверенитетот на делот на територијата на море и не го откри разорниот потенцијал на тоа чувство, па сето тоа се собра во еден амалгам во кој хрватскиот и словенечкиот национализам се потхрануваат еден со друг, а политичарите стравуваат да го прекинат тоа врзивно коло на национализам. Кај нас е речиси сосема исто, но има и значајни разлики.
Грција не ја препозна македонската фрустрација од историските наслојки. Грција никогаш не ја разбра болката од поделбата по живо ткиво на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија по Балканските војни. Наместо да подаде рака на добрососедство, бидејќи Македонија не претставува никаква опасност за Грција, грчките политичари наметнаа спор што не постоеше и кој е тешко објаснив не само во меѓународното право туку воопшто во современата светска историја. Грција не го признава името Република Македонија кое суштински се разликува од географскиот поим Македонија. Географската област Македонија уште од античката историја не е исто што и државата Република Македонија формирана на Илинден 1944. Република Македонија е единствена држава во светот која го носи тоа име 64 години. Грција бегаше дури и од географскиот поим Македонија до 1988 година, до кога имаше посебно Министерство за северна Грција и Тракија. Поимот Македонија во Грција беше дотогаш речиси забранет за употреба.
Македонија, пак, не го препозна грчкиот комплекс на повисока вредност кој произлегува од чувството на единствен наследник во светот на античката историја, па си дозволи неколку беспричински провокации со знамето од Вергина и со именувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“ и со тужба во Хаг. Македонија не го препозна во Грција стравот од македонското малцинство, од враќање на имотите на протераните од Граѓанската војна. Наместо оваа фаза да ја остави за решавање како неотуѓиво право, како членка на НАТО и ЕУ, во еден сосема поинаков европски амбиент, Груевски го отвори ова болно прашање за дневнополитички потреби.
Грција не ја препозна опасноста во Македонија од повампирување на провинцијализмот и примитивизмот. Грчкиот шовинизам го предизвика македонскиот национа��изам кој отиде дотаму да создаде амбиент на срам од најсилните заштитници на националниот идентитет низ историјата, словенството и сесловенската писменост. Затоа, Гане Тодоровски на сет глас лелека во МАНУ. Сто години од Кочо Рацин во празна сала. Сигурно ќе биде празна за Рацин, оти каде оди вождот, таму одат сите. Да беседеше Гане за 2.300 години пред Христа, за раѓањето на Букефал, и влијанието на коњот на Александар Македонски врз македонскиот национален идентитет, МАНУ ќе беше претесна да ги прими сите пациенти. Вака за основачот на современата македонска литература, Рацин, доволни се неколку академици, Глигоров и еден владика.
Македонија ја нема позицијата ни на Хрватска, ни на Словенија, за да може брзо да му соопштува на светот какви се опструкциите на Грција. Грчките политичари јавно соопштуваат дека се бара заеднички прифатливо решение за двете страни. Кое е тоа заеднички прифатливо решени - Грција не сака да соопшти. Веројатно, работи на тоа Македонија да ја нема. Да се подели. Македонските политичари и' помагаат во тоа, бидејќи немаат капацитет да ја изнесат Грција на чистина и да кажат до каде, пак, оди нивниот компромис. Грција, наводно, бара географска одредница, а Македонија стравува од името „северна Македонија“ или од „Република Македонија-Скопје“ за да не го изгуби идентитетот. Тие што можат така да го изгубат идентитетот, веројатно немаат идентитет. Македонскиот народ за време на целиот среден век не го изгуби идентитетот иако беше под туѓо владеење со векови и без држава. „Кандилцата со иконите на свети Климент и македонскиот јазик ја одржаа македонската нација низ вековите“, велеше Блаже Конески, основачот на современиот македонски јазик. Но, кој денеска, освен грст писатели и академици, го есапи него. Што е тој спрема паганот Филип Втори.
Што ќе се случува понатаму на Балканот. Се разбира дека Европската унија би можела да одигра клучна улога ако навистина сака да го направи тоа. Но, не е доволно во тоа да се ангажираат само француското претседателство и Саркози. Саркози има двојни аршини, како и сите европски политичари. Тој навистина покажува добра волја да се дојде до нужен компромис и да се одблокира ситуацијата со Хрватска и со Словенија, и тоа најверојатно бргу ќе се случи, но затоа, пак, за спорот меѓу Грција и Македонија има недвојбен јасен став дека Франција секогаш ќе стои зад Грција. Оттаму и ќе произлезе предлогот дека е неопходен договор на оската Париз-Берлин и многу поголем ангажман на Германија, која заедно со Франција може да ги натера сите земји од Балканот да седнат заедно со ЕУ на преговарачка маса и да ги утврдат патиштата како ќе ги решат споровите. Тогаш, краставите жаби на колегата Зоран Дограмаџиев, што ги предлагаше да ги голтнеме веднаш, ќе бидат многу потешки за сите, особено непријатни за нас. Повторувам, за Македонија е подобро да се реши проблемот со името во ОН пред да дојде до вмешување на европските велесили. Никој не може долгорочно да ги запре ниту Хрватска, ниту Македонија на патот кон Европската унија освен тие самите. Без разлика што и Словенија и Грција за своите вета ќе сносат последици. Разликата е во тоа што за Хрватска има други аршини во ЕУ и таа бргу ќе стаса до рамноправно членство. Македонија ќе почека уште долго. За Македонија има други мерила, се разбира, ако не покаже подготвеност за разумен компромис. На македонските политички елити е одговорноста. Како да влеземе во евроатлантскиот клуб и да си ја спасиме иднината.
Во секој случај, и Грција, и Македонија, и Хрватска, и Словенија, а кон нив ќе се придружат и Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, БиХ, пред европската јавност ќе ја заработат репутацијата на мали кавгаџиски држави кои се' уште се далеку за да знаат сами да најдат излез од меѓусебните кавги и проблеми. Сето тоа на подолга патека изгледа бесмислено и сосема маргинално за светот што заглави во својата најголема економска криза. За Македонија и за Хрватска во овој момент тоа е судбинско прашање кое политичките елити и на Хрватска, и на Словенија, и на Македонија, и на Грција не се во состојба сами да го решат. За Македонија има една дополнителна тешкотија. Таа е најсиромашна не само од оваа четворка туку меѓу најсиромашните во Европа. Секое одолжување на нејзиниот евроатлантски статус е дополнителна беда. Македонските политички лидери можат уште долго да јаваат на достоинството и гордоста, на патриотизмот и национализмот, но ако и по пет, десет години ни го понудат истото решение како и денес - ќе завршат на суд. Ако не бидат обвинети за велепредавство, тогаш сигурно за намерно банкротство на државата и невидена сиромаштија.
Се знае кои ќе бидат тогаш најголемите критичари и кои ќе бараат најостри казни.
Тие што денес ја фалат власта и пеат оди. Тоа се нашите луѓе за сите времиња.
интересна статија, но не се согласувам со делот кога прашањето на имотите на македонците од Егејска Македонија се прикажани како некоја политичка игра од Груевски. Напротив требаше одамна да се покрени тоа прашање, па се лутела Грција или не. Од едноставна причина што Грција сака главна придобивка во спорот со името да и биде трајно затворање на македонското малцинство и неговите имоти. Ако унапред и се оневозможи таа придобивка на Грција, едноставно ќе им се намали и вољата да не победат за името по секоја цена, зашто и сами знаат тоа би била пирова победа за нив. Што ќе им е името ако македонците таму добијат малцински права и слобода да си се викаат македонци и да си ги имаат своите имоти?
Размислете си сами, како македонци а не како членови на партии!
Од: свето
Датум: 25.12.2008 01:00:22
Одлична анализа и конструктивна само-критика. Нема потреба од мавање со македонштини и чукање у граден кош ко шо праат младичиве од Илинденска бб за да се докаже патриотизмот наш насушен. Добра политолошка лекција гос'н Ризаов, по-здрав до тебе.
Од: dedo dimo
Датум: 25.12.2008 02:06:39
Jas se slozuvam vo nekoi rabori so novinarot. Da Balkanot e problem a i narodite na Balkanot .No segs da go potsetam novinarot ,kojgi stvori problemite na Balkanot A i vo celiot svet .ENGLESKA .FRANCIJA .GEMANIJA .SPANIJA .PORTUGALIJA .USA ITALIJA .TURCIJA i RUSIJA .Znaci shest zemji se chlenki na EU .Pogledajte ovie zemji kolku shteta napravija ne samo na Balkanot tuku preku cel SVET.Ne se zanesuvajte mnogu EU eden den kako i drugite sojuznistva ke propadni . Pogledajte vo minato JUGOSLAVIJA ,USSR .AUSTRO_UNGARIJA ,RIMSKATA IMPERIJA MAKEDONSKOTO KRALSTVO , PERSIJA i red drugi ,seto toa e samo istorija i vo mnozinstvo ne pozelna .Mojae mislenje e chuvajte shto e nashe ,ako go izgubite ,nikogash poveke nema da go imate .
Од: Markos
Датум: 25.12.2008 02:08:23
Golemo bravo za g. Rizaov - za izvonrednoto sogleduvanje na sostojbite na Balkanot. Spomnuvanje "dvojni aršini" ne e od vajda, taka e odsekogaš. Latinskata "Ona što mu e pozvoleno na gospod Jupiter ne mu e i na volot" i ovde e primenliva.Vpročem, možete li da zamislite kako Slovenija ja "blokira" edna Germanija? A dva aršina k'e bidat i za Makedonija i Srbija, zatoa što e vtorata poznačitelna zemja. Ali tokmu vakvata realnost bara koncentarcija na pamet vo državata, koja k'e ovozmoži produktivni odluki i postapki, koi k'e ja nadminat nezinata golemina - kako Dubrovničkata republika nekogaš.
Од: Apostol
Датум: 25.12.2008 03:25:00
Majstorsko ukazuvanje na korenite i postoenjeto na balkanskite nacinalizmi i sovinizmi, kako i nivnoto dejstvuvanje i stetnosta od niv za idninata na site na Balkanot. Za zal, ocigledno e deka tie ce ziveat uste dolgo vreme, kako kaj drugite taka i kaj nas.Kako sto veli avtorot: ..."postoi pustos vo svesta na gradjaninot", a znaeme deka taa, svesta, najbavno se menuva. Za nesreca so takva pustos vo svesta doadjaat ludje da rakovodat so drzavnite raboti. Od tuka, sekako deka ce zeme vreme site ovie (seuste neintegrirani) siromasni drzavicki od Balkanot da stanat clenovi na EU. Dodeka ne se pobedi primitivizmot, manipulacijata na gradjanite so istorijata, perenjeto na mozocite itn, ce nema svetla idnina i opustenost na gradjanite. Sekako deka kako osnova na ova treba da bide silno stopanstvo, razvieni ekonomski odnosi i povisok zivoten standard. Potreben e nov impuls na Balkanot kaj site drzavicki.Impuls koj ce znaci nova formula, (so novi ludje) koja bezbolno za site ce resava.
Од: sulejman
Датум: 25.12.2008 04:14:25
pa sto pravese politickata elita (skapanici) dosega...17 godini cekavem kirce i nemu slicnite da si igraat so Makedonija, pa sega ni e kriva 'Evropa'. Ni edna politicka partija ne zasluzila da ja vodi taa zemja.
Se uste nema izgradeno 'drzavna strategija' kako Makedonija treba se izbori na dolg rok za ona sto i sledi vo taa mocliva Evropa. Makedonija treba da diktira a ne da slusa drug (Grciaj, Ceska) da i kazuva sto treba da se pravi. Ignorirajte ja Evropa ne barajte vlez ni vo nea ni vo NATO. Ne vi trebaat. Napravete nacionalizacija na site Grcki kompanii i zatvorete ja granicata - uspehot sam ke dojde
Од: dragan
Датум: 25.12.2008 07:28:01
ne ja razbiram statijava, dali treba da si smenime se sto e makedonsko ??? toa li saka novinarot da kaze?? pa na koj ne mu se dopadja , neka si odi , vratata se otvoreni , nikoj nikogo ne go e prisilil da zivee tuka. A vo evropa koga ce vlezeme , med i mleko ce bide ha ha ha .... nego da se najdat nekoi na rabota da pishuvaat nesto .
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 25.12.2008 07:38:18
Е, мој гоесподине ,,Крис,, немате појма колку е во право авторот Ерол. Малиот Далтон со покренувањето на оваа прашање и тужбата пред мегународниот суд ги закопа преговорите, А од друга страна скоро сите ,,сиромшни и јадни жители кои смислено си ги плачка по принципот ,,ќе ти дадам еден денар а од друга страна со ,,харачот,, кој го наметнува скоро секој ден ќе ти зема два денари. Е. за да го заборавиш тоа, во каква сиромаштија живееш, колку си беспомошен, колку те притиска стравот кој секогаш ти висе над глава како секира, Е ЗАТОА СО ТАКВИТЕ И СЛИЧНИ ПОТЕЗИ те тера да се осекаш, голем , горд ,,патриот,, кој влече корени уште од ФИЛИП МАКЕДОНСКИ. Инаку и тезата дека ако Грција им ги врати имотите на Бегалците фактички ќе не признае ,,МАЛО МОРГЕН,, поставете ги работите обратно, па ќе видете колку не сте во право . Не се живее од чукање во гради.
Од: Мислител
Датум: 25.12.2008 07:41:02
На Македонија и требаат херои, а ако тие херои не можеме да ги најдеме во сегашноста тогаш треба да ги побараме во минатото.
Не знам што ви смета толку А. Македонски. Тоа што немало луѓе кај Кочо Рацин сигурно не е крив тој ниту Македонскиот народ, туку организаторите. Сметам дека македонија треба достоинствено да влезе во ЕУ и НАТО, доста ни беа понижувања, јас сакам ако треба ќе почекам уште некоја година, ама таму кога ќе влезам да влезам со исправена глава и гордо.
Поздрав до сите.
Од: john
Датум: 25.12.2008 07:46:59
Поимот Македонија во Грција беше дотогаш речиси забранет за употреба. xa,xa,xa.
Од: Todor
Датум: 25.12.2008 08:36:47
Za balkanecot sekoja druga etnichka grupa ili politichka partija e potencijalen neprijatel, shto treba da se unishti, pred taa nego da go unishti.
Од: pameten
Датум: 25.12.2008 09:23:31
Грција никогаш не ја разбра болката од поделбата по живо ткиво на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија по Балканските војни.
Promocijata na ovoj mit e katastrofalma! Zhivoto tkivo na MAKEDONIJA!
Togash prosto namalo Makedonija vo smislata za koja shto denes zboruvame. Nashite borci se borele za sloboda na site nezadovolni elementi vo Makedonija i Odrinsko. Za nekoi sonot bil da se pripojat kon Bugarija, za drugi ne! Proteruvanjeto na Bugarite od Odrinsko po Vtorata Balkanska vojna e istata tragedija kako proteruvanjeto na istite kako niv od Egejska Makedonija! A frustracijata e postara, od podelbata na Berlinskiot kongres!
Од: Bore
Датум: 25.12.2008 10:47:35
interesno - Bugarija samo ednas ja ima spomeneto. Dali Bugarija ima konflikt so Makedonija ili Makedonija sama si kreira vragovi?
Од: petar
Датум: 25.12.2008 12:24:16
EVROPA BEZ GRANICI glasi sloganot pa zosto tolku se trudat da ne razgranicat da ne unistat da ne nateraat da se mrazime bozem ke ziveeme so zelkite zosto evropa se plasi da ne pribere vo neizinata pazuva na sigurnosta ili i samata ne znae kolku e nesigurna samata ne znae dali ke opstane koga ne opstana JUGOSLAVIJA nema sansi za evropa zatoa sto e vo pogolema forma od od nerazbrani sustestva i korumpirani dijanii so zelba da vladee da se bidi nad sekogo zarem ke si dozvoli EU nekogas Makedonija da bide presedavac soEU toa ke bide krah na svetot vo coporot na hijenite da vladee vrapceto zarem ne se priblizija premnogu i uste ne sme svesni deka ni se blizi krajot site crvje i pijavici se zakaceni samo treba ognot da se zapali
Од: Dr. Mihail Sorko , Ohrid.
Датум: 25.12.2008 14:48:10
" Vo politikata VISTINATA ke poceka dodeka nekomu ne mu stane POTREBNA ." Tomas Garrigue MASARYK 1850 - 1937 g ceski filozof , politicar i drzavnik .
Од: don kihot
Датум: 25.12.2008 15:04:38
Balkanskata taka narecena "politicka elita", ne dozvoli na narodot da gi dopre Evropskiot ideal.Mesto toa, taa elita se zaglavi vo natrupanite politicki i istoriski ostavstvini od nekoe dalecno vreme.Po ova se postavuva prasanjeto na nivnata politicka odgovornost pret ostatokot na Evropa i nivniot legitimitet kako politicari voopsto.Evropa trgna po patot na pomiruvanje, prostuvanje podavanje raka, ostavajki go zat sebe se sto pretstavuvase istoriska precka i se trgna zaedno vo interes na narodite koi sega ziveat vo taa Unija, za niven podobar zivot.A na balkanite se vide kolku imame kapacitet toa da go svarime, i da se priklucime vo ostanatiot porazvien Svet.Treba da pomine vreme tvrdite i vzesteni Balkanski glavi da se oladat, a do togas ke propaseme treva...
Од: Prosveten
Датум: 25.12.2008 15:46:21
Najgemi dve zabluda sto si gi sozdavame se slednive:
1. Vo Grcija do osumdesetite godini recisi e zabranet terminot Makeodnija. Ova apsolutno ne e tocno i e mit koj samite si go sozdavame. Onie sto se borele za grckata kauza vo Egejska Makeodnijs ili Sevrena grcija kako sakate gcite gi vikaat Makedonomahi (ne zasto se borele protiv Makedonci, tuku zasto se borele za Makedonija - normalno od nivna gledna tocka) i
2. Ova e najvaznoto - Makedonija vo etnicki granici NIKOGAS ne postoela kako drzava! I kakvi fantazmi si pravime so "ni zemale del"... KOj del be? Vo Makeodnija etnicka najgolem broj imalo Turci, a vo Solun Evrei. Vo gradovite najgolem broj bile Grci, a po selata Makedonci i Bugari. Kako sakate. A romanticarskite karti so golema Makeodnija se od ist tip kako i romanticarskite karti za golema Grcija, Bugarija ili Albanija. Makeodnija e kompleksen poim, i vreme e da se pogledne na realnosta vo oci, a ne onaka kako na nas ni cini.
Од: kole
Датум: 25.12.2008 16:09:59
Prosveten:Vo gradovite najgolem broj bile Grci, a po selata Makedonci i Bugari. kakvi Makedonci i Bugari! Dali nekoi sboruvele, nie sme Makedonci, sosedite se Bugari. Ili imalo Bugarski sela i Makedonski sela. (kako imalo Bugarski sela i Srpski sela?) Bugari i Makedonci togash se odnesuvale kako Kosovari i Albanci.
Од: Hunza
Датум: 25.12.2008 16:27:32
Kon seto ona sto go kazuvaat Pameten i Prosveten jas bi dodal uste slednovo: Nekoi vo Skopje moze i da veruvaat deka Grcka Makedonija i Bugarska Makedonija nekako i pripagjale na Republika Makedonija (naslednica na Srpska Makedonija), no ednostavno nema sansa takvi mitove i zabludi da bidat nametnati nadvor od zemjava (pa i ne ni na makedonskite Albanci koi dobro ja znaat istorijata, nivnata i na sosedite).
Од: gragjanin
Датум: 25.12.2008 16:40:35
Velite: " Саркози има двојни аршини, како и сите европски политичари. Тој навистина покажува добра волја да се дојде до нужен компромис и да се одблокира ситуацијата со Хрватска и со Словенија, и тоа најверојатно бргу ќе се случи, но затоа, пак, за спорот меѓу Грција и Македонија има недвојбен јасен став дека Франција секогаш ќе стои зад Грција." Ako ovaa konstatacija e NESOBORLIV FAKT togash shto treba da napravi nasheto rakovodstvo za da ne vnese vo NATO i EU? Da prodolzhi da kuka kakva nepravda Evropa ni nanesuva ili vo soodnos so tie nesoborlivi fakti,da prevzeme merki, sekako bolni, spored arshinite na Evropskite politiki za makedonskoto tkivo da ostane zhivo! Ako ne se prevzemat merki spored vistinskite sostojbi vo vrska so sporod okolu imeto, ke ne snema!
Од: Од Рамбо
Датум: 25.12.2008 18:36:57
Одлишен резон. Реални констатација. Рационална анализа што треба на оние од врвот да ��м послужи како показ дека висока политика не се тресе од ракав и не моѓе да ја практицираат волунтаристи.
Од: Toshev
Датум: 26.12.2008 00:20:01
Do 5 -10 godini velish Rizaov , da bidat obvineti za predavstvo i bankrut na drzavava ? Ami ako do 10 godini ne postoi veke R Makedonija ?