Еленовски со нов адвокат и прецизирана тужба за објавената видеоснимка
Како сведоци се бараат Веле Митаноски, Митко Василевски, Горан Бошков и Тито Петковски
Со нов застапник и со нова прецизирана тужба, вчера во Основниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес, кој по приватна тужба го иницираше поранешниот министер за одбрана, Лазар Еленовски, против екслидерот на СДСМ, Радмила Шекеринска, Горан Мисовски од НСДП и Горан Минчев, генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник. На вчерашното рочиште, адвокатот Јован Јоанидис го извести судот дека во иднина по тужбата на Еленовски ќе постапува адвокатот Димитар Дангов, кој, пак, достави писмен поднесок со кој врши прецизирање на веќе поднесена приватна кривична тужба.
Во поднесокот стои дека Радмила Шекеринска на прес-конференција одржана на 29 мај годинава, на присутните новинари им презентирала две видеоснимки. На првата снимка, направена на партиска трибуна во Велес, се гледа како премиерот Груевски изјавува дека: „Не може да се пазари за името... Тие бараат компромис. Под компромис подразбираат промена на нашето уставно име. Нашиот одговор беше: не можеме да се пазариме со самобитието на Македонија“. Но, на втората снимка, од 30 април годинава, направена на затворена седница на НСДП, тужителот Еленовски изјавил: „Тој не е бескомпромисен. Бидејќи Никола Груевски прифати промена на име. Тоа што се крие, сега ќути или било што, тука сме да ја видиме вистината. Сакам да кажам, дека и претходно ме прашувавте, во Букурешт Никола Груевски отиде со промена на име - Република Македонија-Скопје“.
Со прецизираната тужба сега Еленовски бара во својство на сведоци да бидат повикани неговите сопартијци Веле Митаноски, Митко Василевски и Горан Бошков, како и лидерот на НСДП и актуелен пратеник, Тито Петковски.
Поранешниот сопартиец на тужителот, Горан Мисовски, му порача на Еленовски да се откаже од намерата да се суди и да излезе и на роднините на загинатите пилоти да им ја каже вистината за трагедијата што се случи во јануари годинава по падот на армискиот хелокоптер. Првотужената Шекеринска му порача на тужителот дека нема потреба повеќе да го брани премиерот, бидејќи сега сите го кажуваат тоа што го објавиле тие. За Шекеринска е неразбирливо тоа што тужителот самиот бара одложување на судењето што го иницирал приватниот тужител Лазар Еленовски, а кое е презакажано за крајот на февруари идната година. (Љ.С.)
posmesna tuzba ne postoi u svet. pusta zelba na elenovski da go potseti premierot deka e ziv i da mu ugodi deka i on doprinesuva vo pljukanicite koi visoko se na cena vo vmro. a samo go potsetuva za lentata koja bese kristalno jasna. vo sekoja normalna drzava posle taa lenta duri i slepite patriotchinja ke progledaa za lagite na patriotcheto br 1. sreka sto se tolku tupavi pa ne sakaat da progledaat. a elenovski treba da se zasrami zasto tuzbata mu e maksimalno glupa
Од: jovan
Датум: 25.12.2008 00:36:11
hahaha sto da pravi covekot, ke tuzi mu ja unistija karierata, pred da sedne na stolceto zboruvase se i sesto koga sedna na udobnoto stolce mu se vide gospod, pa si veli odtuka ne me skorivaat. Eh makedonski narode site se takvi politicarite, ke sednat ke napravat gluposti pa posle ke tuzat, mesto vednas da si dadat ostavka. tolku od mene.
Samo uste ova G-din Elenovski treba da si ja zatnete muckata i da ne zborite mngu, sto ste krivi krivi ste, i Vie nemate nikakvo pravo da tuzite, po toa se gleda deka na Vas ne vi e bitna partijata tuku vi e bitna foteljata. Izvinete no taka nema da moze, ke ucete i da gubite i se molam poveke da ne ve stavaat nikade za minister zatoa sto ne umeete vistinski da gopodnesete porazot.
Од: miki maus
Датум: 25.12.2008 00:55:42
imaat mnogu pari sdsm ukradeni od drzavava pa kaznive sto gi plakaat za kleveti se mali.treba pogolemi za da se vnimava se sto se zboruva
Од: Trajko
Датум: 25.12.2008 07:45:19
Ako baba laze,rog ne laze(stoi na glavata i se gleda).Nash Laze e za zalenje i plachene.Greshkata e vo toa shto seushte dodeka bil minister vo prvata godina trebalo vednash da se preseli vo partijata na decata.Deca so deca se soglasuvat.No sepak ke si udri sega edna dobra banja.Barem da se prochisti.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 25.12.2008 07:49:53
Некои луге и така лошата политичка кариера сами си ја уништуваат. Подобро му беше на Еленовски да го туже на Груевски и го натера да го признае тоа што веќе и врапчињата го знаат (како што милуваат вмровчињата да кажат) отколку да се бламира. Но доагат избори,тој и неговата ,,партиичка,,ќе послуже уште еднаш како ,,бришач за извалкани нозе на вмрончињата. А после изборите ---ЕЛА ЈАНО ДА ТЕ ВИДАМ-- ќе го снема од сцената како лош актер.
Од: marko
Датум: 25.12.2008 08:11:47
Koga go gledam a i slusam ovoj Elenovski prosto se cudam kade im bese umot na SDSM koga go stavija da im bide nekogasen pretsedatel na mladina.Boso momce osobeno vo umot sega neka im vraka so tuzbi kako blgodarnost za nekogasnite funkcii
Од: Nikola
Датум: 25.12.2008 09:54:13
Video snimkata e dokaz e deka Elenovski toa go kazal. Kakva osnova ima da se tuzat tie sto ja objavile? No so nasevo sudstvo i so faktot deka majka mu na Elenovski e vo Sudskiot sovet, se e mozno!
Од: realist
Датум: 25.12.2008 09:58:53
Ocigledno mnogu luge ne ja svakaat poentata na edna vakva tuzba. Celta e da se bide vo centarot na vnimanieto. Sekerinska veke e politicki mrtva, Misovski e krajno za zalenje, a po raspaganjeto na NSDP sto ke se sluci posle izbori, nikoj nema ni da se sekava na nego, a Mincev ceka BC da se vrati za da ima udobna potpora. Elenovski verojatno pravi publicitet na SDU, partija koja spored ona sto go gledam ke iznenadi mnogu luge na slednite izbori. Im go pratam sajtot, ocigledno deka znaat sto pravat. Sepak toj dokaza deka znae da raboti deka e operativec i so nego na celo na MO nikogas pobliski i podirektni kontakti so NATO i SAD ne sme imale. Potrebna e nova sila vo levicata, mlada i energicna koja ke donese svezina, za razlika od zacmaenoto SDSM, koe ne napravi nikakva reforma vo poslednite 10 god. Pozz do utrinski odlicni ste
Од: Lence
Датум: 25.12.2008 11:20:50
Bravo ministre Elenovski, samo napred , krajno vreme e ovie vodenici koi osven plukanje i objavuvanje na snimki nisto drugo ne znaat , da odgovaraat za ovoj sramen , ocaen i krajno nemoralen cin ... Vi posakuvam mnogu uspeh so novata partija , bas ni treba nesto novo , za dobar konj prasina se diga,definitivno ste najdobriot i najodgovorniot minister sto nekogas sme go imale ... steta e sto toa nikogas nema da vi bide priznaeno vo MAkedonija onaka kako sto ve cenat i pocituvaat vo svetot . Sega gledam aktuelen e filmot za mirovnicite - neka napisat vesnicite koj e najzasluzen za promocijata na knigata vo Amerika i kako Donald Ramsfeld dojde licno na promocijata - Sekerinska sigurno ne go donese i sigurno ne e licen prijatel so nego !
Pozdrav do utriski - broj 1 ste !
Од: Филип Јовановски
Датум: 25.12.2008 15:48:21
Еленовски тврдеше дека изјавата му била извадена од контекст. Не ми е јасно само како може да се извади од контекст една толку јасна реченица???