Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Привремената спогодба

Уставниот суд на вчерашната седница расправаше и ја отфрли иницијативата на Светскиот македонски конгрес за оцена на уставноста на Законот за ратификација на Привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година. Со иницијативата се отвора прашањето дали означувањето на Република Македонија како втора страна во таа Привремена спогодба е во согласност со Уставот.

Судот ја отфрли иницијативата, бидејќи иницираните прашања беа предмет на расправа пред судот во јануари 1996 година, кога тој се произнел, а сега нема основи за поинакво одлучување.

Со иницијативата се оспорува означувањето на Република Македонија како втора страна, а не употребата на името Република Македонија.

Според судот, тоа не значи повреда на Уставот на Република Македонија во смисла на промена името, туку само определување на договорната страна во постапката.

Уставниот суд вчера поведе постапка и за три одредби од Законот за даночната постапка, донесен во 2006, а дополнуван во 2008 година. Овие три одредби предвидуваат други лица кои не се даночни должници, а ги застапуваат даночните должници да гарантираат со обврзниците на даночните должници. Тие други лица се законски застапник на даночен должник, ортак или старател на наследник на даночен должник. Поведувањето на постапката е затоа што тие две одредби од Законот со својата нејасност оневозможуваат да владеат правните правила во сферата на даночната постапка, поради што се доведува во прашање владеењето на правото.

Поведена е постапка и за 10 члена од Правилникот за заштита на авторските права и за распределба на авторските надоместоци, донесен од Собранието на Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) во октомври 2005 година. Поведувањето е затоа што со Правилникот се предвид��ва музичките дела да ги категоризира Одбор за заштита на авторските права, а не самиот автор, а освен тоа, авторот бил исклучен и од други фази на постапката на заштита на неговите права и на распределба надоместок од користење на неговото дело, меѓу кои и за определување на вредноста на делото, како и тоа колку вреди неговата творба. Иницијативата е поднесена од Славе Димитров. (МИА)


Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 25.12.2008 00:27:56
da zivee ustavniot sud na rm - edinstvenata svetla tocka vo pravosudstvoto na rm
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 02:39:35
уставниот суд конечно ја тргна маската од себе и станува очигледн дека наместо да ги заштитува интересите на Македонија и Македонскиот народ води една анти-македонска политика со цел да се рушат сите добри чекори на владата.Јасно е како бел ден дека уставниот суд предвреме ја започна исборната кампања на опозицијата
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 25.12.2008 08:02:29
Се појави од темнината, господинот Тод Петров. Само нека продолже да пишува жалби или ,,амандмани,, но искрено го молам да престане да ја бране Македонија. Зошто тој е колатерална штета,единствена корист од неговите активности има Националистички настроените Вмровци, кои и така не разликуваат црно од бело. Леле какви патриоти се ,особена на свадба каде пивото е бесплатно и можат бесплатно да си порачат патриотска песна . На пример- КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА--
Од: dedo dimo
Датум: 25.12.2008 12:00:24
Todor petrov mozda e kriv , po vashe mislenje .Nemojte da zaboravite sekoj ima pravo neshto da kazi ili da bara ,no sudot ima pravo da presudi.Petrov e Makedonec kako i site ,nekogo go boli poveke a nekogo pomace toa shto se desuva so Makedonija .Da se razberime i vo minatoto iljadnici luge go dale zivotot za MAKEDONIJA a i togash nekoj,odnosno poveketo se kriele,pa taka i denes.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Балканските национализми ја јавнаа Европа
Еленовски со нов адвокат и прецизирана тужба за објавената видеоснимка
Судскиот процес „Армиско оружје“ се враќа на почеток
Брегалничкиот плански регион почна со работа