Судскиот процес „Армиско оружје“ се враќа на почеток
Поништената пресуда на Врховниот суд за случајот „Армиско оружје“ донесена пред повеќе од две недели, конечно е официјализирана, со ставањето потписи на членовите на Кривичниот совет.Со тоа се создадени услови за враќање на предметот на повторно одлучување во Кривичниот суд.
Главната причина за тоа се „сериозни пропусти во изготвената првостепена пресуда“, поради што има потреба од обезбедување дополнителни докази. Предметот се однесуваше на продажбата на армиското оружје на бугарската компанија „Емко ЛТД“. Највисока казна, од по четири години затвор, добија Нелко Менкиновски, раководител на Секторот за логистика, и советникот Виктор Раички, а командантот на Командата за логистика, полковникот Илија Шкордовски, доби три години затвор. Управителот на Специјална опрема при МЗТ, Глигор Стојанов, беше осуден на две години затвор. (Г.Д.) |