Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Брегалничкиот плански регион почна со работа

ШТИП - Брегалничкиот плански регион почна со работа. По донесувањето на Законот за рамномерен економски развој, источниот дел на Македонија ги конституира органите и во Штип отвори канцеларија преку која ќе се одвиваат сите активности од регионално значење. Претседател на Советот на регионот е кочанскиот градоначалник Љубомир Јанев, а за директор на канцеларијата е избрана Драгица Здравева, дипломирана економистка и поранешна долгогодишна директорка на „Македонка џинс“.

„Источниот плански регион опфаќа единаесет општини со 120.000 жители. Тоа се општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци, Пробиштип и Штип. Планскиот регион е формиран за да се максимизираат расположливите ресурси на секоја локална заедница, да се намали диспаритетот, да се поттикне меѓуопштинската соработка. Центарот ќе изготвува проекти за развој на регионот, но и на подрачјата со специфични развојни потреби. Посебна задача овој центар има во координирањето на активностите поврзани со имплементацијата и реализацијата на развојните проекти“, вели директорката Здравева.

Ева-Марија Роте, која ја има улогата на стручен консултант, а доаѓа од Германија како експерт во Центарот за меѓународна миграција, на регионалниот развој работела во повеќе држави.

„Овие многу важни процеси за локалните и за регионалните заедници ги помагав во Бугарија, каде што работев на успешноста на Родопскиот регион. Тука сум за да помогнам во процесите на регионалниот развој на истокот, заедно со тимот да работам на проекти, студии и анализи, да барам извори на финансирање. Имав успех во Украина, Словенија, Бугарија. Се надевам дека ќе му бидам од помош и на овој прекрасен регион со богатства што можат да се стават во развојна функција“, изјави Ева-Марија Роте. (И.Б.)


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Балканските национализми ја јавнаа Европа
Еленовски со нов адвокат и прецизирана тужба за објавената видеоснимка
Судскиот процес „Армиско оружје“ се враќа на почеток
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Привремената спогодба