Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Лето 2011 – антидемократски пекол

Гордан Георгиев

Две опции му стојат на располагање на Груевски за иднината на Македонија – едната е да ја смири тензијата, а другата е уште повеќе да ја затегне

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

На политички план, ако се изземе пеколното конфликтно лето во 2001 година, убеден сум дека ова лето 2011 е вистински политички и антидемократски пекол за граѓаните на Република Македонија. Во компримиран временски перио�� од само два месеца, под дебелата сенка на анестезираната јавност, која се лади под клима- уредите или безгрижно тркала лубеници по езерската шир, во нашата држава се случуваат сериозни промени што можат да имаат далекусежни последици за нашата кревка криптодемократија.

За хашките случаи и за Законот за знамињата и за јазикот ќе се зборува уште долго, а невеењето на македонското знаме во Тетово е само уште едно „автентично“ толкување на локалната власт кое произлегува од волунтаризмот и laissez-faire принципот на извршната „пазарџиска“ власт. Во меѓувреме, пошироката јавност, конечно, сфати дека процесот на лустрација служел и ќе служи исклучиво за пресметка со политичкиот неистомисленик (случајот „Драматург“ е уште еден во низата), а затворањето на А1 телевизија, впрочем, беше и „предизборно“ ветување на владејачката партија. Случајот со убиството на Мартин Нешкоски веќе виси како црно петно на старо-новата Влада.

Оттука, оправдано се поставува прашањето кој пат ќе го фати старо-новата Влада и дали, воопшто, по пет години недемократски континуитет, има простор за надеж дека барем некои работи би можеле да се променат во новиот мандат?

Ќе предложам две опции што му стојат на Груевски на располагање, и во зависност од тоа кој пат ќе го фати старо-новиот премиер, ќе зависи и блиската или подалечна иднина на нашата држава.

Првиот пат го нарекувам - смирување и прикривање. Тоа би значело Груевски и неговите југенди да ја смират малку топката на политичката сцена во Македонија. Најпрво, да го намалат производството на тензии и омраза во општеството, нешто што беше своевиден осмислен трејдмарк на оваа гарнитура во функција на консолидација на сопствените редови заради подолго владеење. Потоа, да престанат да го делат народот по сите можни основи и да се пресметуваат со политичкиот противник. Оваа политика на смирување би била добра увертира на она што е во моментов поважен приоритет на владеачката гарнитура: а тоа е процесот на прикривање на криминалот што ја демне власта од почетокот на својот мандат. Можеби и за многумина неочекуваните оставки на Милошоски и повлекувањето на Протоѓер, се некакво навестување на операцијата „прикривање“. Колку и да звучи перверзно, ова е подобрата варијанта, подобриот пат што би можел да го фати Груевски, а пред се', мислам подобар за Македонија.

Вториот пат на оваа трета едноподруго империја на Груевски (германскиот превод би бил Трет рајх) би значел дополнително затегање на ситуацијата, непопустливост во владеењето дури и за најбанални работи, продлабочување на кризата и недовербата помеѓу македонскиот народ и дозирана криза со албанскиот фактор. Фактот дека опозицијата на чело со СДСМ освои голем број гласови на последните избори со што де факто се намали легитимитетот на ДПМНЕ да прави парампарче од државава, може или да го трасира овој пат на „затегање“ или да го компромитира. Писателот велеше: таму каде што диктатурата е факт, револуцијата е должност. Бидејќи Груевски милува да ја сосредоточи целокупната моќ во државата во сопствената маленкост, реално е да се очекува дека последиците од ваквиот бонапартизам ќе се сосредоточат во ликот и делото на нашиот премиер. Јас не сум сигурен дека во Македонија се случува диктатура, но сосема добро знам дека оваа Влада покажува диктаторски и тоталитарни елементи, нотирани во кој било учебник по политикологија. Кога ќе ги ставиме овие тенденции во контекст на времето во кое живееме (2011 година, Македонија на бавен колосек кон ЕУ) работата е повеќе од загрижувачка. Само сетете се како изгледаше Република Македонија пред пет години на полето на демократијата, слободата на медиумите, партизација на судството, меѓуетнички односи и многу други сегменти и ќе ви стане јасно во каква држава денес живееме.

Не би сакал да предвидувам кој пат ќе го фати Груевски (иако најавите во овој двомесечен интеррегнум покажуваат дека ќе продолжи ова политичко лудило), но сакам да ги потсетам претставниците на владејачкото мнозинство, како и сите поддржувачи на политиката на ДПМНЕ, на следниве неколку елементи во новонастанатата ситуација.

Како што се очекуваше, СДСМ и коалиционите партнери гласаа против старо-новата Влада, предводена од ДПМНЕ, и тоа можеби е помалку важно во овој момент. Она што е многу поважно е Груевски лично, заедно со неговите поддржувачи и извршители, да запаметат и никогаш да не заборават дека против Груевски и неговите политики на последните избори гласаа повеќе граѓани отколку што гласаа за Груевски и неговата коалиција. Тоа, господине премиер, се луѓе со имиња и презимиња, со свои судбини кои директно или индиректно зависат од вас последните пет години.

А ние, пратениците од опозицијата, ги претставуваме тие луѓе, му се допаднало тоа на Груевски или не. Што е уште поважно, имаме одговорност за тие луѓе, сега повеќе отколку кога било претходно. Згора на тоа, понесуваме одговорност и за илјадници други уплашени и уценети граѓани кои на овие избори беа принудени да гласат за партијата на власт. А ние знаеме како и зошто гласаа, и вие знаете, драги читатели, а и самите принудени и уценети гласачи го знаат тоа.

Затоа, овој огромен резервоар на народно незадоволство, искажан на последните избори, треба и мора да биде поттик за старо-новата Влада да го преиспита својот став кон политичките неистомисленици и да ја промени својата политика. Во спротивно, овој резервоар може лесно да стане темпирана бомба. И за да не бидам обвинет дека „опозицијата подготвува црни сценарија за насилно уривање на власта“, за крај ќе ги потсетам читателите на целокупната црна пропаганда на ДПМНЕ спроти изборите. Се сеќавате, буквално на секоја прес-конференција, гавазите на Груевски ја плашеа јавноста со тези дека опозицијата има разработено сценарио за насилно соборување на власта, дека чуварите на кутиите се насилници кои имаат задача да предизвикаат инциденти и уште дузина такви глупости.

И ете, поминаа изборите, СДСМ ги загуби изборите, а истите тие гавази ги прогласија најдемократските избори во историјата на плурална Македонија. И сега што правиме? Повторно ќе играме на краткото паметење на македонската јавност?

И така, во овие тешки времиња, кога секој неранимајко се дрзнува да се повика на Господ, мислејќи дека тоа е најкраткиот пат до рајот, посакувам Есхатонот да дојде ни пребрзо ни пребавно, туку токму навреме, според Божјата милост.

(Авторот е пратеник)


#
Статијата е прочитана 2475 пати.

Испрати коментар

Од: Evropa
Датум: 05.08.2011 00:58:28
Sto otcekuvate od ovoj narod, kolku poveke go gazis, i go otupuvas tolku poveke ve velica. Ne im e ni sram amnestiraat zlostornici i oko ne im trepnuva, a narodot molci kako jazikot da go goltnale. Samo edno znam..... NE E NA DOBRO!?
Од: vas veren cutatel
Датум: 05.08.2011 01:13:37
....mrmorenje so stil... Jazikot i terminologijata soodveten za najgolemite extremisti, bez razlika na koja strana se. И ете, поминаа изборите, СДСМ ги загуби изборите.... I dobro e sto e taka. Premnogu ima destruktivna sila vo vas dragi SDSM-Ovci... Toj mentalitet ne moze nikogo da napravi srecen, a najmalku Makedonija... Ova gornovo ke vi se ppovtoruva se dodeka ne se rasturite...
Од: gimi
Датум: 05.08.2011 02:16:03
Читам и не можам да верувам велиш вака: Фактот дека опозицијата на чело со СДСМ освои голем број гласови на последните избори со што де факто се намали легитимитетот на ДПМНЕ да прави парампарче од државава, може или да го трасира овој пат на „затегање“ или да го компромитира. ПИСАТЕЛОТ ВЕЛЕШЕ: ТАМУ КАДЕ ШТО ДИКТАТУРАТА Е ФАКТ, РЕВОЛУЦИЈАТА Е ДОЛЖНОСТ.Па свесен ли си млад човеку какви зборови кажуваш,на што повикуваш?СДСМ ги изгуби изборите на демократски начин и треба да се помири со тоа и во наредните 4 години да биде конструктивна опозиција. Знам дека не ви е лесно 4 години не се малку уште повеќе што и во изминатите 5 години бевте во опозиција, ама тоа не ви дава за право да повикувате на некаква револуција и да ја игнорирате волјата на мнозинсвото граѓани кои не ви ја дадоа довербата.
Од: novo lice
Датум: 05.08.2011 02:32:23
odlicna ti e analizata za vmro gordane, ama nesto treba da napises i za sdsm. Ne moze po avtomatizam da velite deka imate 370 000 glasovi, za niv uste treba da se borite da gi zadrzite, da ponudite nesto novo, novi lugje novi idei, rabota na teren, a ne samo sednati v parlament. Zalno e sto pominaa 2 meseci od novite 48 na vmro, a sdsm go nema na teren nitu ima nekakva aktivnost, pratenicite se v parlament, sto e so partijata. Vo 3 ta iz.edinica izgubivte so 30 000 razlika, a na site clenovi na centralen odbor od tamu pak im izglasavte doverba. Mizerno, pa zarem posle 3 najgolemi porazi tamu vie seuste mu prkosite na glasacite i nisto ne prevzemate. Duri se zanimavate so vmro ja zapostavuvate partijata i op na izbori pak poraz. A, zalno e sto te turija na komisija za kultura, taka ne se postapuva so novoto lice na sdsm, losa poraka e za onie sto mislea deka sdsm e smenet, a toa se ti bilo isto. ostajte go vmro ovie 100 dena, daj da vidime sto ke se slucuva vo sdsm vreme e.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.08.2011 02:37:05
Se si ima kraj, pa i ovoj rezim. I togas ke stane mnogu interesno.
Од: Александар М.
Датум: 05.08.2011 08:31:20
Политкологу. Да те подсетам дека ВИЕ владеевте со Македонија од 2002 до 2006 година. Да те подсетам дека Али Ахмети, ВИЕ го направивте коалиционен партнер во Владата. Да те подсетам дека, вождот твој во предизборието во 2002 година триста пати јавно изјави дека никогаш нема да коалицира со Али Ахмети.Нормално лажеше како и секогаш и з асешто. Да те подсетам дека и тогаш не се вееја државни знамиња во Тетово. Да те подсетам дека хашките случаи беа вратени во 2005 година....... Да те подсетувам уште или немаш капацитет да ги сватиш овие работи. Или не смееш од папата.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 05.08.2011 08:46:05
По случај на околностите (за причините во некоја друга пригода), заедно со тогашниот министер Груевски работевме во иста влада. Во една пригода во неговиот кабинет (кога беше министер за трговија) разговаравме за формирање на агроберза во Македонија. Во јуни 1999 година (само три седмици по моето вработување во владата!) патувавме заедно за Тајван и од разговорите што ги водевме стекнав впечаток дека тој е човек кој смета дека од позиција на власт може да се решаваат сите работи... Крајно сум изненаден од неговото однесување по заземањето на челното место во државата. По шесте изборни победи опиен е од власта, мислејќи дека вечно ќе владее!? Во повеќе наврати добронамерно предупредував дека води катастрофална внатрешна, посебно економска, и надворешна политика! Се сомневам дека во минатите пет години има испиено заедничко кафе со кој било лидер на македонска опозициска партија?! За него се битни само лидерите на партиите со кои коалицира! Моја сугестија до него е да се приземји и да п
Од: seirdzija
Датум: 05.08.2011 08:46:17
Gruevski ako prodolzi vaka ke padne po pat na revolucija,toa e povece od sigurno,dali toa bi bilo ovaa esen ili prolet toa e pomalku vazno.Toa e dolznost na opozicijata koja i pored 220 milioni evra,uceni,zakani,bugarski vozovi uspeja da osvoi povece glasovi na poslednite izbori,toa mora da se sluci za dobro i na samite podrzuvaci na DPMNE i za dobro na drzavata,koja so vakva kriminalna vlast preti da se raspadne.
Од: sale
Датум: 05.08.2011 08:52:44
Ovaa nasa mala zemja mozebi mozese da bide mala Svajcarija, idealno mesto za ziveenje,no ne e i nikoj ne prezevma nikakva odgovornost za site negativni tekovi koi se slucuvaat. zavisno sudstvo , korumpirana policija , kriminal na sekoj cekor....e toa e nasata realnost. da si kriminalec tuka znaci da si pocituvan covek.Se prasuva dali nie i mozeme da se nareceme drzava.zalno e i sramno sto se raboti.I da spored moeto mislenje pateticno e kako se vodi drzavava, no uste pateticno e sto i opozicijata spie.Po definicija opozicijata ima dolznost za sekoj pogresen cekor na vlastta, da i se zakaci i da ne pusta.Taa treba da e kamsikot koj ke ja nasocuva vlasta. Pa ako negde vidi deka se krsat principite na demokratijata da reagira, da se bori ... Ako samo na eden covek mu se uskrateni graganskite prava i site molcat, nema demokratija, ako samo eden kriminalec se zastiti nema demokratija , samo poraka bidi kriminalec, drzavata ke te zastiti ili amnestira.
Од: nikoj
Датум: 05.08.2011 09:47:07
На медиокритети како gimi тешко е да им докажеш нешто што иако го гледаат слепи се. Gimi ти изгледа ги читаш насловите а текстот не. Разбирливо, зошто тие се напишани со поголеми букви. Не спиј на тоа увце дека мандатот на оваа влада (според моменталнава ситуација по изборите) ќе биде 4 години. Во тоа да бидеш 100% сигурен. Погледни што само стори владата и Собранието за помалку од 60 дена од изборите и се ќе ти биде јасно. Што ќе кажеш за хашките случаи и амнестијата?, невеењето на македонското знаме во Тетово за Илинден? прикривањето (два дена) на убиството на Мартин Н. и многу други или тоа е “така-нормално“ за оваа власт. Дали го оправдуваш ова? Ако го оправдуваш (а тоа ти се гледа од коментарот) тогаш тешко на државата и на нас кои живееме во неа.
Од: Hari
Датум: 05.08.2011 09:56:39
Jimi, posledniov mesec si jaaktivniot(platen) branitel na rezimot koj po 14 karakteristiki e fasisticki, so dokazi. Ako si nacist i fasist te razbiram no ako ne e taka mora da dobro te placa Firerot stom gi zameni Felix, MKD, patriot. Ova sto ti go pisuvas, da branis amnestija na teroristi i ubistvo na mlado momce gi nadminuva site granici, pa i golem honorar kako Mirka nasa.
Од: Ljubco Georgievski
Датум: 05.08.2011 10:22:43
Gospodine Gordan.Pred se bi vi ukazal deka Branko ,Natasa i Sema ve trosat Gospodine i deka postojano vi ja menuvaat politickata logika.Ovaa pola godina vas vejke ve profiliraja vo sosema razlicno od toa sto bevte.Vejke imate se povejke gresni nametnati tezi posle izborite.Poleka nemoz da se prepoznaete.Ako vie mislite da prodolzete so ova tempo kako mlad covek eden od liderite na SDSM imate dva izlezni resenija:Da go napustite SDSM sto poskoro ,da ostane toa bar malku sto go imate nedotolceno ili pak da go prevzemite SDSM.Vejke stanuvate nebulozen,mrzliv,neraboten,se vklopuvate so niv koj 6 izborni ciklusi gubat i mislite deka vo toa jato eden den ke pobedite,so ovie sredstva,Gospodine Gordan toa nema da se sluci,neka ne ve zamajuvaat.Ova go pisuvam so mala skepsa,da ne e za vas vejke docna.?!
Од: Тоше
Датум: 05.08.2011 10:24:08
Очекуваме акција од СДСМ. Но акција, не само кога се работи за вашите членови. Туку акција со која ќе докажете дека СДСМ како наследник на СКМ, самата почнува да расчистува со минатото и нормално со некои луѓе од своите редови. Ако останете само посматрачи, колумнисти и чат-пат во Собранието да го кренете гласот, ништо не сте направиле. Гледаме што се случува во МК. Тотален мрак и молк. А тоа води кон конечно уништување на демократијата и државата
Од: Alek®
Датум: 05.08.2011 10:34:51
„Што е уште поважно, имаме одговорност за тие луѓе, сега повеќе отколку кога било претходно. Згора на тоа, понесуваме одговорност и за илјадници други уплашени и уценети граѓани кои на овие избори беа принудени да гласат за партијата на власт. А ние знаеме како и зошто гласаа, и вие знаете, драги читатели, а и самите принудени и уценети гласачи го знаат тоа.“ Одговорноста од првиот дел на овој извадок никако да не ја заборавите, Гордане. И обрати внимание на коментаторите кои очекуваат квалитетна промена во СДСМ. Во вториот дел се крие одговорот до "gimi" за „демократските избори“ ако не можел да го сфати целиот текст седејќи во неговата удобна канцеларија.
Од: BOORING
Датум: 05.08.2011 10:49:21
Placko si e placko i placko ke si ostane. BOOOOOORRRRING.
Од: od citatel
Датум: 05.08.2011 11:02:26
do Dzimi _ revolucijata e neizbezna, samo sto ovoj pat nea ke ja vodat VMRO-ovcite a ne opozicijata. Vie ke se izedete kako volci. So sreka do skoro viduvanje.
Од: guner ismail
Датум: 05.08.2011 11:29:13
VO MAKEDONIJA VLADEE FASISTICHKA DIKTATURA, a nikako KADIFENA. Kvalifikacijat "kadifena" e nepotrebna, stetna, bidejki ja zadskriva sustinata na nestata. Kako prvo. A kako Vtoro, jasno mi e ova soznanie DEKA VO MK na VLAST E EKSPLICITNA DIKTATURA, seuste ne e dojdeno do Bihachka, sto e NEODGOVORNO od strana na TIE koi treba da go dostavat, soopsstat, prilozat argumenti i se razbira na onie koi ova treba(se) da go razberat. No, NEODGOVORNOSTA sekako deka e endemska, ama daj proverete gi toa inbox-ite, prasajte levo-desno. Ima lugje koi nekoi raboti gi znaat i razbiraat poinaku. Svetot nitu pochnal nitu zavrsil tamu, na Bihachka!
Од: jas jas
Датум: 05.08.2011 11:55:18
sto ocekuvate od gladen narod siromasen vikaat vaka ne bilo ni pod tursko nepismeniot narod a sto e glup ama do tolku da dozvoli da go gazat zaplasuvaat divo pleme ne ni e ravno navistina posakuvam da dojdeme do tocka na samounistuivanje neka se iscisti crnata krv pa jovo nanovo
Од: B. Betinski
Датум: 05.08.2011 12:14:59
Veruvam deka, g. Georgiev, ti e povekje od jasno : ako prestane da gio vrti pedalata na avtoritarnosta, Gruevski ke se sooci so bunt prvin kaj svoite (ke prestanat slavinite na drzavni pari za niv) a potoa so nedoverba nadvor (javnosta) koja ja kupuva so drzavni pari ili ja ucenuva. Toa znaci da go snema od politikata koe moze da go odvede tamu kade sto sega prakja drugi. Bidejki ti e jasno seto toa, ednostavno go izostavas od svojata optika. Vprocem, ni ne treba da se trosat zborovi na tvrdi evidencii.
Од: lidija
Датум: 05.08.2011 12:44:02
Narodot ne zgresi i na ovie izbori glasase opoziciono!!!Zaedno so pomalite partii na ovie"skandinavski" izbori okolu polovina milion glasovi bea opozicioni!!!!Znaci narodot bese vo pravo glasase opoziciono i NE ZGRESI!Prasanjeto e koj i zosto zgresi za da prodolzime da ziveeme vo ova prerodbenicko ludilo vo koe ostanuva uste zivi da se izedeme!!!!!
Од: od mene
Датум: 05.08.2011 12:54:21
Site sdsmovci i site vmrovci da se nosat i tri takvi!!! Isti lajna ste site, gledate vo svoite "lideri" kako vo ikoni i serete vo gaki od sreca. Koga ednas ke svatite deka ne se raboti za vas, za Branko, za Grujo! Se raboti za sudbinata na site nas vo ovaa drzava. Dosta vise so toa sto rekol Branko sto rekol Grujo i onaa najbezobraznata "I vie istoto go pravevte". Toa li sekogas ke go vadite kako adut, koga nemate sto drugo da kazete. Za zalenje ste, mozokot vi e na pasa, vazno vi e samo sto ke kaze Branko ili Grujo.
Од: Mudrec
Датум: 05.08.2011 13:29:03
Se nadevam Gruevski ke ja izbere vtorata alternativa - borba do kraj so site kriminogeni tipovi i anti Makedonisti. Odamna trebase eden vakov silen bran za da se iscisti gjubreto, pa na koj ne mu chini, neka se luti.
Од: Стојан К
Датум: 05.08.2011 15:15:54
Мафијата на власт го осиромаши народот и потоа го корумпира да биде за него. Испрани мозоци и вам ви е јасно дека ве купија за мали пари да гласате за нив и дека голем дел од гласовите се украдени криминално. Главните пари ги собра фамилијата. За да го продолжат своето криминално делување спроведуваат диктатура и мафијашки методи за пресметување со неистомислениците. Набрзо ќе им снема народни пари и народот ќе се пресмета со нив.
Од: Никола
Датум: 05.08.2011 16:34:11
За жал Бог изгледа нема милост за ваков народ, бидејќи секое доаѓање на Есхатонот е веќе предоцна.
Од: Vojvoda Kicevo
Датум: 05.08.2011 16:53:13
Gospodine Georgiev, velite protiv Grueski i negovata politika glasale poveke gragjani odkolku za nego i negovata koalicija; Da, no za posirokata javnost izbegnuvate da go spomnete najgolemiot pluralisticki politicki stram od 1990 do denes sto go napravi Grueski i nezavisnoto sudstvo so apsenjeto na Brat Ljube Boskoski, liderot na OM ,koj seuste gnie vo Sutka bez nikakvo obvinenie,bez nikakov stram pred Makedonskata javnost go izmacuvaat.Glasovite na OM, na Vmro-Narodna, na Dostoinstvo se glasovi protiv vlasta. Ide denot koga gragjanite na Makedonija i vas mnogu dobro ke ve prepoznat i ke ve stavat vo isti kos Sdsm i Dpmne i ke ve ostavat za vo istorija,bidejki dvete partii ste golemi manipulatori.Izigruvate spasiteli i uspesno baratate 20 godini so sudbinata na makedonskiot narod,so patriotite koj sekogas se na branikot na Makedonija i ovoj pat dvete partii go zloupotrebivte i seuste go zloupotrebuvate pred celokupnata Makedonska javnost liderot na OM,herojot na 21 vek.
Од: rembrant
Датум: 05.08.2011 18:08:10
mene mi se dopagaat na vmro spomenicite sarenolik plostad so se i sesto da ne bese vmro nemase svetot da znae za odredeni znacajni likovi ot istorijata zatoa a tie pari bi mozele da bidat iskoristeni vo socijalnata sfera da im s edadese socjalna pomos na graganite
Од: Народот
Датум: 05.08.2011 19:59:34
Нема проблем, вратете ги искрадените пари и ќе ве вратиме на власт. Ама се` до денар! И отштета за тие што се разболеа од вашите зулуми!
Од: apologet
Датум: 05.08.2011 20:10:39
Do gimi.Eh gimi gimi, gledam deka dobro si razbral sto kazuva gordan , no vmrovskata matrica ne ti dozvoluva otvoreno da go kazes , tuku se povikuvas na starata finta na izvrtuvanje na tezite.Se nadevam ne si tolku glup pa da poveruvas vo nebulozata cuena na meckin kamen, deka celata bela rasa poteknuva od nas.Pozamisli se malku na izrecenite tezi i stavovi od 2-ri Avgust.Na site tri obrakanja.
Од: девичанецот
Датум: 05.08.2011 22:38:32
Лето 2011....втори по ред Вонредни парламентарни избори Гордане! Луксуз, што твојата партија не можеше до сега никогаш да си го дозволи..а богами ниту отсега натаму! Затоа порано ти напишав: Навреме или направи си партија, или излези си од СДСМ..Во него со БЦ....се знае дека запечатена ти е судбината во политиката!

Најди! во Утрински
Насловна
Олеснувачите и „отежнувачите“ ќе слават во Охрид
Раскол во Комисијата за лустрација
Печатено
Ќе го оправи ли Тодоров здравството
Три или три и пол - нам ни треба двојно
Нова стратегија во културата
ФФМ ќе инкасира до 300.000 евра од ТВ-права
Македонија темен вилает
Милчин најави тужба на решението на Комисијата за лустрација
Хрватската ѕвезда - бремена!
Стаса фалангата на Александар
Лето во Скопје
Работнички го доби Лацио во плејофот за Лига Европа
Никаде без заштитен фактор 30
Заканите на Ахмети
Третина од болницата во Бардовци ќе биде реновирана
Фестивалот АКТО годинава на тема „Работи никогаш“
Балкански конгрес – втор пат
Арсенал против Удинезе во плејофот за ЛШ
Проработи Градскиот базен во Охрид
Папандреу моли за итна помош од еврозоната
Стил
Нема договор за Косово, српските блокади остануваат
Онлајн вести

"""