|
|
|
|
|
|
Ќе го оправи ли Тодоров здравството
Според Ѓорѓи Оровчанец, екс-министер за здравство, министерот не треба да се снаоѓа во здравството, туку треба точно да знае што е потребно да се направи
Јасмина Јовановска
„Не сум лекар и не можам да поставувам дијагнози. Дојдов да го менаџирам здравството“. Така, со оградување од обврските ја започа својата кариера како министер за здравство, Никола Тодоров. Но, ако не утврди од што боледува здравството, прашуваат лекарите, како тогаш новиот министер ��е го лекува болното здравство.
Тоа е исто како да лекуваш пациент без да се утврди од што боледува. Без разлика што не е од лекарската струка, додаваат лекарите, тој е министер кој треба да се грижи за здравјето на луѓето. А како ќе се грижи за здравјето, ако само изигрува менаџер.
Тодоров вчера беше во посета на болницата во Велес и се запозна со текот на одвивањето на реконструкцијата. Тодоров констатира дека работите за реконструкција на болницата се одвиваат во рамки на предвидената динамика, а апаратите кои се добиени се одржуваат. Министерот беше информиран и дека компјутерскиот томограф се користи интензивно односно досега истиот го користеле 60-тина пациенти.
Но на новинарско прашање како ќе се реши долгодишниот проблем со капелата во болницата, министерот Тодоров одговори оти за тоа разговарал со директорот на болницата Ванчо Граматов и додаде дека службите на Министерството во Скопје ќе направат подетална процена за колкава сума пари станува збор и кои се зафатите кои треба да се направат.
Несомнено, Тодоров ќе ја има поддршката од оние кои зависат од неговата политичка волја кога се во прашање кадровските работи, но колку ќе може самиот тој да учествува во стручните дискусии кои колку и да ги одбегнува сами ќе се наметнуваат.
Во здравството, коментираат лекарите не може да се направи остра граница меѓу здравјето и менаџирањето. Неговата функција е двојна и министерот за здравство, коментираат лекарите, мора истоверемено да биде чувар на здравјето и менаџер. Овие две улоги не можат да се поделат, зошто тие се испреплетуваат. И да не е лекар, треба најмалку да размислува како лекар, потенцират лекарите.
Како и секој нов министер за здравство, така и Тодоров вети дека приоритет ќе му бидат поквалитетна здравствена услуга за пациентите. Завршувањето на големиот проект со медицинската опрема, како и реконструкцијата на здравствените установи ќе бидат основните проекти со кои прво ќе се зафати, најави Тодоров. Но, тие се само продолжување на веќе започнатите работи од претходникот министер.
Лекарите потсетуваат дека опремата и зградите не го чинат здравството, туку здравствните работници кои подолго време се западнатите во хронично незадоволство и затоа бегаат во приватното здравство. А ако сака добро да функционира здравството и да ги задржи и оној мал број лекари, сметаат здравствените работници, на нивниот нов шеф не му останува ништо друго туку да ги испегла несогласувањата околу новиот начин на плаќање по учинок, кој се планира од идната година. Тодоров добро ќе се испоти и со најавените промени во здравственото осигурување, каде ќе треба да направи рестрикции на правата на пациентите.
А ако денот се познава по утрото, тешко дека на здрвството ќе му тргне со Тодоров. Само што седна на министерската фотелја како што дознаваме расчистил со советниците од неговиот претходник. Веројатно, затоа што е познат како министер кој си носи со себе свој тим кој победува.
Ѓорѓи Оровчанец, екс министер за здравство не верува дека новиот министер за здравство ќе може да се справи со проблемите во здравството. „Во земја како Македонија се слави смртта и задгробниот живот. Здравјето и иднината се во втор план“, смета Оровчанец.
Според него првиот лекар во државата не треба да се снајдува во здравството, туку точно да знае што прави. „А дали новиот министер знае“, прашува Оровчанец, особено затоа што тој не е е од редовите на здравствените работници и нема искуство со здравството. Тодоров одреден период работел во Глобалниот фонд на Обединетите нации кој им помага на земјите во развој во борба против СИДА, обезбедување на лекови за туберкулоза.
Но, за да се управува успешно со здравството, треба да се знаат барем основните податоци, или пак, барем малку да се почувствува горчината на здравството, укажуваат стручњаците по јавно здравство. Овде не е во прашање едукација и образование. Ако има некоја грешка во книгите за учење, ќе се препечати. Но, ако се направи грешка во здравството, тоа ќе ги чини пациентите.
На јавноста Тодоров и е познат како министер кој носи брзоплети одлуки. Тој оди на јуриш, па потоа ги исправа работите. Не е добро ако така работи и во здравството, предупредуваат личности од стручните здравствени кругови. Тодоров вели дека бил поставен да менаџира со здравство, а не да биде лекар. Премиерот Груевски, кога го промовираше Тодоров како прв лекар во државата, го пофали дека имал добро менаџерски вештини.
Останува да се види колку менаџерот ќе го опр��ви здравството. На Тодоров, сепак треба да му се даде шанса. Зошто за 20 години независно јавно здравство, ова е преседан. Прв пат во секоторот здравство, за министер е поставен човек кој не е лекар. Ред е да видиме дали човек од друга фела подобро ќе ги среди проблемите во здравството, од било кој лекар. Можеби, полесно ќе пресече онаму каде треба да се прават резови, зошто ќе гледа од чиста менаџерска позиција. Иако, тоа е многу тешко, бидејќи е во прашање сложен и чуствителен сектор. |
#
|
Статијата е прочитана 2144 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vlado |
Датум: 05.08.2011 00:19:54 |
|
a orovcanec bese onoj sposobniot sto go opravi zdravstvoto??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilep |
Датум: 05.08.2011 01:06:07 |
|
Covek neznae dali da se smee ili da place. Detevo go "opravi" obrazovanieto, pa sega dojde na red i zdravstvoto. Tolku siroka lepeza na poznavanje na razni oblasti i nauki ima deckovo, se plasam da ne ni go pobaraat nekade vo stranstvo (one way). |
|
|
|
|
|
|
Од: бобо |
Датум: 05.08.2011 01:43:20 |
|
Како не Ви е срам да се посомневате во МЕНАЏЕРСКИТЕ квалитети на министерот.И никој не треба да се сомнева дека министерот за образование, пардон ех мин. за образование,сега за здравство, ќе го реформира и ќе го опорави здравството.Па момакот е страшен менаџер.Видете само како го реформира образованието, а не е учител (или е ??).А и пред да стане министер за образование, беше страшен и успешен менаџер, НЕ ЗНАМ каде ама нашиот ни најдобар премиер сигурно знае во која фирма се докажал како успешен менаџер и сигурно знае и дека таткото на министерот беше генерален секретар во неговата влада и тоа мора да има некаква врска со сестраниот успешен менаџер.Се мислам дека премиерот ги цени нивните фамилјарни менаџерски и оние др. квалитети, само заборавив како с�� викаа она кога само ќе клатиш глава и се е како ќе каже премиерот (Да не бешеПОЛТРОНСТВО)ПС.Еве ако министеро ни ги излечи др.момци од владата од фрустрации треба да го предложиме за нобелова награда за здравство иако он е само менаџер |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 05.08.2011 08:11:42 |
|
Како нема да го опраи здравството,ке го опраи исто како и образованието.Поранешниот состав на влада беше за никаде а овој состав сега е малку полош.На мистер Рејтинг му требат вакви министри стручни и со големо искуство.Нормално сам не може да се справи со се.Мора да има и помагала за вадење на врели компири од жарот.Ако Тодоров се покажа како добар министер за образование,сега ке се докаже во здравството а потоа ке ротира во министерството за погребални услуги.Менаџер си е менаџер,кога си го бива за се си го бива,доволно е само да клати глава. |
|
|
|
|
|
|
Од: Biljana |
Датум: 05.08.2011 08:12:53 |
|
Zdravstvoto e golema katastrofa za Mk narod. Se umira po brza postapka po vina na nedoucenite i nedokvakani "vrvni" doktori. Najgolema opasnost gi debni pacientite vo tnr klinicki centar kqde pustosat kvazi perofesori doktori, Ministerot ako e posten bi terebalo da go zatvori toj klinicki centar pa duri i Medicinskiot fakultet bidejki toj trosi ogromni pari a ne ja vrsi funkcijatra. No rabotite se hitno vo sekoj pogled. Uzas i golem sram za site. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki makedonaki |
Датум: 05.08.2011 08:39:42 |
|
Здравството со години живее на старата слава и без пари. Тешки милиони по околу 15 секоја влада троши за реформи во здравство. И што добивме. Хаос, пад на квалитетот, бегање на добрите стручнјаци во приватен сектор, електронска картица пратена со 15 печатени листови за секој преглед, над 150 вработени во министерство, општи доктори стручни директори на клиники, менадџери што менаџираат кога нема пари.Сега не очекува ништо подобро
ама после ова ќе следи подобрување во здравството. Затоа што здравството ќе стане такво што верувам дека СЗО ќе ја земе работата во незини раце. Не треба се сомневам дека ех минминистерот за образование, ќе прави реформи во здравството. Ама ако бидат како во образованието, тешко на Македонија. Верувам ќе воведе курс за доктори аналогно на она курс за директори во образование. Дечкото не е крив толку знае.Па министерот не е да мисли тој е тука да го слуша пемиерот. Со оваа сиромаштија пациенти ќе има многу. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зоки |
Датум: 05.08.2011 08:49:40 |
|
Почитувани, веднаш се гледа колку е јака мафијата во бели мантили одма почнаа да ставаат сопки но само фала на господ прв пат за министер не е доктор и ова влева оптимизам дека ќе има прогрес. По логиката на докторите треба министер за одбрана да биде воeно лице, а не сакаат да кажат а знаат дека постојат стручни советници од секоја област. Му пожелувам на новиот министер успех и како што храбро се спротивстави на зачмаената универзитетска фела научена без трудови на ловорики и приходи, истото да го стори во здравството кое 20 години докторите- министри го малтретираат и уништуваат не знаејќи како да го менаџираат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hristo |
Датум: 05.08.2011 09:29:29 |
|
SMESNO I ZALOSNO, deteto ne znae na dva vola slama da podeli, koga drzi pres konferencija go gledam ne znae edna recenica da povrze, ama seto toa e vo red, i taka ne razmisluva so svojata glava, sega mozebi ke se oprave kako minister za zdravstvo, sigurno ke napravi pak nekoja zdelka za Causesku kako so kompjuterite za ucilistata koi stojat po podrumite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Коле |
Датум: 05.08.2011 10:16:58 |
|
Ако еден ден бираме “Нај-ШУТРАК министер од 1991 до денес“, Тодоров ќе биде претендент и најсериозен кандидат за високото прво место. |
|
|
|
|
|
|
Од: dusko |
Датум: 05.08.2011 11:18:45 |
|
Tesko na zdravstvoto so ovie detista. Do koga ke si igrame so drzavata i so narodot. Dali deca ke ni ja vodat ovaa zlatna drzava. Videte sto se slucuva i so obrazovanieto, da ne zborame pak za zemjodelieto, onoj trup minister i uste potrup konj zam. minister, tesko na selanite, a uste potesko na graganite koj sekojdnevno kupuvaat poskapi zemjodelski proizvodi (a, zamislete nie graganite izdvojuvame sekoja godina nad 100 miljoni evra za zemj.proizvodstvo, imame em subvencija, em poskap zemj.proizvod), ami onoj vo odbranata, za koj ke raboti za Makedonija ili za Kosovo i Albanija, i da ne gi redam do kraj, site se isti. Ne biva pomlad minister od 50 god. i koj ne pominal menagerski vestini. |
|
|
|
|
|
|
Од: od citatel do zoki |
Датум: 05.08.2011 11:29:49 |
|
Zoki dobro e sto tvojot komentar go svativ kako obicna sega oti kakov sutrak si i ti ke mislam deka pretendiras za minister vo redovite na ovaa vlada. |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandra |
Датум: 05.08.2011 11:51:37 |
|
Ubavo si gi rotira Premierot svoite podanici. Studiozno i selektivno totalno unistuvanje. Otkako go 'reformirase' obrazovanieto, Todorov sega odi kon sledniot predizvik-zdravstvoto. Sega koga nekoj ke pocine vo hodnikot na nekoja bolnica ke mu pise ukor na nacalnikot i ke mu kaze deka e pred isteruvanje. Ama ke mu go izbrise otkako ke 'sredat' bolnicata da dobie nova medicinska oprema koja ke ja vidat pacientite vo sledniot vek otkako ke zastari. Ne e tesko da se zivee vo ovaa drzava samo covek treba da ima sovrseno zdravje i da bide nepismen,taka polesno ke si go izmenadzira zivotot. |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 05.08.2011 12:33:51 |
|
Majce ke mu rasplace na Zdravstvoto.................. |
|
|
|
|
|
|
Од: Censored od Kicevo |
Датум: 05.08.2011 13:04:17 |
|
Hahahaaaa...ne mozham da prestanam so smeenje od nazivot na statijata...
Ova e odgovor ili prashanje?
Jas mislam deka e odgovor a za shestoodelenci eve kako bi glasal: NEMA nishto da se smeni. Jadete zdravo, pijte voda za da ne dehidrirate, pazete na zdravjeto deka ako stignete za vo bolnica tuka shansite da prezhiveete vi se 50-50.
Ili ke prezhiveete ili ne :) |
|
|
|
|
|
|
Од: правник |
Датум: 05.08.2011 14:28:57 |
|
Кутар тој! Не знае колку не знае. Во нашава државичка во незнаењето е силата. Сигурна сум дека ќе го „средува“ здравството по рецептот како што тоа го правеше со образованието - ниту знае, ниту слуша.... Господ напомош! |
|
|
|
|
|
|
Од: mimi |
Датум: 05.08.2011 17:36:12 |
|
Rabotava vo Makedoniicevo dojde i do poznatata pesna
Pekar, lekar, apotekar, kolar, stolar
mogao sam biti ja, bilo sta- pa i minister |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 05.08.2011 18:05:12 |
|
luge nemojte site poministerot on nee postaven dago oporavi zdravsvoto nego dago dokosuri. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 05.08.2011 20:24:23 |
|
Колку читам овде КОЛЕ има нај издржлив коментар. |
|
|
|
|
|
|
|
|