Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Заканите на Ахмети

Гордана Дувњак

Беше ли изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека не може да биде чувар на мирот во Македонија при евентуална поделба на Косово, нож во грбот на премиерот, Никола Груевски?

И да биде иронијата уште поголема, забоден истиот ден кога Македонија ги чествуваше двата Илиндена. Кога токму неговиот старо-нов коалиционен партнер, се потеше под врелото сонце на Пелинце и повикуваше на единство и на принципите на крушевскиот ��анифест. Во мигот кога следен од извиците „Никола, Никола, ти си наша судбина“, му објаснуваше на насобраниот народ дека Бог не создал различни, но сме биле предодредени да живееме заедно и во тоа била нашата сила.

Груевски немаше време ни да ја проголта кнедлата од партискиот договор со ДУИ, по кој државата и по цена на кршење на законот и на меѓународните договори се откажа од процесуирање на хашките случаи. Ги затвори како вознемирувачка книга преку автентично толкување на амнестијата, со кое прогласи дека и овие четири случаи, влегуваат под милоста на државата.

Неполни десет дена подоцна, премиерот веќе е предизвикан да се впушти во толкување на пораките на оној со кој ја дели власта и владиниот колач. По сите завршените пазарења за министерски фотелји, директорски места, втори и трети партиски ешалони...

Како ли ги сфати Груевски, а уште повеќе целата македонска јавност, зборовите на Али Ахмети искажани за државната косовска телевизија?

Дали неговите пораки треба да се разберат како сериозна закана за мирот и стабилноста на Македонија, или пак, како абер испратен до меѓународната заедница? Сепак, Ахмети во еден дел не остави простор за сомневање. Јасно си кажа дека доколку дошла водата до грло (читај, има обиди за промена на границите), нема да преземе одговорност ако луѓето решат сами да се организираат.

Тогаш, никој не ќе можел да ја контролира ситуацијата како во 1990, 1999 или 2001година, доколку Албанците во случај да процениле дека им се загрозени нивните интереси во целина, заеднички тргнат да се организираат во фронт. Што преведено би значело дека немао да седат мадро, туку повторно ќе се фатат за оружје!

По ваква една експлозивна изјава дадена во овие топли денови, само надлежните од МВР преку својот портпарол Иво Котевски побрзаа да смируваат дека нема безбедносни ризици. И наместо да се даде дополнително појаснување или демант, по обичај настапи молк во Владата.

На членовите на ДУИ и онака не им паѓа на памет да ги коментираат изјавите на својот водач. Само потпретседателката Теута Арифи се обиде некако да го оправда својот партиски шеф, појаснувајќи дека изјавата не му била дадена со лоша намера.

Но, Ахмети со својата заканувачка изјава, всушност сака да испрати политички пораки на неколку адреси. Најпрво, до косовското раководство, за да им порача колку е важно да истраат на целовитоста. Потоа, до владиниот партнер Груевски за да не негува илузии дека ќе му помага ако дојде до најтешкото. Еден сигнал и до меѓународната заедница, за да ги потсети каков ризичен потег за регионот би била евентуалната поделба на Косово.

За жал, и оваа изјава на челникот на ДУИ, јасно покажа дека Албанците се уште се врзани со папочна врвца со Косово. Позагрижени се за судбината на своите браќа и за Косово, отколку за својата земја во која што живеат, работат и учествуваат во власта.


#
Статијата е прочитана 1981 пати.

Испрати коментар

Од: Turcin
Датум: 05.08.2011 01:18:29
So kogo ste se fatile pobratimi, pa ce pravite drzava. Pa gledate li vie deka toj Ahmeti i tie okolu nego se okoreli kriminalci i ne gi interesira drzavata tuku foteljata zaradi kriminal kako i ovie sto se pravat golemi anticki makedonci. Lojalnite gradjani gi zatvaraat i gi nistat za da ja pokazat silata. BEDNICI
Од: kitan
Датум: 05.08.2011 02:29:11
Do turcinot bravo za komentarot se slozuvam 100% so tebe neka razmislat obicnite i posteni gradjani vo makedonija.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 05.08.2011 03:27:38
Pa lugje,edno isto verglam celo vreme:Sto porano fino lepo razgranicuvanje so MK-Albancite,tolku podobro za mirot i spokojstvoto za ostanatite.Vo Makedonija vladee principot "povuci-potegni" pod medijaterstvo na SAD i EU i se dodeka Balkancite dozvoluvaat da im se meshat odnadvor,regionot nema nikogas da se smiri.Vreme e za Balkanska konferencija na koja ke ucestvuvaat samo zemiite od regionot i konecno da se najde najstabilno i trajno resenie,pa bilo toa i prekrojuvanje na granicite.Jas odamna mislam deka sozivot so Albancite nema perspektiva,ne deka se zloben narod,tuku poradi faktot sto mentalniot sklop i nacinot na razmisluvanje ne ni se sovpagjat.Se dodeka zapadot go ozivuva sonot za golema AL,nasiot region ke se tresi poradi etnicki tenzii.Balkancite treba ednas MASKI(!) da im se sprotivstavuvaat na golemite sili so zborovite:STOP i KRAJ-od sega ponatamu Balkancite sudbina ke ja prevzemaat vo sopstveni race.Ako treba ke se osnovi Balkanska unija,koja rado bi sorabotuvala so EU!Pz
Од: toni
Датум: 05.08.2011 04:04:45
Izjavata na G-din Ahmeti ne bese noz vo grb na Greusvski tuku noz vo grb na site Makedonci . Dali gopsogjata Duvnjak kako Mkaedonka go pocuvstvuva toa ili ne ?
Од: makpop
Датум: 05.08.2011 07:54:32
alo decko balkanot ke kaze stop na amerika i evropa???? iskreno ne te svakjam bez nivna dozvola i rusija e ogranicana vo odredeni oblasti a kamoli nie edno predgradie na nekoja evropska metropola... a ne znam koga ke receme stop na makedonskiot cinizam i predastvo mene toa me plasi
Од: Коста Стоименовски
Датум: 05.08.2011 07:58:24
Албанците имаа голема среќа што нивниот голем интелектуалец Васо Пашко, со кратката, но, мошне јасна синтагма: „Албанизмот е единствена религија на Албанците“, создаде платформа за обединување на неговите сонародници независно од нивната верска определеност и од местото каде живеат! Македонците можат само да им завидат на Албанците за високо изграденото национално чувство (јазик, знаме, државност...) и да жалат што немаат среќа и ним тоа да им се случи. Енвер Хоџа пет децении Албанците од Албанија ги држеше како во затвор, но, тие, за разлика од нашите „генијални“ политичари, не се занимаваат со него, туку се свртени кон иднината на државата и народот! Некогаш најнеразвиената земја во Европа со големи чекори оди напред, а Македонија веќе почнува да го зазема нејзиното место!
Од: Do Toni
Датум: 05.08.2011 08:31:12
Pa Makedonija i makedoncite bea protiv koga so politicka volja gi oslobodi Haskite slucai Gruevski. No toj ladno im ja prefrli topkata na pratenicite od sobranieto, zatoa sto nemozat da mislat so svojata glava(zalno i tazno). E sega spored tebe vinata ke bide kolektivna, taka? Zatoa se bira lider koj nema strav da prezeme cekori koi se bolni i teski da se ostvarat. Uste ednas jasno i glasno za da me razberes: Makedonija i Makedoncite jasno se izjasnija sto treba i sto sakaat, samo Gruevski molcese. E sega e red toj da se izjasni a ne da molci kako sekogas.
Од: od mene
Датум: 05.08.2011 08:50:35
Da izlezam jas sega kako obicen gradjanin i da dadam nekoj los komentar za Grujo (primer deka praktikuva diktatura) vednas ke dobijam tuzba i ke bidam ekspresno osuden na paricna kazna. Takvi primeri veke imase. Arno ama koga Ahmeti ke kaze nesto, pa makar toa bilo i protiv drzavata, nikomu nisto. Da ne zaboravime, Ahmeti e del od vlasta i prima plata od narodot. Za zal po kojznae koj pat se pokazuva deka Albancite vo Makedonija se odnapred amnestirani za sekoja losa rabota sto ke ja kazat ili napravat. Vo medjuvreme Grujo ke si molci, i ke si molci, i ke si molci...
Од: Алија Ахмети
Датум: 05.08.2011 10:02:09
“ Браќа и сестри албани од Косово: Спуштете ја топката и угледајте се на нашиот пример од Македонија! И ние, албанците од МК, иако имавме министри и бевме во власта, во 2001 година се фативме за оружје и успеавме да направиме би-национална држава. Тоа со Охридскиот договор го крстивме како мултинацционална. Еве годинава, дури успеавме и некои наши психопати кои се изживуваа на цивилно население, да ги прогласиме за борци и да ги амнестираме. Убаво си ја “наредивме“ работата и со националистичката партија на македонците. И супер ни е. Затоа, по нашиот модел, направете договор со Србите и направете бинационална држава како што ние направивме со македонциве. Ние бевме во слична ситуација како сега србите кај вас и немојте светот да ве прогласи за шовинисти“
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 05.08.2011 13:18:48
Повеќе пати има напишано и објавено во пишаните медиуми, но и во мојата книга под насло: Лелек на граѓанинот Македонец, дека во нашава земја има еден класичен бандит и еден салонски бандит со свои свити, кои постојано се огласуваат на еден или друг начин против македонството. Тоа скоро да нема битна разлика со диеењето на грчките глупаци и исчекувањето во заседа на бугарските подлеци! Еве, издиктираниот рамковен договор од белосветски протуви, не помогна да се вразумат, туку истиот го злоуптребуваат за оставрување на она што не го остварија со силата на оружјето! Према тоа неодамнешната смешна изјава на Ахмети дека не го гарантирал мирот во Македонија ако се отцепело северно Косово, говори за неговата волчја нарав, но и за глупоста на оние што садат тијви со него!
Од: gragjanin na RM
Датум: 05.08.2011 14:18:29
Gi citam izjavite na Ahmeti i ne im veruvam na sopstvenite oci,pa mozno li e deka Makedoncite se vo tolku dlabok son da ne gledaat sto im se sprema.Ne izvlekoa li pouka od vostanieto na " borcite za covekovi prava i slobodi " i ramkovniot dogovor so koj RM nagolemo zacekori vo federalnite vodi odnosno dvonacionalna drzava!!So ogled na toa kolku dlaboko spijat i sonuvaat izgleda deka koga se razbudat RM veke ke ja nema!!
Од: komsija
Датум: 05.08.2011 16:09:05
Ovaa Gordana navistina ja biva da napise nesto dobro,hrabra zena...cestitki za nea
Од: Виктор
Датум: 05.08.2011 16:31:17
А бе Тони, госпоѓата Дувњак не владее заедно со Ахмети веќе три години и не договори амнестија на убијци за братучед и’ да остане на функција, Груевски го направи тоа.

Најди! во Утрински
Насловна
Олеснувачите и „отежнувачите“ ќе слават во Охрид
Раскол во Комисијата за лустрација
Печатено
Ќе го оправи ли Тодоров здравството
Три или три и пол - нам ни треба двојно
Нова стратегија во културата
ФФМ ќе инкасира до 300.000 евра од ТВ-права
Македонија темен вилает
Милчин најави тужба на решението на Комисијата за лустрација
Хрватската ѕвезда - бремена!
Стаса фалангата на Александар
Лето во Скопје
Работнички го доби Лацио во плејофот за Лига Европа
Никаде без заштитен фактор 30
Третина од болницата во Бардовци ќе биде реновирана
Лето 2011 – антидемократски пекол
Фестивалот АКТО годинава на тема „Работи никогаш“
Балкански конгрес – втор пат
Арсенал против Удинезе во плејофот за ЛШ
Проработи Градскиот базен во Охрид
Папандреу моли за итна помош од еврозоната
Стил
Нема договор за Косово, српските блокади остануваат
Онлајн вести

"""