|
|
|
|
|
|
Мислења
Балкански конгрес – втор пат
Тодор Пендаров
На северот од Косово врие, нашите државни органи молчат како тоа да не се случува близу нас
Изгледа ние немаме среќа со глобалните, а уште помалку со регионалните збиднувања и токови. Еве, Грциве навистина не се фер, туку најбезобразно одбиваат да банкротираат, иако некои наши медиуми барем по пет пати во денот најавуваат дека Грција е „тропа“ (дебармалски израз за банкрот). Во суштина ако ��акаме едноставно да го дефинираме известувањето околу должничката криза на Грција тоа се сведува на онаа наша злобна балканска карактеристика „да му умре козата на комшијата“. Демек ако Грција банкротира тогаш апсурдниот спор со нашето име наметнат од нив ќе се реши веднаш.
Глупост, како што беше и глупост, односно најголема грешка, направена од оние политички структури и политичари кои го прифатија „привременото име“ ФИРОМ и кога се лажеше најгрубо дека тоа е привремено решение, кое ќе се надмине за 3-6 месеци.
Сега се заоструваат состојбите на Косово. И повторно кај нас освен голо пренесување на агенциски вести нема ништо друго. Ниту државните органи, ниту експертската јавност, ниту медиумите, а уште помалку невладиниот сектор, не рекоа ниту збор за ова. Последните настани на северот на Косово се само врв од ледената гора која не го опфаќа само Косово туку целиот регион. Ова го потврди во минатата недела и српскиот претседател Борис Тадиќ кој во интервјуто за телевизијата Б92 јасно кажа дека кризата на Косово не е само прашање кое се ограничува на односите помеѓу Белград и Приштина туку на целиот регион Западен Балкан.
А, дали забележавте дека регионот Западен Балкан се' повеќе се стеснува. Хрватите веќе се збогуваат, Црна Гора има реални услови и таа многу брзо да стави нога на евроатланското тло. И така цврсто закотвени на Балканот остануваме уште ние, Србија, Босна и Херцеговина Албанија и Косово. Во истото интервју на прашањето дали излезот од ова го гледа во поделбата на Косово, Тадиќ беше дипломатски многу јасен и одговори. „Секое решение кое ќе ги задоволи интересите на двете страни и ќе доведе до трајна стабилност во регионот е прифатливо“.
На Белград многу добро му е јасно дека патот во Брисел води преку Приштина, како што нашиот процес на евроатланските интеграции води преку изнаоѓање на решение за апсурдниот спор наметнат од Атина. Ако некои мислат дека изјавите за поделба на Косово кои во последно време доаѓаат од највисоки српски претставници, а притоа се оди дотаму да се предлага за ова Белград да преговара со Тирана, се чиста случајност или некаков неконтролиран испад на српските политичари, тогаш е или наивен или едноставно се плаши да ја погледне реалноста. Зарем се заборави дека Медлин Олбрајт (дамата со безброј брошови) уште пред 5-6 години изјави: „Зошто Европа се плаши од Голема Албанија?“ И јас се прашувам зошто?
Навистина би било наивно ако се верува дека косовскиот премиер Хашим Тачи самоиницијативно и во име на косовската сувереност и територијален интегритет ги пушти косовските специјалци да ги заземат двата гранични премини, а пред тоа да воведе ембарго за производи и стока од Србија. Уште понаивно е да се верува на амбасадорот на САД во Приштина, кој веднаш по акцијата на косовските полицајци, изјави дека Тачи не се консултирал за ова со Американците и Вашингтон не стои зад оваа акција. А само неколку месеци пред ова Американците преку ноќ го сменија претседателот на Косово Беџет Пацоли (демек бил избран противуставно) и од џеб на Тачи и на другите косовски лидери им дадоа плико со името на актуелната претседателка.
Неодамна, во белградски НИН излезе колумна потпишана од бившиот амбасадор на Велика Британија во Србија во која тој отворено зборува дека на регионот Западен Балкан во име на стабилноста и неговата евроатланска иднина му е потребен нов Берлински конгрес. И ова ќе помине, барем кај нас, како личен став на некои си бивш амбасадор?
Вакви и слични пробни балони сега редовно ќе се случуваат. Добро, тоа е дел на најразличните интереси на големите играчи на глобално нивно преклопување и ако сакате конфронтација на ниво на регион (Западен Балкан), но и пошироко. И тука, ние како држава не можеме многу да смениме. Тоа што можеме да направиме е преку јасни и навремени реакци и јасно изразени ставови на надлежните државни органи, преку медиумите и со учество на јавноста (ако воопшто ја имаме) преку невладиниот сектор, од една страна на пошироката јавност да и' се дадат доволно квалитетни информации што се случува, и така да се формира колку толку хомогено јавно мислење. На овој начин можеме во исто време на тие големи играчи да им се презентираат нашите ставови и интереси, односно на некој начин и да им се наметнат и да ги вградат во своите интереси и сценарија. Во спротивно ќе ни се повторуваат одлуки како што беше ФИРОМ или на маса ќе ни се ставаат готови Рамковни договори.
Ние ќе ги лапнеме што би рекол народот „како клен дудинка“ а нашите политича��и секако поткрепени од најразлични експерти сите со академски титули ќе се правдаат како ете целиот свет на нашиот грб ги крши сите принципи на меѓународното право, на демократијата, човековите права и слободи, а патриотските новинари повторно ќе пишуваат за мрачни сценарија на нашите најголеми сојузници и квази пријатели. На Берлинскиот конгрес, за разлика од другите балкански народи, немаше ниту еден претставник Македонец.
Убеден сум дека единствено македонските бизнисмени и тајкуни задоволно тријат раце по одлуката на косовската влада да стави ембарго на увоз од Србија (српскиот извоз во Косово изнесува 400 милиони евра). Сигурно од скриените места ги извадиле тефтерите од времето на ембаргото врз Србија и Црна Гора, потсетувајќи се на старите врски и пријатели, тарифите за „подмачкување“ и ред други корисни „бизнис информации“. Нормално, бизнисот си е бизнис, а тој не познава ниту граници ниту етнички или други разлики, а во вакви ситуации преку ноќ се станува милионер, се' друго не е важно.
(Авторот е новинар) |
#
|
Статијата е прочитана 1494 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 05.08.2011 04:52:25 |
|
Sporot so Grcija mozhe da se reshi samo koga jasno i glasno se objavi deka dnenshnite MakedonCI nemame apsolutno nikakov kontinuitet so antichkite MakedonOS. 7 godini pred Berlinskiot Kongres narodot na ovie prostori se izjasnil nacionalno koga glasel da se pripoi kon Bugarskata Ekzarhija. Taa ochigledno ne bila posebna crkva, toku "nacionalna kulturna avtonomija". Vo Berlin nemalo ni eden Bugarin, no za site Kongresot bil Katastrofa. Togash se pojavila prvata pesna za Makedonija: "Evropo, bludnice Vavilonska, krvnice Makedonska". Pochnala sakralizacijata na iminjata Makedonija i MakedonCI. Za idnite generacii ne bilo probvlem da bidat istovremenno MakedonCI i Bugari, kako denes imame Albanci i Kosovari. No i ovo se promenilo po 1944. Samo vistinata kje ne oslobodi. Koga ja bbjavime site sporovi kje se reshat preku nokj. |
|
|
|
|
|
|
Од: BgMak |
Датум: 05.08.2011 06:29:16 |
|
"На Берлинскиот конгрес, за разлика од другите балкански народи, немаше ниту еден претставник Македонец. ">>>>???Дали е тоа шега? Берлинскиот конгрес (13 јуни - 13 јули, 1878) е средба на државните претставници на тогашните шест големи сили / Велика Британија, Австро-Унгарија, Русија, Франција, Германија, Италија / по прашања со европски интерес: статусите на Цариград, Босфорот, Дарданелите, Романија, Србија, Црна Гора; создавање на Бугарска држава. Македонија да jа брои авторот за 7-та голема сила, за да биде и таа на масата на преговорите? |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 05.08.2011 07:25:13 |
|
Во времето кога кулминираше кризата во и околу БиХ, Хенри Кисинџер ја даде следната изјава: Зошто да ја спасуваме мала Југославија кога се распадна големата Југославија?“ Голема несреќа е тоа што во времето кога се крои судбината на З. Балкан на чело на нашата држава се наоѓаат ситни самобендисани и суетни политичарчиња кои немаат ама баш никаков државнички капацитет и кои, заради дневно-политички потреби, се свртени кон минатото, коцкајќи се со иднината/судбината на државата! Во овие критични моменти кога се решава судбината на регионот и на државата и народот, нивна приоритетна цел е пресметката со комунистите, со неистомислениците, со „кодошите“ и тоа само од редовите на критичарите на нивната политика, со „предавниците“. Заслепени од власта и од парите, решени се по секоја цена да ја бранат и држат власта. Со секоја нивна нова изборна победа се зголемува репресивноста на нивната политика, занесувајќи се дека со сеење на страв во општеството можат бесконечно да владеат!? |
|
|
|
|
|
|
Од: R.Topciev |
Датум: 05.08.2011 09:24:04 |
|
pameten, не сум сигурен дека Бугарите ќе се помират со македонизмот. Формално на дипломатско ниво тоа може да стане, но на втор план (преку луѓе како Каракачанов и Божо Димитров) борбата ќе продолжи. За да разбереш со кого си имаш работа, погледни тоа: http://en.wikisource.org/wiki/Great_Battles_of_Bulgaria |
|
|
|
|
|
|
Од: perica |
Датум: 05.08.2011 11:50:33 |
|
Ubava analiza, eve sto ne e kazano:
1.Biznisot vo MK e pod potpolna kontrola na politikata, pa se znae koj vsusnost zarabotuva.
2. Samo naivni ne veruvaat deka zad sozdavanjeto na koalicijata VMRO- DUI, ne stoi debela finansiska konstrukcija vo koja sto golema uloga ima biznisot so Kosovo.
3. Vo matno karuvaat i srpskite "biznismeni"i toa tokmu onie koj se debelo povrzani so familijata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 05.08.2011 12:19:06 |
|
Toa se, oznacuva da site na Balkanot se povrzani so nekoja snaga koja rukuve so site. Si ima prednots, a tie koji sakat vojna se pod miskata na tie snagite, a
NATO ke ne izbrka po na sekade i site ke se borime za NATO ama protivu eden drug. Luda kuka se rastura.
A nie ne se naucivme sami da se vladuvame.
Zavisnici ke bideme do vek ili ako prvo ne se unistime megusebno. Toa li e nasiot son? |
|
|
|
|
|
|
Од: tuka si ili ne |
Датум: 05.08.2011 13:26:27 |
|
kako toa nikoj ne se javil od drzavnite organi. se javi NAJGOLEMIOT DRZAVEN ORGAN ALI AMETI I RECE: ako odi kosove kurban na dva dela, ce go odi i makedonja. ostanatite paljacovci od organi se skrija pod jorgan planina i se slozija so Ali da ne jadat po mucka. neli e taka Vlatko o vecen studentu, o ilija o naucniku, o pavle tjananov o muva bez glava i ostanati tovarisi revulucioneri em patrioti. se ceka samo Horhe da zbici vo javnosta nekoja "mudra" idea. na pr: si e.. majkata kosmodiskot, se sokrsi na dva dela po krivica na BC. ama nasiot del e pogolem od onoj na ALI AMETI. |
|
|
|
|
|
|
Од: do "pameten" |
Датум: 05.08.2011 20:46:47 |
|
Sporedbata na Makedonija so Kosovo e maloumna.Kosovo nema drzaven kontinuitet i istorijata ne pameti kosovska drzava vo minatoto.Makedonija imala vo razni periodi drzava i kako i sega i porano nie Makedoncite sme imale makedonski identitet i koga nekoi nasi sosedni narodi nemale identitet. |
|
|
|
|
|
|
|
|