Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Вацлав Хавел добитник на наградата „Франц Кафка“

Драмскиот автор, писател и поранешен чешки претседател на Чешка, Вацлав Хавел, е лауреат на Меѓународна книжевна награда „Франц Кафка“, која годинава се доделува по јубилеен десетти пат.

Наградата, која се доделува на автор чии дела и исклучителен квалитет се наменети за читатели, без оглед на нивното потекло, националност и култура - соодветно на творештвото на Кафка, кој е еден од најзначајните писатели на 20 век, завчеравечер Хавел ја прими во чешката престолнина.

„Од различни причини јас неверојатно го почитувам Франц Кафка. Го читав во младоста кога не беше толку познат и популарен и секако дека ми е задоволство што добив награда која го носи неговото име“, рече Хавел по повод доделувањето. Тој додаде дека не се чувствува како негов ученик, туку како човек кој посебно ги разбира и има специфична чувствителност за некои основни теми на Кафка.

Бронзената статуа, која е всушност намалена верзија на споменикот на Кафка, што се наоѓа во Стариот град на Прага, прв ја доби американскиот писател Филип Рот, по него австриската драмска авторка и писателка Елфриеде Јелинек, како и јапонскиот писател Харуки Мураками и чешкиот автор Арношт Лустиг.

Минатата година наградата отиде во рацете на контроверзниот книжевник од австриско потекло Петер Хандке. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Локомоушн 3“- успешно споделен авторски диверзитет со публиката
Симфониски концерт во АРМ
Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски
„Пред дождот“ на Манчевски во Украина и во Тајван
Амернис Нокшиќи-Јовановска: Навиките се стекнуваат од мали нозе
Саат-кулата и Музејот се приоритет на Прилепскиот завод и музеј
Библиографија за Борко Лазески






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000