Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Пред дождот“ на Манчевски во Украина и во Тајван

Македонскиот филм „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски вчера беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал „Молодист“ во Киев.

Како што соопштува „Банана филм“, по повод 40 години од постоењето на Меѓународниот филмски фестивал „Молодист“, „Пред дождот“ ќе биде прикажан во изборот од најдобри филмови прикажани во четириесетте претходни фестивалски изданија. На проекцијата во Киев се очекуваше да присуствува и Милчо Манчевски.

Филмот ќе биде прикажан и во Тајван на покана од „Клубот на мислители“ од Универзитетот во Хсинчу. Клубот организира месечни семинари на кои се охрабруваат дијалогот, дебатата и размената на идеи меѓу студентите. Секој семинар почнува со внимателно избран филм од светското кинематографско наследство, за кој раководството смета дека ќе има силно влијание врз темата за дискусија. Првиот семинар на Универзитетот оваа година ќе биде на тема „Глобални п��рспективи на етничкиот конфликт“, а ќе биде отворен со филмот на Манчевски.

„Пред дождот“ е добитник на „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, номиниран е за „Оскар“ и е добитник на уште 30 награди. „Њујорк тајмс“ го вброи меѓу 1.000 најдобри филмови на сите времиња. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Локомоушн 3“- успешно споделен авторски диверзитет со публиката
Вацлав Хавел добитник на наградата „Франц Кафка“
Симфониски концерт во АРМ
Дополнето издание на „Сес��рата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски
Амернис Нокшиќи-Јовановска: Навиките се стекнуваат од мали нозе
Саат-кулата и Музејот се приоритет на Прилепскиот завод и музеј
Библиографија за Борко Лазески






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000