Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски

„Дијалог“ од Скопје деновиве го објави новото дополнето издание на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски. За овој роман Гоце Смилевски ја доби Наградата за литература на Европската унија што ја доделува Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи. Високото признание на авторот ќе му биде врачено на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел.

Со фрагменти од романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ минатата година Гоце Смилевски беше застапен во антологијата „Најдобра европска проза“ меѓу 30 истакнати писатели од европските литератури.

Гоце Смилевски е добитник на повеќе книжевни признанија, меѓу кои: Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за романот „Разговор со Спиноза“; Наградата на австрискиот и на македонскиот ПЕН-центар за драмата „Три куси танцови чекори преку границата“; Наградата на Централноевропската иницијатива за најдобар европски писател до 35 години; и сега – Наградата за литература на Европската унија за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Романот „Разговор со Спиноза“, кој во Македонија доживеа пет изданија, е објавен и во Соединетите Американски Држави, Полска, Словенија и во Хрватска, а „Архипелаг“ од Белград го презентираше во рамките на едицијата „100 словенски романи“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Локомоушн 3“- успешно споделен авторски диверзитет со публиката
Вацлав Хавел добитник на наградата „Франц Кафка“
Симфониски концерт во АРМ
„Пред дождот“ на Манчевски во Украина и во Тајван
Амернис Нокшиќи-Јовановска: Навиките се стекнуваат од мали нозе
Саат-кулата и Музејот се приоритет на Прилепскиот завод и музеј
Библиографија за Борко Лазески






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000