Симфониски концерт во АРМ
Вечерва во 20 часот во Домот на АРМ во Скопје под диригентство на Борјан Цанев ќе биде одржан симфониски концерт каде што како солист ќе настапи реномираната пијанистка Марија Ѓошевска.
На програмата е увертира од операта „Ифигенија во Аулида“ од К. В.Глук, ретко изведуваната „Симфонија бр.4 Бе-дур оп.60“ од Л. В. Бетовен, а пијанистката Ѓошевска ќе го изведе „Концертот за пијано и оркестар во Ц-мол“ од В. А. Моцарт. (К.Б.) |