Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Локомоушн 3“- успешно споделен авторски диверзитет со публиката

Кон Фестивалот за современ танц „’Локомоушн 3‘ - Простор за дијалог“

Емилија Џипунова

Од 16 до 23 октомври во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа третиот по ред, Фестивал за современ танц „Локомоушн3 - Простор за дијалог“, во кои беа опфатени повеќе аспекти, привлечни за неговата публика.

Тој започна со делото „Мув-АС” („Приказни за телото 4“), чиј автор на концептот, режијата, кореографијата е Снежана Премуш, додека автор на движечкиот материјал и изведбата беше Примош Безјак. Дизајнер на светло беше Давид Орешиќ, музичкиот аранжман дело на Иван Мијаќевиќ, а зад костимите, фотографијата и дизајнот стоеше Мадстер. Со ова дело, гостите од Словенија беа во знакот на тестирањето и во функција на телото, на неговата мускулатура и движечка енергија, особено нагласена во вратот и главата, обоени со одредени симболични знаци. Симболика што порачува дека телото не треба да биде само предмет на рефлексна активност, туку да претставува рамнотежа помеѓу физичкото, менталното и спиритуалното кај човекот.

Мод Лијардон, танчарка и кореограф од Швајцарија ни го презентираше својот перформанс „АРНИКА 9ЦХ” („Мојот живот како танчерка“), реализиран во соработка со Пјер Александар Ламперт, автор на звукот и видео монтажата, на Давид Корнил, авторот на светлото и на камерманот Кристијан Луц. Преку танц, говор, звук и видео снимки, со шармантен хумор и самоисмејување ни пренесе дел од животот на еден танчер, внатре и надвор од сцената. Перформанс кој по својот движечки материјал-танцов израз, форма и естетика излезе од контекстот на концепциската замисла на фестивалот, но од друга страна, дијалогизирањето со самата себе, дијалогот помеѓу реалниот живот и животот на танчерката на сцена, односно себеистражувањето во физичка и морална смисла, го оправда своето присуство на сцената при МКЦ.

Два дена потоа, Франаческо Скавета, кореограф од Норвешка водеше аудио -танцов дијалог преку својата кореографија во изведба на танчерките и танчерите и со, во живо, изведената музика на перкусионистички инструменти и на виолончело од Џон Болка и Сноре Бјерч. Преку мошне впечатливо исконструираниот движечки материјал (помеѓу паѓањето и одржувањето на рамнотежата на танчерките и танчерите, нивната телесна активност, пулсот и ритамот на дишењето), на крајот создаде една синхронизирана, со ритамот и звукот на музиката, движечко танцова целина.

Третиот и последен дел од програмата на „Локомоуш 3” им припадна на младите танчери, истражувачи на современата танцова форма од Македонија и пошироко во регионот, студенти на Танц Академијата „Номад“. Вечерта започна со проектот „Да се чува на собна температура“, на авторите - кореографи, сценографи, костимографи, осветлувачи и изведувачи: Александар Георгиев (Македонија) и Игор Коруга (Србија). Авторски проект кој според авторите го истражува, „Патетичното“ и неговото присуство во општеството. Проучување на перцепцијата на „Патосот“ на едно „Интимно место“, каде што тие ќе можат да си играат со процесот на правење кореографија... Преку серија на кореографски секвенци со различна кинетичка енергија и движење на телото во просторот и времето, со чекорење или пренагласени вртења, скокови и паѓања, со хармонично испреплетување на двете тела на подот или стоечки, до гестикулации и мимики проследени со звучна подлога од песна, звуци и мелодија, од крикови и рикот, танчерите ја пренесоа својата порака, избалансирана од наизглед неконтролиран пристап, до мошне интересно осмислени кореографски решенија.

Со творечка енергија која меѓу другото подразбира и актуелизирање на потребата за откривање на нови процеси и активирање на ментален план и телесна акција, Кире Миладинов, автор на идејата концепт, кореографија, видео дизајн и изведба, го презентираше својот најнов перформанс „Бубачки“. Приказ за еден травестит, како припадник на дискриминирана група на луѓе во општеството. Вдахновено и храбро Кире влегува во еден социјален конфликт, кој речиси неразбирливо струи во секојдневнието, но и во откривањето на потресната судбина на човекот и неговата потреба за малку љубов и родителски допир.

Ако мотото на годинешниот Фестивал за современ танц беше да „дијалогизираме“ и да го споделиме со публиката авторскиот диверзитет, тогаш Викторија Илиоска (Македонија) со својот перформанс „Те гледам“ тоа и го стори.

За пополека, навидум отсутно присутни, авторката и изведувачите: Еста Матковиќ (Хрватска), Доман Шега (Словенија), Климент Поповски и Викторија Илиоска (Македонија), седнати на столчиња, преку серија од инцидентно провокативни погледи упатени директно кон одредени гледачи во салата и со се позабрзано темпо на дејствување, да создадат движечко - вербален контакт, за на крајот, со заменување на местата на седење да создадат и една органска целина- сцена, гледалиште, гледалиште-сцена.

И последната претстава „Драги“, проект на кореографот Ана Јосифовска и на Викторија Динева и Крсте Господиновски, автори на концептот за кореографија, дизајн, светло и видео. Тие, своето внимание го насочуваат кон спојот меѓу изведувачката и визуелна уметност. Врз звуците од музиката на Господиновски и убаво обмислените кореографски решенија во живо, и на видео - бимот, создадоа една целина низ која провејуваа прашањата за кои авторите го бараат одговорот.


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Вацлав Хавел добитник на наградата „Франц Кафка“
Симфониски концерт во АРМ
Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски
„Пред дождот“ на Манчевски во Украина и во Тајван
Амернис Нокшиќи-Јовановска: Навиките се стекнуваат од м��ли нозе
Саат-кулата и Музејот се приоритет на Прилепскиот завод и музеј
Библиографија за Борко Лазески






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000