Амернис Нокшиќи-Јовановска:
Навиките се стекнуваат од мали нозе
На прашањето што читам во моментов би рекла: Само што ја завршив „Бруклински будалаштини“ од Пол Остер, која ми остави многу голем впечаток, бидејќи со самото читање писателот те води по патеки, патчиња за кои читателот не е ни свесен, те вплеткува од приказна во приказна…навистина фантастична книга.
Во мојот случај нема некоја посебна желба за читање. Според мене, или сакаш или не сакаш да читаш. Само едно знам: ако во некоја книга не ми се допаднат првите дваесет-триесет страници, ја оставам. Едноставно, не сакам да губам време на книги што од почеток не ми го привлекуваат вниманието или што не ме внесуваат во самата приказна.
Кога пред себе ги гледаш родителите имаш пример, а тоа е најдобриот поттик и самите ние да се заинтересираме за книгите. Инаку, сметам дека навиките се стекнуваат уште од мали нозе.
Во моментов би ја препорачала последната што ја прочитав, а тоа е „Бруклински будалаштини“ од Пол Остер, но, исто така, и книгата „Да се живее за да се прераскаже“ од Маркес. |