Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Новинари од Радио Кавадарци останаа на улица

КАВАДАРЦИ - „Сопственичката на Радио Кавадарци, Трајанка Митрова, не го испочитува купопродажниот договор со Министерството за економија за Радио Кавадарци. Не' остави на улица, а ни должи плати и придонеси за околу две години“, обвинија поранешни новинари вработени во Радио Кавадарци. Од 17 вработени, шестмина добиле откази, неколкумина заминале како технолошки вишок, а дел се пензионирале. Иако во член 6 од договорот со Министерството за економија стои дека новиот сопственик има обврска во наредните пет години да ги задржи сите вработени, сепак, тоа не е испочитувано.

Тие се жалат дека, и покрај тоа што имаат правосилни пресуди потврдени од Апелационен суд, не можат да ги наплатат долговите, бидејќи извршителот им кажал оти Радио Кавадарци, освен аудиомиксер и половен автомобил, нема ништо друго. (A.Д.)


#
Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: vraboten vo radio Kicevo
Датум: 28.10.2010 12:48:27
Isto evo site radija i nie od Radio kicevo ne mozeme da si naplatime iako ima pravosilna presuda za tri godini mora toa Vladata da go resi taa gu ukina radijata bez da gi transformira i da gi rascisti obvrskite kon vrabotenite
Од: POMNI i ne zaboravaj "Glasot na Makedoncite-Detroit"
Датум: 28.10.2010 20:59:59
Pa lugje prevzemete gi radijata! Ako nema nisto drugo samoto ime i frekfencija vi se dosta, ako znaete sto da pravite so niv! Eve kazete nie ke vi se pridruzime i ke pravime programa na radio Kavadarci i Radio Kicevo!

Најди! во Утрински
Политика
Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата
„Надеж“ пред Антикорупциска
Новинарството не е само бизнис
Албанија ги отпишува место да ги попишува Македонците?
Пописот бара доверба
Кривични пријави поради инсулин






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000