Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Пописот бара доверба

Пописот 2011 ќе биде во согласност со препораките на ОН и стандардите на ЕУ. Тој концепт ќе биде применет и во земјите на Унијата и во државите од регионот, каде што, исто така, ќе бидат спроведени пописи следната година. Тоа беше истакнато на вчерашната конференција организирана од Еуростат и од Државниот завод за статистика по повод почетокот на процената за пописот на населението во Македонија, што е поддржана од ЕУ, а ќе ја направи експертски тим, предводен од независниот стручњак Жан Мишел Дур.

На конференцијата се обрати и евроамбасадорот Ерван Фуере, кој истакна дека од суштинско значење за пописот е негово спроведување во атмосфера на максимална доверба, не само од страна на институциите што се надлежни за неговото спроведување, туку и целата јавност.

„Апелирам до политичките партии да работат заедно со цел да ја изградат оваа доверба. Водечката улога во овој контекст мора да ја преземат партиите од владејачката коалиција - ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Фуере.

Вицепремиерот Абдулаким Адеми и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја искажаа определбата на Владата да спроведе правичен и транспарентен попис. Адеми подвлече дека пописот во Македонија добива и друга димензија, бидејќи од неговите податоци се црпи и реализацијата на правата на етничките заедници. Во врска со најавите за бојкот на пописот, Адеми рече дека не посакува пописот да биде исполитизиран заради ситни партиски поени, бидејќи е од суштествено значење за државата.

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците вчера го посетија ДЗС, во рамките на јавната расправа за новиот закон за попис. Претседателот на Комисијата, Зоран Петрески, потоа оцени дека ДЗС е подготвен за попишување и дека не очекува пропусти. Но, во оваа обиколка на Заводот не присуствуваа пратеници од Нова демократија. „Имајќи предвид дека ДЗС ги има затворено вратите за албански кадри, ние решивме да не влеземе и да не бидеме дел од таа посета. ДЗС не го почитува Уставот во делот на соодветната и правична застапеност и албанските граѓани со право немаат доверба во оваа институција“, изјави пратеничката Флора Кадриу. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата
„Надеж“ пред Антикорупциска
Новинарството не е само бизнис
Албанија ги отпишува место да ги попишува Македонците?
Новинари од Радио Кавадарци останаа на улица
Кривични пријави поради инсулин






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000