Кабинетот на Иванов објави дека Црвенковски исплатил 340.394 евра на тројца словенечки консултанти
Катица Чангова
Случајот на поранешниот шеф на државата, Бранко Црвенковски, стигна и пред Антикорупциската комисија. По сопствена иницијатива, тимот на Илми Селами ќе го истражува случајот „Надеж“ откако јавноста ја разбранува веста во медиумите што се потпира на податоци од објавен клип на „Јутјуб“, а според кои експретседателот Црвенковски потрошил 500.000 евра на тројца словенечки експерти за односи со јавноста.
За откривање на вистината, антикорупционерите веќе оформиле предмет и побарале официјални документи и од Кабинетот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов и од неговиот претходник, Бранко Црвенковски. „Откако ќе ги прибереме информации, ќе создадеме целосна фактичка состојба и ќе се произнесеме за овој случај“, најави првиот антикорупционер. Селами очекува од Црвенковски да каже дали се точни објавените информации.
И додека Антикорупциска влегува во истрага, Кабинетот на Ѓорге Иванов вчера соопшти дека Кабинетот на претседателот во време кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата исплатил 340.394 евра на три лица од Словенија со кои склучил договори за соработка, обезбедување развој и истражување.
„Ова е утврдено по досегашната проверка на документацијата која постои во архивата на Кабинетот во врска со случајот ‘Надеж‘, извршена во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а по јавно изнесеното барање од Кабинетот на поранешниот претседател Црвенковски и интересот на медиумите за добивање прецизни информации за ангажманот на консултантите од Словенија“. Кабинетот на Иванов прецизира дека „договорите се потпишани од тогашниот генерален секретар на Кабинетот“. Притоа, во детали ги открива износите што биле префрлени од буџетот на претседателот на Македонија за консултантите од Словенија. Станува збор за 20.764.057 денари, односно за 340.394 евра. Во соопштението од Кабинетот на Иванов се наведува дека на првиот консултант од Словенија му се исплатени 8.305.626, односно 136.157 евра, на вториот 5.149.482 денари, односно 84.417 евра, а на третиот консултант 7.308.949 денари, односно 119.818 евра.
„Излегуваат во јавноста со податоци за вкупната сума за ангажирање консултанти во целиот мандат на претседателот Црвенковски, а до вчера пласираа информации дека само во 2009 година се потрошени 500 илјади евра, што и самите потврдија дека е ноторна лага“, рече портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, на вчерашната прес-конференција. Според него, продолжуваат грубите манипулации и конструкции на власта, кои очигледно се реализираат преку марионетата на Груевски и на ВМРО - ДПМНЕ, Иванов. „Колку за илустрација, во тригодишниот период, сметано од 2006 до 2009 година, целата Влада на Груевски потроши најмалку 30 милиони евра народни пари на кампањи. Од нив, државниот ревизор за 2007 и за 2008 година констатирал дека само од Генералниот секретаријат на Владата се потрошени рекордни 18 милиони евра за кампањи и реклами. Оттука, граѓаните и јавноста нека прават споредба кој, како и колку совесно ги троши народните пари“.
Ти си крадец! Не, ти си крадец! И така 20 години ... А ние простата раја гледаме од страна и заземаме страни. Те овој помалку крадел, те овој повеќе. Овој објавил тендер, овој не и така се во круг.
П.С. Во целата ситуација ме насмеа изјавата на И. Ивановски кој рече дека биле платени помалку од 50.000 евра. Е добро де, помалку од 50.000 евра е 49.999 евра или пак едно евро. Ќе да е првото.
Од: Trpe
Датум: 28.10.2010 12:49:25
ne e mnogu pari, konsultantite verojatno go posovetuvale da ne se kandidira povtorno... greshkata e sto se frleni pari za kandidatura na mnogu losh i nedolicen kandidat...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 13:08:09
Значи комедијата продолжува,не се 50.000 евра туку седум пати повеќе.Втор неуспешен обид за минимизирање на потрошеното божем цел мандат,документите велат дадени во јуни 2008 год.Но најважно е зошто се плаќа рекламерство а се ескивира изборен дуел.Инаку како изгледаат критизерите кој сами прават дубиози,те корупција со Дојче телеком ,те залудно рекламерство.
Од: risto
Датум: 28.10.2010 20:33:38
Едно не можам да разберам! Како мозат да го одвлекуваат вниманието на јавноста на спротивна страна?Од друга страна пракаат инспекции да затвораат дукани кои се конкуренти на нивни лојални војници.И јас сум член на вмро дпмне и поддрржувач на идеите на ВМРО уште од моето осознавање.Но пред некое време по налог на некој по мокен ,со асистенција на полиција ни се одземени 10 компјутери подсомнение де ка немаат лиценциран софтер без да ни дадат можност да докажеме нешто.Што ако се случи нешто слично како со ,,змиско око,,?Кој тогаш ке ја надокнади штетата?Дали државата или лично Митко Костов кој арагантно се потруди да го заштити неговиот близок? Затоа на следните избори добро ке внимавам за кого ке го дадам мојот глас!!
Од: Професорка
Датум: 28.10.2010 20:36:50
Колку е провизијата за 34 000 000 Евра за споменици? А згради, автобуси, учебници....Овој Бранко да знаеше кој ќе го наследи требаше да им ги скрие парите, а не да им остави полна каса. Селами најде “корупција“. Да не е ова да го одоброволи Вождот да му го продолжи мандатот?
Од: Strana Gledano
Датум: 29.10.2010 08:39:33
Moze nekoj vesnik da go objavi ova sovetuvanje, bi bilo interesno da vidime kolku pametni se ovie sovetnicive!