Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата

Постапките околу виокопрофилните случаи на корупција, според Брисел, траат бесконечно

Наспроти оцените на „Транспаренси интернешенел“ дека Македонија во континуитет покажува подобар рејтинг во справувањето со корупцијата, оцените на Европската унија одат во спротивна насока. Во извештајот на оваа тема, кој моментално е во процедура, ЕУ ја нарекува постапката околу високопрофилните случаи на корупција бесконечна, при што повисоките и пониските судови си играат пинг-понг, враќајќи ги судењата од една на друга судска истанца. „Општ изговор е дека треба да се утврди апсолутната вистина за случаите, иако за такво нешто не се инсистира во ’обичните‘“, стои во извештајот изработен за потребите на Европската комисија.

Според оваа оцена, на судовите не им недостасува ни кадар ни доволна специјализација за да се справат со вакви предмети на корупција од голем формат, сугерирајќи, практично, дека за завршување на тие случаи или немало основа или нема волја да се донесат до крај. Како сериозна пречка за справување со корупцијата се наведува и одлуката да се суспендираат пет судии од вкупно деветте во Апелациониот суд , така што нивната мисија според ЕУ станува невозможна. „Никој не сака да биде суден од судија под закана ниту, пак, таков судија може да изрекува пресуди во случаи на корупција во кои се замешани високи личности“, оценува Брисел заклучувајќи дека самото чувство дека судиите се под политичка контрола е многу опасна перцепција за јавноста.

Во врвот на корупцијата во Македонија и во овој извештај е финансирањето на политичките партии, иако од разбирливи причини со тоа не се бават ни власта ни опозицијата. Според наодите на Брисел, од 79 политички партии во Македонија годинава само една пријавила донација, а лани исто така, додека помалку од половината (34) ги поднеле обврзувачките финансиски извештаи.

За Брисел оваа состојба е многу загрижувачка, бидејќи покажува дека почитувањето на оваа регулатива е речиси непостојно, а податоците што се пријавуваат не можат да се земат за сигурно. „Никакви санкции не се спроведуваат за кршењето на законската одредба да се доставуваат финансиските извештаи дури и тогаш кога се предвидени, па под овие услови, тешко е да се најдат други причини освен недостигот од политичка волја да се применат, смета Брисел. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 811 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 13:13:10
Фрапантна е компарацијата за високопрофилирани судски случаеви со пингпонгот помеѓу повисоките и пониските судови.Вероватно мислеле на случјот ТЕНКОВСКИ РЕЗЕВНИ ДЕЛОВИ.
Од: Реган
Датум: 28.10.2010 20:11:48
Не е Брисел контра “Транспарентност“ туку Слободанка Јовановска со своите “неиндетификувани “ дипломати.
Од: Професорка
Датум: 28.10.2010 20:33:04
Добро е што Големиот Брат Феликс будно го следи секој текст и прв ни пишува. Има отворен налог. Браво Феликс, стануваш се поотровен и ако смеам да додадам посмешен.
Од: Феличита
Датум: 29.10.2010 09:04:24
Можеби мислеле на четирите стана на мама!

Најди! во Утрински
Политика
„Надеж“ пред Антикорупциска
Новинарството не е само бизнис
Албанија ги отпишува место да ги попишува Македонците?
Новинари од Радио Кавадарци останаа на улица
Пописот бара доверба
Кривични пријави поради инсулин






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000