Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Кривични пријави поради инсулин

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Ч.Д. (62), директор на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Ч.Д. од август 2008 година до декември 2009 година извршил набавки на инсулин спротивно на Законот за јавни набавки, односно не објавил меѓународни огласи за доделување договори за јавни набавки.

„Со ова тој ги привилегирал домашните понудувачи АД ’Реплек‘ (дистрибутер за Македонија на производителот ’Новонордиск‘ - Данска) и ’Д-р Пановски‘ (дистрибутер за Македонија на производителот Авентис - Франција), од каде што извршил набавки на инсулин во вкупна вредност од 3,52 милиони евра. Притоа, во периодот од 2007 до 2010 година за себе од застапникот на производителот ’Новонордиск‘ во континуитет остварувал приходи во вкупен износ од 5,94 милиони денари“, се вели во соопштението на Финансиската полиција. Освен тоа, Ч.Д., наводно, од 25 јуни до 23 јули годинава извршил и јавна набавка на стар ехоапарат, кој бил деклариран како нов, иако од 2006 година бил во негова лична сопственост. Во соопштението се наведува дека годинава била, поднесена и кривична пријава против Д.К. (54) и С.Б. (46), директори на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

„Тие од мај до септември 2008 година, спротивно на Законот за јавни набавки, извршиле набавки на лекови во вредност од 2,6 милиони евра“, се тврди во соопштението.


#
Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар

Од: Дијабетичар
Датум: 28.10.2010 17:33:16
Дијабетичарите во Македонија немаат никакви права и привилегии, сите здравствени услуги си ги плаќаат, си купуваат ленти за мерење шеќер во крв и во мокрача, месечно по 100 евра минимум ги кошта за неопходна терапија и уште 200 евра за правилна исхрана за да немаат дијабетични компликации. Каде е свеста и совеста на овој доктор кој е ендокринолог и на кој должност му е да се бори за полесен живот на неговите пациенти? Каде се здруженијата на дијабетичари?

Најди! во Утрински
Политика
Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата
„Надеж“ пред Антикорупциска
Новинарството не е само бизнис
Албанија ги отпишува место да ги попишува Македонците?
Новинари од Радио Кавадарци останаа на улица
Пописот бара доверба






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000