Гулит на клупата на Терек Грозни
Некогашниот најдобар европски фудбалер и капитен на холандската репрезентација, Руд Гулит (48), е нов тренер на рускиот прволигаш Терек од Грозни. Со тимот од главниот град на Чеченија потпиша договор на 1,5 години, објавуваат руските медиуми.
Во 1987 година Гулит беше прогласен за најдобар играч на стариот континент, а една година подоцна стана европски шампион со Холандија. Во 1989 година и во 1990 година го освои тогашниот Куп на шампиони со екипата на Милан.
Како тренер досега седеше на клупите на Челзи, Њукасл, Феенорд и Лос Анџелес Галакси. |