Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Металург се засилува за шампионската титула

За прволигашот од Железарница потпишаа Илиоски, Начевски и Мемеди

Миодраг Мицковиќ


Фудбалерите на Металург од 12 јануари ги започнаа подготовките за пролетната сезона за која очекуваат дека ќе биде многу поуспешна од есенската и дека за првпат во својата богата историја ќе ја освојат титулата - шампиони на Македонија. Шефот на Стручниот штаб Жикица Тасевски ќе има многу силна екипа за пролетната сезона бидејќи за металурзите веќе потпишаа Баже Илиоски, кој пред две сезони го носеше дресот на Металург, потоа поранешниот голгетер на Вардар, Драган Начески и одличниот бек Агрон Мемеди. Се очекува во текот на денешниот ден својот потпис за клубот од Железарница да го стави поранешниот фудбалер на Работнички и Вардар, Александар Крстевски. Се' уште не е дефинитивно договорено дали на Металург ќе му пристапи и младиот голман на кичевски Напредок, Зердески.

Со одлука на клубот повеќето играчи се дадени на позајмица на второлигашките екипи. Во текот на пролетната сезона за Локомотива ќе играат Додевски, Симоновски и Стојанов, дресот н�� Еуромилк ќе го донесат Давчевски и Блажевски, кој во секој момент доколку биде потребно ќе можат да се вратат во првиот тим.

Металург повеќе не смета на Демири, Клечкаровски, Дамевски и младиот Ефремовски кој навистина се' уште нема добиено исписници од клубот, меѓутоа, не тренираат и на нив тренерот Жикица Тасевски не смета за пролетната сезона.

Според распоредот на зимските подготовки играчите на Металург ќе тренираат во Скопје до 24 јануари, на игралиштето во селото Марино бидејќи теренот во Автокоманда е доста оштетен и ќе треба да се реновира за пролетните натпревари бидејќи на него играат и Скопје и Металург. Од 24 јануари па се' до 2 февруари експедицијата на Металург ќе се пресели во Негорски Бањи, потоа по кусиот престој од неколку дена во Скопје, играчите на Металург повторно ќе заминат на подготовки од 7 до 20 февруари, овој пат во Охрид.

Шефот на Стручниот штаб, Жикица Тасевски, е оптимистички расположен и верува дека неговата екипа на крајот ќе успее да ја освои титулата, толку посакувана во клубот, бидејќи разликата меѓу челната Шкендија и Ренова не е толку голема за да не може да се надомести.

- Есенва непланирано загубивме неколку бода и тоа не' чинеше да не ја освоиме есенската титула, меѓутоа, верувам дека пролетва ќе играме многу подобро и дека ќе им приредиме голема радост на нашите навивачи. Сепак, за титулата ќе се борат четири клуба, тоа се Шкендија, Ренова, Металург и Работнички. Во фудбалот не е срамота да се надеваш на најголемиот успех, тоа се однесува и на мене и на мојата екипа. Редно е и Металург еднаш да се закити со престижниот трофеј - шампиони на Македонија.


#
Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Аргентинско танго во Шведска
Антиќ и Стојановски „газат“ во Еврочеленџ купот
Венус ја одбрани честа на Вилијамсови во Мелбурн
Ананд и Накамура рамо до рамо во Вајк ан Зе
Доживотна суспензија за украински судија
Гулит на клупата на Терек Грозни