Доживотна суспензија за украински судија
Спортскиот арбитражен суд во Лозана (ЦАС) ја потврди одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за доживотна суспензија на украинскиот судија, Олег Орехов. На судење во Бохум беше докажана негова соработка со криминална груоа која се занимавала со лажирање на резултати на фудбалските мечеви. Орехов се жалеше до ЦАС правдајќи се дека, поради слабото познавање на англискиот јазик, не пријавил контакт со лица кои сакаа да местат резултати.
Нему му биле понудени 50.000 евра за да влијае врз исходот во евролигашкиот меч меѓу Базел и ЦСКА Софија одигран на 5 ноември 2009 во кој Швајцарците победија со 3:1. |