Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Венус ја одбрани честа на Вилијамсови во Мелбурн

Американката беше на работ да го предаде мечот со Захлавова, но победи, и покрај болките во слабините

Американката Венус Вилијамс издржа докрај, и покрај силните болки во слабините, и остана да ја брани семејната чест на Австралија опен 2011 во отсуство на нејзината помлада сестра Серена. Петкратната победничка на првиот сезонски Гренд слем се пласира во третото коло во Мелбурн по триумфот над Сандра Захвалова од Чешка, 97. светски рекет, со 6:7, 6:0, 6:4 иако беше на раб да го предаде дуелот.

„Беше навистина тешко. Но, толку далеку сум од дома, не сакав да се откажам и прерано да го напуштам турнирот. Човек мора да биде подготвен да игра во секакви околности. Долго немам предадено меч, затоа не сакав тоа да го сторам и во овој“, изјави Венус Вилијамс по победата.

По драматичниот прв сет кој чешката тенисерка го доби во тај-брејк по 79 минути игра, Венус, побара медицинска помош поради болки во препоните што видно ја измачуваа во продолжението. Но, Американката стисна заби и успеа да го скрши отпорот на противникот по повеќе од три часа минати ��а теренот.

Во третото коло минаа уште и Каролина Вожњачки, Жастин Енан, Викторија Азаренка, Марија Шарапова и Светлана Кузнецова. Енан и Кузнецова ја формираат дерби двојката кај дамите во наредната рунда на Австралија опен. Друштво ќе им прави и шестата носителка и ланска победничка на Ролан Гарос, Италијанката Франческа Скијавоне, која за разлика од нив, се мачеше против Ребека Марино од Канада, но на крајот сепак славеше со 6:3, 5:7, 9:7. Второто коло не го минаа три носителки. Најзвучна меѓу нив е Марион Бартоли од Франција која загуби од Русинката Весна Манасиева со 3:6, 6:3, 6:0. Нејзина следна противничка ќе биде Летонката Анастасија Севастова која ја изненади 21 носителка Јанина Викмаер од Белгија со 6:4, 6:2. На Австралија опен 2011 ќе ја нема ниту минатогодишната полуфиналистка на Вимблдон, Цветанка Пиронкова. Подобра од неа беше Романката Моника Никулеску со 6:4, 6:1.

Јанко Типсаревиќ пропушти огромна прилика за победа над 9 носител, Фернандо Вердаско. Популарниот Типси имаше водство од 2:0 во сетови, двапати сервираше за победа и имаше три меч топки, но ништо од тоа не му беше доволно за триумф и пласман во третото коло. Шпанецот спаси се што можеше и на крајот лесно го доби петтиот сет со 6:0 и си обезбеди дуел со Јапонецот Кеијо Нишикори во наредната фаза. Насмевката на лицата на српските фанови, сепак, ја вратија Виктор Троицки по победата во четири сета (6:4, 6:2, 1:6, 6:3) над Никола Мау од Франција и Новак Ѓоковиќ кој стигна до третото коло преку Хрватот Иван Додиг ( 7:5, 6:7, 6:0, 6:2).

Шестиот носител Томаж Бердих се проби во третото коло по победата на Германецот Филип Колшрајбер (4:6, 6:2, 6:3, 6:4). Чехот, кој лани играше инале на Вимблдон и полуфинале на Ролан Гарос, во третото коло ќе се соочи со 28 носител, Ришар Гаске од Франција. Американецот Енди Родик во три сета (7:6, 6:2, 6:3) го елиминира Игор Андреев од Русија, пласман понатаму обезбеди и Шпанецот Томи Робредо. Тој во второто коло беше подобар од 16 рекет на турнирот, Американецот Марди Фиш со 1:6, 6:3, 6:3, 6:3.

Резултати од второто коло на Австралија опен, мажи: Федерер (2., Швајцарија) - Симон (Франција) 6:2, 6:3, 4:6, 4:6, 6:3; Ѓоковиќ (3., Србија) - Додиг (Хрватска) 7:5, 6:7, 6:0, 6:2; Монфис (12., Франција) - Жил (Португалија) 6:4, 6:3, 1:6, 6:2; Троицки (29., Србија) - Мау (Франција) 6:4, 6:2, 1:6, 6:3; Алмагро (14., Шпанија) - Андреев (Русија) 7:5, 2:6, 4:6, 7:6, 7:5; Малис (Белгија) - Монтањес (25., Шпанија) 6:4, 6:0, 6:1; Хасе (Холандија) - Монако (26., Аргентина) 6:4, 6:4, 3:6, 6:2; Вердаско (9., Шпанија) - Типсаревиќ (Србија) 2:6, 4:6, 6:4, 7:6, 6:0; Љубичиќ (17., Хрватска) - Паире (Франција) 6:3, 6:7, 6:4, 7:6; Гаске (28., Франција) - Манарино (Франција) 6:3, 7:6, 6:4; Родик (8., САД) - Куницин (Русија) 7:6, 6:2, 6:3; Бердих (6., Чешка) - Колшрајбер (Германија) 4:6, 6:2, 6:3, 6:4; Робредо (Шпанија) - Фиш (16., САД) 1:6, 6:3, 6:3, 6:3; Нишикори (Јапонија) - Маер (Германија) 6:4, 6:3, 0:6, 6:3; Стаховски (Украина) - Кубот (Полска) 6:3, 6:4, 6:4.

Жени: Петковиќ (30., Германија) - Кеотавонг (В. Британија) 2:6, 7:5, 6:0; Ли (9., Кина) - Родина (Русија) 6:3, 6:2; Севастова (Летонија) - Викмаер (21., Белгија) 6:4, 6:2; Никулеску (Романија) - Пиронкова (32., Бугарија) 6:4, 6:1; Шарапова (14., Русија) - Разано (Франција) 7:6, 6:3; Скијавоне (6., Италија) - Марино (Канада) 6:3, 5:7, 9:7; Манасиева (Русија) - Бартоли (15., Франција) 3:6, 6:3, 6:0; Горгес (Германија) - Канепи (20., Естонија) 6:4, 3:6, 6:4; В. Вилијамс (4., САД) - Захлавова (Чешка) 6:7, 6:0, 6:4; Чибулкова (29., Словачка) - Брианти (Италија) 6:1, 4:6, 6:2; Азаренка (8., Белорусија) - Хлавачкова (Чешка) 6:4, 6:4; Шиперс (Ј. Африка) - Куликова (Русија) 6:4, 4:6, 7:5; Кузнецова (23., Русија) - Рус (Холандија) 6:1, 6:4; Вожњачки (1., Данска) - Кинг (САД) 6:1, 6:0; Енан (11., Белгија) - Балтача (Русија) 6:1, 6:3.


#
Статијата е прочитана 239 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Металург се засилува за шампионската титула
Аргентинско танго во Шведска
Антиќ и Стојановски „газат“ во Еврочеленџ купот
Ананд и Накамура рамо до рамо во Вајк ан Зе
Доживотна суспензија за украински судија
Гулит на клупата на Терек Грозни