Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Сиромашен народ - успешна влада!

Нина Нинеска - Фиданоска

Може Владата и понатаму да не' убедува дека со нејзините мерки и напорната работа веќе се подобрил животниот стандард на граѓаните. Можат владините министри и понатаму да се гордеат со своите проекти кои, според нив, ја направиле Македонија подобро и побогато место за живеење.

Но, изгледа дека не било сосема така. Од сите тие „ударнички“ владини подвизи на планот на економијата, факт е дека македонските граѓани и натаму останале сиромашни. Или изразено преку прецизни статистички бројки, сиромаштијата во Македонија на крајот на 2007 година изнесувала 29,4 проценти. Тоа значи дека речиси секој трети граѓанин во земјава е сиромашен.

Бројките се немилосрдни. Тие покажуваат дека во споредба со пред две години, сиромаштијата се намалила само за 0,6 процентни поени. Така, таа во 2005 година изнесувала 30 отсто, во 2006 била на ниво од 29,8 проценти, а на крајот на минатата година 29,4 отсто. Токму од тие причини произлезе и загриженоста на тимот на Светска банка, кој беше принуден да констатира дека, и покрај сите мерки, сиромаштијата се' уште е прилично раширена во нашата држава.

Она што уште повеќе загрижува е фактот што оваа година сиромаштијата не само што нема изгледи да се намали, макар и симболично, туку, напротив, сосема извесно е дека повторно ќе покаже многу повисоки вредности. Има многу аргументи што одат во прилог на таа теза, а ќе спомнеме само неколку. Главниот е што инфлацијата не престанува да расте од почетокот на годинава, а последниве неколку месеци зголемувањето на цените не се симна под нивото од 10 отсто. За толку проценти секој месец се „подјадени“ и онака ниските примања на граѓаните, со оглед на фактот што освен кај државната администрација, ретко која друга компанија ги з��олеми платите на своите вработени.

Бензинот сега е речиси двојно поскап отколку на крајот на минатата година. Покрај екстремно скапото „црно злато“, деновиве главната топ-лоша вест е новата цена на парното, која е повисока за драматични 60 проценти, а ќе почне да ги „гори“ граѓаните веќе од август. И струјата само што не поскапела, а според прогнозите на некои аналитичари, не ни гине повисока цена за близу 30 отсто, иако таа информација засега не е потврдена.

Тоа, пак, во превод значи дека Македонија ќе се „збогати“ со нова армија сиромашни луѓе. На вакви застрашувачки поскапувања, дури и онаа каква-таква средна класа што досега постоеше во Македонија, сега ќе се претвори во сиромашна.

И токму тука се поставува прашањето: во што се гледа економскиот успех на оваа Влада? ВМРО-ДПМНЕ пред две години успеа да го освои владејачкиот трон токму заради економијата, затоа што ветуваше дека луѓето ќе живеат подобро и побогато отколку порано. Се најавуваше дека во земјава ќе влезат многу нови странски инвестиции, ќе се намали невработеноста, а граѓаните ќе добиваат повисоки плати... А на што се сведе во најголем дел економскиот епилог - на безброј повисоки сметки и страв да се влезе во продавница поради големата скапотија. Не е спорно дека инфлацијата е увезен феномен. Но, Владата е таа што мора да менаџира и да се справи со порастот на цените, а не само да бара оправдувања за себе. Таа по втор пат го доби мандатот, и тоа со уште поубедлива победа, и сега мора да ги решава тешките прашања.

За жал, од тоа што можевме да го видиме досега, власта не покажа многу чувство за маките на граѓаните, а особено за оние кои живеат на прагот на сиромаштијата. И наместо да се зафати со вистинските економски проблеми, Владата се занимава со „патриотска“ економија, терајќи ги трговците да воведуваат патриотски фискални каси, а фирмите да си ги сменат имињата, бидејќи досега не биле доволно
патриотски!


Статијата е прочитана 1272 пати.

Испрати коментар

Од: Saparmurat
Датум: 25.07.2008 01:02:19
Prasuvate vo sto se sostoi ekonomskiot uspeh na ovaa vlada? Pa zarem ne gledate? Vo toa sto ce izgradi spomenici na site strani, pred koi ce mozeme da go manifestirame nasiot nepokolebliv patriotizam, izgradba na crkvi so drzavni pari , vo koi ce mozeme da se molime na Boga i so negova pomos sto pobrgu se kurtulime od ovaa vlada., osvezuvanje na nasite krvni vrski so bracata Hunzi, koe ce donese nevideni , spektakularni rezultati vo ekonomskiot i celokupniot preporod na drzavata i nacijata.A ce ve prasam Vas: zarem e mal uspehot vo eden cas da doneses 30 vazni zakoni vo " Hramot na demokraturata" be nieden glas protiv. Pa na toa mozat i Sadam Husein , Cavez , Kastro , Saparmurat i Kim il Sung samo voda da ni donesat.! malku li se ovie uspesi?!
Од: RR:Siromashtijata - dopolneta i nadgradena!
Датум: 25.07.2008 01:13:29
I tolku portokalovo oboena shto zaslepuva i ve tera da zamizhite.Zashto,sekojdnevno se povekje lugje okolu nas ne potsetuvaat na bedata shto vladee vo drzhavava,ama od silniot sjaj na portokalovata svetlina ,koja se emituva od ilindenska bb,ne ja chuvstvuvame vo seta nejzina tragichost.Opienosta na narodot od sekojdnevnoto primanje isporachani dozi na "kje" politikata,zakamuflirana so sloganot OSTVARUVAME, seushte ne dozvoluva da se pochne denot so pcovka za Grujo i Grujovistite.Iako zasluzhija 100%.No,liferuvanjeto nadezh nema dolg rok na traenje bez vidlivi rezultati na ekonomski plan.Ekspertot od Prilep kiksna na toa pole.Doprva kje se vidi koi se posledicite, koga rabotnici i zemjodelci glasaat za desnicharska Vlada,shto go shtiti krupniot biznis.Do osvestuvanjeto - ve chestat so ushte malku dopolneta i nadgradena siromashtija. Za novoregrutiranite vo nea - veruvajte deka "kje" mora da dade rezultati.Nadezhta posledna umira.
Од: Makedon
Датум: 25.07.2008 02:28:11
Dobro znaeme site deka vo vremeto na sdsm se ziveese najdobro. Toa bea starite dobri vremina i toa celi 12 godini so Branko Crvenkovski! ! ????? Blagodaram!
Од: cico
Датум: 25.07.2008 03:08:32
Od vakvi novinari proliv da te fati pa ima namaluvanje na siromastijata ima namaluvanje na korupcijata i sekako ima menuvanje na odnosot osobeno vo poednostavuvanjeto za ovoranje biznis namalenite danoci i slicno ...no uste nesto koga SDSM ja dotera zemjata do prosjacki stap..treba vreme za da se oporavi VMRO e na prav pat samo gledajte....
Од: kole
Датум: 25.07.2008 09:33:04
Nekako gledam i VMRO-vcinjava pocnuvaat da se sekiraat... Prerodbava nekako ne odi kako sto e napisana... Portokalovi naocari nedostasuvaat... Realnosta e se posurova... Perspektivata ocajna... Nadezta................
Од: spaski
Датум: 25.07.2008 09:50:15
ako vladata ne uspee vo ekonomskiot del neka si dadat ostavka ili gruevski da pokaze fleksibilnost da priznae deka treba anglicanec stranec ili kompanija specificno za direktni investicii da doneseme so naznaka i cvrst dogovor da se pocituva rok vreme traenje, a gi ima mnotu takvi grupacii vo zapadot, neka bidat i germanci austrijci nema vrska samo da ja izvadat drzavata od siromastijata. Voopsto ne se problem 2.000 000 milioni narod da zivee so dobar standard treba samo so mudri potezi da najde pravec i da se sledi izrabotena stretegija sto baraat investitorite i toa da im se ispolni da sme ponapred od drugite toa e celata filozofija kapital ima ako edna korumpirana romanija ciganija uspea da na vtoro mesto minatata godina po investicii togas nasata centralna polozba ni dava sansi makar 1/8 takvite investicii da gi nasocime kon nas. Prezentiranje dobro e adutot i infrastruktura cisto po ulicite, edna obicna kanta za pikavci nema na pr: po plazite vo ohrid a samo toj ni e toa li ke go
Од: OD Mene
Датум: 25.07.2008 10:43:12
Nemojte da kukate nasite patrioti od Kanada,Amerika i Avstralija ke pratat pari i siromastijata ke ja snema.Ups pa tie znaele samo pamet da delat kako vamu kako e tamu.
Од: Trajko od Stuka
Датум: 25.07.2008 11:35:09
Vo 1999 godina,koga bevme prijateli so Ljubco(blgarinot),pobarav pomos bidejki vo 2 sobi ziveevme osum dusi.Prvo toj me natera vo sobite da go vnesam kuceto.Jas mu rekov deka sega e poloso.Toj mi dade akal vo sobite da ja vnesam i kozata.Uste bese poloso.Me natera vo sobata da gi vnesam i kokoskite mu rekov deka mnogu e poloso.Toj mi rece sega slusaj izvadi gi nadvor kokoskite.Mu se javiv i rekov deka e podobro.Toj mi rece da ja izvadam nadvor i kozata.Mu kazav deka stvarno ima podobruvanje.Na krajot mi kaza kako posleden sovet od sobata da go izvadam i kuceto.I mu se javiv i mu kazav deka stvarno mi e poubavo.Od togash srekno i ubavo si ziveeme a jas poradi dobrinata na prijatelot premier stanav smrten neprijatel na dpmne.
Од: Aleksandar
Датум: 25.07.2008 11:50:39
Toneme vo siromastija so brina od 360 km. na cas.Ako prvata godina velea deka ne moze vednas nesto da se ispravi i im trebaat nekolku meseci eve sega ja pocnuvaat tretata godina od vladeenjeto a narodot se poveke i poveke osiromasuva i se prasuvam koja prerodba prodolzuva.
Од: Dok
Датум: 25.07.2008 12:00:54
Steta sto Gruevski e premier isreka za site ovie plateni kucinja sto gruevski e premier, jas bi bil uste po strgo i site zaedno so erol na celo prvo ke im naplatam po 150 denari i posle ke im podelam po eden vo celo izbogum majko ama, imale sreka
Од: eu
Датум: 25.07.2008 14:23:16
mak nikogas ne bila polosa i skapa ce propdne ako ne od drugo od socijalna beda vo kumanovo vidov samo albanci vrabotuvat vo javnnosta na salterite vo posta i svr nitu eden makedonac nema nasite mladi zatoa nagolemo se iseluvat idnina samo za siptari ako nemas pari nemzes da ucis da se lecis znaci umri pa kako togas ce opstaneme kako nacija i drzava?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
„Дејли телеграф“: Ратко Младиќ го предал Караџиќ
„Големото уво“ влегува низ голема врата во приватноста
Шекеринска
Баросо ќе се огради од писмото на Груевски
Криенка со полицијата
Драмата на Егејците (23)
До каде стасуваат писмата на премиерот
МРТ ќе се ликвидира за да се формира нов јавен сервис
Повеќе време за пишување рецепти отколку за преглед на болни
Унковски со премиера во престижниот Епидаурус
Светот на новата филантропија
Вербатим