Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

МРТ ќе се ликвидира за да се формира нов јавен сервис

Како причина за Предлог-законот Владата ја наведува кризата во МРТ, која не можела да се надмине со други методи

Александар Пешев

Собранието го усвои предлогот на Владата со кој се овозможува поведување стечајна постапка и ликвидација на Македонската радио-телевизија. Оваа можност е предвидена со измените на Законот за радиодифузна дејност кој беше на дневниот ред на вчерашната седница на Собранието.

Како причина за поднесување Предлог-законот Владата ја наведува кризата во јавниот сервис, која досега не можела да се надмине со други методи.

„МРТ првенствено поради напластените долгогодишни проблеми и долгови не е во состојба да ја извршува функцијата на ефикасен, функционален, транспарентен и независен јавен радиодифузен сервис во согласност со европските стандарди“, се констатира во Предлог-законот.

Измените во Законот се предвидени во неколку члена, вклучувајќи го и член 12, во кој се додава „над јавното радиодифузно претпријатие и над трговското радиодифузно друштво може да се спроведе постапка за ликвидација или да се отвори стечајна постапка“.

Со предлог-измените се отвора и можноста средства од Буџетот директно да се влеваат во јавниот сервис. Во член 145 под став 1, предложено е додавање нов став кој би требало да гласи „За постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошкиот развој на Јавниот радиодифузен сервис можат да се издвојуваат и средства од Буџетот на Република Македонија“. Измени се предвидени и во член 148 од Законот за радиодифузија. Со овие измени радиодифузната такса се одредува на 130 денари месечно. Менувањето на висината на оваа такса, согласно со Предлог-измените, би требало да се случува еднаш годишно, зависно од висината на трошоците за живеење.

Неофицијално се дознава дека во план е промена на таканаречениот „француски модел“, со кој по ликвидацијата на МРТВ и отпуштање на вработените, претпријатието би се пререгистрирало под нов назив и повторно би ги вработило само оние кадри кои се потребни за успешно функционирање на јавниот сервис. Според неофицијални извори, во план е менување на називот на јавниот сервис од „Македонска радио-телевизија“ во „Радио-телевизија на Македонија“.

Предлог-законот, кој се носи под итна постапка, ја збуни експертската јавност и другите релевантни институции од областа на радиодифузијата. Од Советот за радиодифузија одбиваат да дадат коментар за предлогот на Владата. Неофицијално се дознава дека Советот воопшто не бил консултиран во однос на измените на Законот за радиодифузна дејност.

Експертите тврдат дека донесувањето вакви измени во Законот е во спротивност со постојната регулатива. Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми посочува дека досега нема пример во светот на ликвидација на јавен радиодифузен сервис.

„Секако дека е потребно да се изнајде некакво решение за Македонската радио-телевизија и потребно е да се преземат радикални чекори. Но, би било апсурдно претпријатието да се стави под стечај поради фискални причини. Има модели според кои може да се среди ситуацијата во МТВ, од донесување закон за санирање до концесионирање на некои менаџерски тимови однадвор или од самото претпријатие“, вели Беличанец.

Од Синдикатот на МРТВ тврдат дека не биле информирани, ниту, пак, биле консултирани за измените во Законот за радиодифузија.


Статијата е прочитана 1556 пати.

Испрати коментар

Од: Branko
Датум: 25.07.2008 03:43:48
Nie sakame da bideme kako primer vo svetot vo se .Prvo prava na albanskoto malcinstvo kakvo sto nema NIKOJ vo svetot.Vtoro razgovarame da si go smenime imeto na drzavata pod pritisok na edna sosedna zemja,i Treto sakame da go likvidirame javniot servis.Vo svetot moze da se sluci da propadne privatna televizija ama drzavnata koja voedno i ja kazuva politikata na drzavata.Dobro ako vladata resila toa da go napravi no prvo treba da gi obesteti SITE vraboteni koj rabotat i koj rabotele vo MRT a ne da prodavaat tudjo kako sto se nauceni.Tuka se vlozuvani sredstva od samite vraboteni i zatoa treba da se obestetat a potoa neka pravat so nea kako sto sakaat
Од: jovo
Датум: 25.07.2008 07:39:25
Konecno se prevzema nesto za tie paraziti da pocnat nesto da rabotat a ne samo da lelekaat .Pozdrav za namaluvanje na pretplatata.Sega site ke mozat da odvojat 150 den bez da se optereti dom.budzet
Од: devicanecot
Датум: 25.07.2008 07:44:22
Vladata e vo pravo. Treba nesto novo da se osmisli i lugjeto da ne se vo Agonija tolku vreme. A ne kako SDSM te taksata za televizija vo smetkite za struja, te ne znam kako, bez konkretna zamisla. Ako Vladata saka da ima javen servis, treba da si gi pruzi nozete kolku sto i e cergata.A toj treba da e efikasen, ekonomicen i vo funkcija na informiranjeto.
Од: Рајски приказни
Датум: 25.07.2008 07:55:18
Па, како инаку ќе ги избркаат оние кои НЕ СЕ НИВНИ, а ќе ги вработат НИВНИТЕ. Тоа веќе го практикуваат секаде каде освоија територија. И Синдикат свој си направија и Судот е нивни, Полицијата, да не им се наместиш...
Од: vraboten
Датум: 25.07.2008 08:25:52
Koj donese vo MRT nesposobni direktori i sega situacijata e vakava kakva sto e "Dedo Mraz"? Toj sto gi donese sega zagovara likvidacija zaradi nemoznost da se sankcionira situacijata. MRT moze da se sradi ama na vladata i trebaat prostoriite na MRT pa sega ke ja likvidira. MRT moze da se sredi samo ako ima zelba vladat i za toa postojat poveke modeli i ne se potrebni nekoi kvazi strucnjaci od nadvor moze MRT da se sredi i so sopstveni sili.
Од: mene
Датум: 25.07.2008 09:22:22
kolku sto me drzi sekavanjeto (a me drzi), roberto belicanec vo vremeto na direktoruvanjeto na stosic, povikuvajki se kako "golem" ekspert za mrtv izjavi deka ne znae sto e podobro, citiram:" da se frli atomska ili grafitna bomba" ili vo prevod- da se sramni so zemja ili da se onevozmozi tehnikata da raboti. novinarot bi trebalo da ja zeme i ovaa izjava vo obzir pred da go konsultira belicanec. tuku makata e sto stosic i pokraj toa sto bese donesena mrtv da ja krena na noze a taa imase poinakvi ambicii (unistuvanje!) ne samo sto neuspea nisto da sanira, tuku pogolemiot poraz e sto ne uspea vo nejziniot mandat da frli atomska ili grafitna bomba!!!!
Од: iki
Датум: 25.07.2008 09:38:11
uste eden dokaz deka grujo raboti na peomena i na imeto na drzavata sega pod pritisok na ahmeti ke go menuva imeto na mtv vo radio i tel na makedonija znaci ona makedonka ke go nema kako sto bara grcija i taka se po red bravo za GRUJO i ahmeti.
Од: Todor
Датум: 25.07.2008 10:33:30
И честитам на Владата, го отвораме етерот за Грците , Бугарите и Србите. Битката за името не е гола политика, во неа активно треба да се вклучи јавниот сервис , а не да се ликвидира. И оваа влада, како и претходните немаат стратегија за развојот на јваниот радиодифузен сервиз. ги затворија локалците сега и дојде ред и на МТВ. Ми излгеда дека Груевски инсталира нов комунизам, ново едноумие.
Од: Citatelka
Датум: 25.07.2008 10:35:06
Do koga VMRO-DPMNE ke ja brise,od instituciite pridavkata m a k e d o n s k i,i ke pravi novi kovanici? nikoj ne glasase za ponistuvanje na postojnite nesta,tuku za nivno zbogatuvanje;na Makedonskata televizija so poveke programi,na primer.A sto se odnesuva do cergata,kako sto veli eden komentator ovde,pa taa ne gi pokriva nozete.G.gruevski vnese novi ministerstva.Ajde,gospoda, citajte go i vcerasniot ,i prekvcerasniot,i lanskiot i predlanskite broevi na vesnicite:nestata ne pocnuvaat od denes za denes.Ako narodot ima iljadigodisna istorija,vesnicite imaat deceniska.A toa se sledi vo kontinuitet,i potoa se vika bravo,ili ua.
Од: Biljana
Датум: 25.07.2008 11:31:08
Taman da si napravat uste eden mediumski servis koj ke raboti samo za niv,kako sto napravija i so mnogu drugi.
Од: evropa
Датум: 25.07.2008 13:48:53
kade vo EU se culo i videlo drzavna televizija da propadne?televizii drzavni ima vo sekoja normalna zemja pa duri i vladite gi pomagat za da opstanat drz.t.elv. ima karakter ne samo informativen tuku i edukativen,eticki,moralen no letovo na mrt vidov cela eden kanal za edno malcinstvo od 15%?PA KAKO TOGAS CE OPSTANE?ZOSTO 85% DA PLACAT ZA NESTO STO NE GO GLEDAT I NE GO RAZBIRAT JAZIKOT?a albancite se povece ja gledat mrt na makedonski jazik sto znaci dobivat i kapom i sakom a za nisto ne placat...mislam deka mrt propadja tokmu zatoa sto makedonecot dobiva 50% prograna a placa 95% pa po igra na pazarna ekomomija logicno taa firma tokmu zatoa ce propadne a mak ionaka propadja a bez drzavna t.v. toj proces ce se zabrza.
Од: socijalec
Датум: 25.07.2008 14:39:29
Dali Gruevski razmisluva sto ke pravat lugeto sto gi otpustija od MRTV.Jas sum edna od niv i sto ke pravam sega na moi 45 godini,koj mene ke me zaposli..Do koga narodot ke gi trpi fiks ideite na ovaa vlada koja e izgubena i ne znae sto pravi.Sekoj den novi socijalci,a za komentarot na Jovo sto da kazam dodeka ima takvi kako nego i ovaa drzava ke tone,samo da ne se raduva mnogu na makite na MRTV zosto takva nesreka kako bumerang moze i nego da mu se vrati na glava.
Од: Orce
Датум: 25.07.2008 14:43:38
јавниот сервис мора да се среди затоа што досега нема никакви промени од страна на МРТВ иста е во последниве 17 год без никакви промени

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Сиромашен народ - успешна влада!
„Дејли телеграф“: Ратко Младиќ го предал Караџиќ
„Големото уво“ влегува низ голема врата во приватноста
Шекеринска
Баросо ќе се огради од писмото на Груевски
Криенка со полицијата
Драмата на Егејците (23)
До каде стасуваат писмата на премиерот
Повеќе време за пишување рецепти отколку за преглед на болни
Унковски со премиера во престижниот Епидаурус
Светот на новата филантропија
Вербатим