Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Криенка со полицијата

Даниела Трпчевска

Две танчарки во шахта, една келнерка под скара. Вака еден тетовски газда деновиве си играше криенка со полицијата, за што најсериозно би можел да конкурира за најинвентивен кафеанџија. Просторните проблеми за сместување на девојките, кои на црно работеле кај него, овој инвентивен кафеанџија ги решил многу лесно. Место да им плаќа сместување во станови или хотели, тој си направил поинаков распоред.

Две девојки од Србија распоредил и ги скрил во спалните соби. Другите две во шахтата во дворот. Проблем му се појавил со една девојка од Бугарија. За неа се мислел, се мислел и му текнало. § изградил ВИП-ложа во импровизиран бункер. А, него го поставил на најинтересното место во објектот – под скарата каде што се приготвуваат специјалитетите за гоштевање на муштериите.

Ем волкот сит, ем овците на број, веројатно си помислил итриот тетовец, надевајќи се дека конечно ја надитрил полицијата, која изминативе години не го остава да дише. И со право.

Во објектот „Ориентал ас“ повеќе пати беа откриени девојки беа документи, за кои никогаш не се докажа дали биле само танчарки и пејачки или, пак, биле продавани за пари. Така, само во април минатата година во бункер во таванскиот дел на „Ориентал ас“ полицијата откри девет девојки од Бугарија, една од Србија и една од Македонија.

Полицијата ги фати девојките и ги врати во нивните земји. На газдата, пак, во повеќе наврати му поднесуваа кривични пријави, дури и неколкупати се појавил пред суд, и толку! Дали странските државјанки биле насила држани, малтретирани, или пак продавани за пари, многу тешко се докажува, бидејќи илегалките заминуваат во своите земји без да проговорат, понесувајќи ги со себе тајните за случувањата во Жеровјане.

 


Статијата е прочитана 956 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 25.07.2008 01:25:07
ne veruvam nekoj da gi prisiluva za da rabotat so najstariot zanaet, oni toa go sakaat i gi doznavat vrskite kako toa se moze za preku granica i ete gi tuka kade sto im je mestoto, koga nasetile deka policijata doaga tie bie pripremani sigurno za vo zasolniste, isto taka tie ne se taka maloletnicki ili da se od mali grabnati i taka rasteni samo za takvi raboti, treba zskonot i niv da gi kaznuva i ako togas se prisiluvani ke objasnat pred sudot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Сиромашен народ - успешна влада!
„Дејли телеграф“: Ратко Младиќ го предал Караџиќ
„Големото уво“ влегува низ голема врата во приватноста
Шекеринска
Баросо ќе се огради од писмото на Груевски
Драмата на Егејците (23)
До каде стасуваат писмата на премиерот
МРТ ќе се ликвидира за да се формира нов јавен сервис
Повеќе време за пишување рецепти отколку за преглед на болни
Унковски со премиера во престижниот Епидаурус
Светот на новата филантропија
Вербатим