Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

ММФ мудро воздржан

Шефот на Мисијата, Мекгру, вели дека Фондот се' уште е на стартот на скенирањето, но ќе се дискутира и за повлечените пари

Неколку дена откако се присутни во земјава, монетарците и натаму се крајно воздржани и внимателни во давањето изјави што ја интересираат македонската јавност. Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Вес Мекгру, вчера само кусо изјави дека тие се на почетокот на разговорите и дека засега се' уште се скенира ситуацијата. Немаше конкретен одговор ниту на прашањето дали во ММФ беа изненадени кога Владата пред изборите реши да повлече 220 милиони евра од аранжманот за претпазливост што и' беше одобрен.

Сепак, монетарецот не пропушти да потсети дека тие се дојдени овде, меѓу другото, и за да проверат како и зошто се повлечени и потрошени дел од средствата од монетарниот заем.

„Нашата посета има две цели. Едната е да ги анализираме ситуацијата, економијата, финансискиот сектор, плаќањата. А втората е да дискутираме за повлечените средства од кредитната линија, а тоа се анализира на секои шест месеци. И понатаму ќе имаме разговори, се среќаваме со претставници на Владата, Народна банка на Македонија, бизнисмени и со претставници на Европската унија. Се надеваме дека по сите нив ќе имаме можност да одговориме на поконкретни прашања. Но, засега сме на почетокот, па би почекал со моите коментари“, изјави вчера шефот на монетарната мисија, Мекгру, по средбата со претставниците на ЕУ во Македонија.

Ваквата воздржаност на строгите монетарци може да се каже дека ја предвидуваше економската експертска фела во Македонија, поврзувајќи ја со сериозниот политички момент во кој се наоѓа земјава, но и со надежите на меѓународната заедница дека откако ќе се формира, конечно, новата влада ќе собере сили да најде солуција за спорот со името со јужниот сосед. Но, некои од економистите се убедени дека доколку најде лоши бројки или ненаменски трошења, Фондот нив нема да ги премолчи и ќе најде начин да и' ги соопшти на македонската јавност.

Дел од експертите со кои контактираше „Утрински весник“ беа скептици оти Мисијата на ММФ во текот на оваа посета би можела да излезе со гласни критики кон македонските власти за начинот на кој пред изборите повлекоа 220 милиона евра од заемот, како и за намените за кои се потрошени дел од овие пари. Тие сметаат дека монетарците ќе се воздржат од незгодни прашања, бидејќи не би сакале да долеваат масло на огнот и со тоа дополнително да ја искомплицираат и така сложената политичка ситуација во Македонија. „Од Владата ќе ги молат претставниците на ММФ јавно да не зборуваат, а и тие, најверојатно, ќе прифатат да молчат. Ние, пак, подоцна ќе дознаеме колку и за што биле потрошени парите“, прогнозира поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Други аналитичари, пак, коментираа дека тонот на конечните изјави на претставниците на ММФ ќе зависи, пред се', од она што тие ќе го „откријат“ во финансиската и во буџетската слика на Македонија, односно дали ќе најдат или не одржливи параметри во државниот буџет. „Ако од ММФ најдат дека со буџетот ќе оди тешко до крајот на годинава, што не е исклучок, тогаш сигурно ќе дадат некој вид сигнал, а тие ќе проценат дали ќе биде груб или ќе има посмирен тон. Сепак, треба да се има предвид дека тие секогаш се воздржани и не сакаат да влегуваат во политички дебати“, објаснува Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет.

Деновиве дел од експертската јавност во земјава не ја исклучува и тезата дека кредитот од ММФ значи еден вид политичка поддршка за Владата и исходот од разговорите со ММФ ќе зависи од сигналите што нашите власти ќе ги испратат до меѓународната заедница, во смисла на тоа дали се подготвени да најдат решение за долгогодишниот спор за името со Грција. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 952 пати.

Испрати коментар

Од: Stavre Gevgelija
Датум: 18.06.2011 12:22:01
MMF ne e vo pozicija da deli soveti. Nie ne sme Grcija. A kreditot si e kredit i tie ne molea da ni go tutnat i toa bez uslovuvanja. Nie so niv nemame aranzman i zatoa pravete razlika.
Од: k2
Датум: 18.06.2011 14:48:38
Bi go zamolil Utrinski koga veli deka kontaktirale "ekspperti" da ne gi spomnuvaat Hajredini i Uzunov kako strucnjaci zasto toa ne se.....
Од: anonimen
Датум: 18.06.2011 20:17:12
Ha ha... interesno. Znaci veke namirisale deka parite ne se potroseni za kade sto bile nameneti. Pobrzi bile nego sto imav zamisleno. Hm, sigurno ne mu e lesno na premierot vo momentot. Nie sme mnogu pogolema Grcija i koga ke pukne kaj nas ne ke se znae ni koj jadi ni koj pie. Nema sarko poveke loj.

Најди! во Утрински
Економија
Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада?
Производителите бараат 18 денари за килограм пченица
„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“
„Индитекс“ ја зголеми добивката
Физибилити-студијата за „Јужен тек“ е при крај

"""