Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада?

Бизнискратија наместо бирократија, бараат фирмите, граѓаните чекаат нови работни места, повисоки плати и пензии

Соња Маџовска



Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада? Засега граѓаните и фирмите чекаат во сенка додека се крои владиниот состав, но тоа не значи дека седат мирни и дека не составуваат мерки и барања што ќе се најдат на масите на новите министри.

Стопанствениците сепак даваат простор уште два месеци за да видат што ќе содржи владината економска програма, и кои ќе бидат првите мерки што ќе бидат преземени, за да се подобри и живејачката и деловниот амбиент во земјава?

Дел од амбициозните ветувања се познати, оние што се содржани во „Манифестот“, но што ќе биде приоритет на новиот Владин состав, ќе зависи и од програмата на коалициониот партнер ДУИ.

Граѓаните му дадоа доверба, и трет по ред мандат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, благодарение токму на економско-социјалните ветувања.

Бизнис заедницата чека стрпливо да ја види новата владина програма за да може и конкретно да коментира или да бара дополнителни мерки, а граѓаните пак, ги чекаат повисоките плати, пензии, намалување на невработеноста, субвенциите за станбените кредити за младите, субвенциите за земјоделците, инвестициите и економски раст над 5 отсто.

Дел од индустриските гранки, како металната, рударството, текстилната веќе излегоа од кризата и почнаа турбо да работат, но сето тоа е резултат на заживувањето на светските пазари и зголемената побарувачка, а не резултат на мерки што биле преземени кај нас. Останатите гранки се уште се борат за опстанок. Сега во најкритична состојба се градинарските производи, замре извозот на доматите, краставиците, поради стравот од бактеријата ешерихија коли. Откако излезе проблемот, сите расправаат за него. После на ред се производителите на пченица, па мелничарите, па лозарите, па тутунарите, итн...

Ова значи дека нема стратегија, туку ад- хок се решаваат проблемите. Овој начин на дискусија мора да запре и да се воспостави институционална соработка меѓу бизнисот и Владата, велат од Сојузот на стопански комори. „Ќе бараме, бизнискратија, наместо бирократија. Колку и да прави напори Владата за да се подобри бизнис климата, бизнис секторот е тој што треба да ја повлече економијата напред, и тој треба да каже кои се проблемите и мерките што треба да се преземат. Треба да се согледаат грешките од досегашното владеење и без суети, да се тргне напред. Недостатоците на минатата Влада, ќе треба да ги исправи новата. А веднаш по нејзиното конституирање, ССК ќе испорача конкретни мерки. Прво што треба да направи новата Влада е да ја зголеми институционалната соработка со бизнис заедницата. Досега се држеа состаноци на барање на стопанствениците, кога ќе се појавеа конкретни проблеми. За да се надмине ова треба да има постојана комуникација, и најмалку 12, а најдобро е 24 состаноци годишно на бизнис заедницата со секое министерство одделно, на кој задолжително ќе присуствува ресорниот министер. На секои три, шест месеци и една година пак, треба да се прави анализа за да се согледа реалното влијание на законите врз економијата. Однапред треба да се согледуваат слабостите, за да се исправат“, вели Златко Калеников, претседател на ССК.

Бизнисот очекува исполнување на амбициозните предизборни програми во делот на економските проекти. Се бараат мерки што ќе овозможат забрзан економски раст и инвестиции. „За нас се приоритетни сите мерки што ќе ја подобрат инвестициската клима. Најважна е модернизацијата на инфраструктурата, од аспект на поттикнување на домашните и странските инвеститори. Заокружување на пазарните принципи, ефикасно судство и ефикасна администрација. Тоа е базата што ќе го придвижи економскиот напредок. Во последниве месеци има пораст на производството и на извозот, тие се позитивни тенденции кои треба да го забрзаат економскиот раст. Затоа треба да се работи на поголем пристап до надворешните пазари“, објаснува Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија. Од Комора на северозападна Македонија веќе укажаа дека при формирањето на Владата да нема двојни функции, и ресорните министри да се бираат согласно нивните способности и капацитети за работа, а не според тоа кој колку бил партиски активен или заслужен.

Инаку, во „Манифестот“ најпривлечни ветувања се повисоки плати на администрацијата за 21 процент, повисоки пензии за 24 проценти, намалување на невработеноста до 25 проценти, даночни олеснувања за фирмите, субвенционирање на станбени кредити за младите, субвенции за земјоделците до 500 милиони евра, инвестиции и до 650 милиони евра и економски раст на земјава и до 7 проценти.


#
Статијата е прочитана 810 пати.

Испрати коментар

Од: trajan
Датум: 18.06.2011 09:39:00
Kakava "utopija:..ke gi zgolemil penziite i platite na administrativcite? pa tie imaat najvisoki plati(najgarantirani)..zamislete 120.000 administrativci plus 350.000 penzioneri seto toa na grb na 400.000 zaposleni vo privatnito sektor:(((..mesto za manevr nema..i taka budzetot e prezadolzen za novi nekapitalni rashodi..a za ekonomski rast od 5-7%??? e ova ti se vika utopija..ne sme nie Turcija:(( zalosno...
Од: anonimen
Датум: 18.06.2011 20:11:17
Gledajte sto se slucuva vo Grcija i spremajte se! istoto ja ceka i Makedonija. Problemot e sto Grcija ja ima EU , a makedonija nema nikoj.

Најди! во Утрински
Економија
ММФ мудро воздржан
Производителите бараат 18 денари за килограм пченица
„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“
„Индитекс“ ја зголеми добивката
Физибилити-студијата за „Јужен тек“ е при крај

"""