Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“

Белград - „Нестле“ објави дека постигна договор за преземање на работењето на „Центропроизвод“, еден од најголемите производители на храна во Србија.

Купен е асортиманот за кулинарство на „Центропроизвод“, напивки и кондиторски производи.

Се очекува дека во 2011 година продажбата ќе достигне износ од 25 милиони евра. Условите на трансакцијата, кои се предмет на правно одобрување, се' уште не се познати. Трансакцијата, исто така, ја опфаќа и фабриката на „Центропроизвод“ во Сурчин.

Марко Травалија, претседател на Управниот одбор на „Нестле Адријатик“, смета дека тој потег е стратегиски и ќе го зајакне присуството на компанијата во регионот. „Оваа аквизиција е стратегиски потег што ќе го зајакне присуството на компанијата ’Нестле‘ во регионот. Портфолиото на ’Центропроизвод‘ е многу слично на нашето, а локалното производство во сурчинската фабрика со сите свои можности за дистрибуција претставува голема вредност за нас”, истакна Травалија. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар

Од: Никако
Датум: 18.06.2011 11:11:40
Никако да дочекам да дојде некоја светска марка кај нас. Да им ги продадеме политиќариве.
Од: Realen
Датум: 19.06.2011 01:28:07
Pred nekoja nedela Beneton go kupi Niteks a nie imame ekonomisti.....

Најди! во Утрински
Економија
Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада?
ММФ мудро воздржан
Производителите бараат 18 денари за килограм пченица
„Индитекс“ ја зголеми добивката
Физибилити-студијата за „Јужен тек“ е при крај

"""