Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Производителите бараат 18 денари за килограм пченица

 

Откупната цена на пченицата да биде најмалку 18 денари за килограм, а исплатата на преземените количини да се реализира најдоцна пред сеидбата, до крајот на август, бараат фармерите.

Нивните претставници, кои учествуваа на вчерашната работилница организирана во соработка со Агробизнис-комората при Сојузот на стопански к��мори нагласија и дека мора да се почитува Законот за земјоделство, кој обврзува на потпишување договори за откуп и истакнување на цената на пченицата најмалку 10 дена пред преземањето на количините.

„Цената за која се залагаме се базира на нашите анализи, според кои, трошоците за еден хектар производство изнесуваат околу 44.590 денари или 15 денари за килограм без вкалкулирана работна сила“, рече Мемет Синани, координатор на потсекторската група за земјоделство при Федерацијата на фармери.

Според него, 18 денари за килограм лебно жито е реална цена ако се земат предвид светските движења, намалените приноси во соседството и цената на стоковните резерви.

Производителите, како што нагласија, остануваат и на ставот да се дефинира временска рамка во која би се исплаќале субвенциите од државата.

„Доколку се исполнат овие наши барања, ќе се задржи интересот кај земјоделците и натаму да одгледуваат пченица“, напомна Синани.

За преработувачите е несфатливо цената на пченицата да се дефинира однапред. Сметаат и дека предложените 18 денари се премногу. Затоа ќе настојуваат, напомнаа, да се договори понизок износ.

Двете страни се согласуваат дека годинава може да се очекува повисок принос од лани за околу 10 проценти. (МИА)


#
Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада?
ММФ мудро воздржан
„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“
„Индитекс“ ја зголеми добивката
Физибилити-студијата за „Јужен тек“ е при крај

"""