Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

„Индитекс“ ја зголеми добивката

Најголемиот синџир продавници за облека во светски рамки, шпанскиот „Индитекс“, објави дека неговата добивка во првото фискално тримесечје се зголемила благодарение на продолжувањето на ширењето на дејствувањето во целиот свет. Сопственикот на компанијата „Зара“, сопственик на синџирот, наведува дека нето-добивката во периодот од февруари до крајот на април годинава се зголемила за 10 отсто во однос на истиот период минатата година на 332 милиона евра.

Во „Индитекс“ наведуваат дека во ова тримесечје отвориле 110 продавници во 29 различни земји, вклучувајќи ја во нив и првата продавница на синџирот отворена во Австралија. Така, на крајот од април компанијата располагала со 5.154 продавници низ светот. „Индитекс“ најави и проширување на интернетското работење и на северноамериканскиот пазар.

„’Индитекс’ е еден од најразновидните трговии со облека, што му гарантира голема стабилност. Аналитичарите нагласуваат дека на компанијата и' одеше во прилог и тоа што произведува повеќе облека во Шпанија и во регионот на Северна Африка отколку конкуренцијата.

„Поради растот на платите во Азија, компаниите размислуваат за преселување на производството во погони со исти трошоци, односно помали трошоци на трудот во централна Кина или на други пазари, а тоа подразбира и трошоци“, додава Денис. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 613 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Што ќе и' испорача бизнисот на новата влада?
ММФ мудро воздржан
Производителите бараат 18 денари за килограм пченица
„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“
Физибилити-студијата за „Јужен тек“ е при крај

"""