Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
31.08.2012, 17:50

Панихиди за Тодор Александров

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП паралелно ја одбележаа 88-годишнината од смртта на контроверзниот штипјанец

Иван Бојаџиски



Штип – Две панихиди по повод 88-годишнината од смртта на Тодор Александров се одржаа вчера во црквата „Успение на пресвета Богородица“ во штипско Ново Село. Здружението на почитувачи на ликот и делото на Александров и ВМРО-НП, меѓу кои долго време постои голем анимозитет во однос на прашањето кој има повеќе право да го чествува Александров, и годинава не успеаја да се договорат да го направат тоа заедно. Поради тоа се одржаа две панихиди за една иста личност во еден ист ден.

Први панихида организираа членовите на Здружението на почитувачите на ликот и делото на Александров. Во новоселската црква се собраа околу 150 граѓани на Штип, доминантно членови на ВМРО-ДПМНЕ. На панихидата присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој пред новинарите само кусо изјави дека на овој настан присуствува како приватно лице, а не како член на Владата. Ристовски не сакаше да дава никакви изјави за неговиот личен став кон ликот и делото на лидерот на ВМРО од дваесеттите години на минатиот век.

Панихидата ја предводеше митрополитот на Брегалничката епархија, владиката Иларион, со свештенослужители. По завршувањето, пред новинарите даде изјава само градоначалникот Зоран Алексов. „Оваа река од народ кој денес дојде во црквата да му оддаде почит на Тодор Александров како наш сограѓанин и еден од најголемите македонски синови ни дава јасен сигнал во однос на тоа колку го цениме и почитуваме неговото дело. Треба да престанеме со анатемисувањето на сите македонски дејци од минатото и на историјата да и' погледнеме со очите на вистината и да ги почитуваме сите дејци кои направиле добрини за македонскиот народ. Сакам да ги потсетам сите оние што го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека ние сме партија која сака да ја промени историјата на македонскиот народ, дека таквите мислења се резултат на нивните гледања на нашите историски случувања во изминатите 70 години кога се извртувани сите факти од нашата историја. Ова што го гледаме денес, полна црква, луѓе со пиетет кон големото дело на Александров, тоа е вистинската историја на Македонија. Ние ќе продолжиме да ги славиме сите потомци од тоа време родени во Штип“, рече Алексов.

На панихидата присуствуваа и петнаесетина члена на бугарската партија ВМРО-БНД на Каракачанов. Јулијан Ангелов, млад човек кој имал високи позиции во оваа партија, ни рече дека дошол на панихидата воден од својот личен став дека Македонците и Бугарите биле два братски народа и дека сме требало заедно да ги чествуваме историските личности. „Таквите личности и заедничките обележувања ќе ни помогнат да се обединуваме, а не да се делиме“, рече овој млад Бугарин. Штипјанецот Петре Колев, кој за време на гостувањето на една штипска телевизија го негираше постоењето на македонската нација тврдејќи дека сме биле Бугари, а кој во партијата на Каракачанов е идеолог за Македонија и, како што ни рече, „некои други држави од Балканот“, не сакаше да даде изјава. Само информира дека на денот кога Штип му прави панихида на Александров, тој бил тука за да го формира друштвото за Македонско-бугарско пријателство.

Само што заврши оваа панихида, во црквата пристигнаа и членови на ВМРО-НП за да запалат свеќи и да му оддадат почит на лидерот на ВМРО. Локалниот лидер на ВМРО-НП, Зоран Костовски, и' беше лут на Брегалничката епархија која не дозволила нивни свештеници да се појават на нивното чествување и да одржат панихида.

„Ние сме партија која го започна чествувањето на ликот и делото на Александров и црквата не смееше да не одбие. Таа само покажа колку е врзана со владејачката партија, а не со народот“, рече Костовски. Од друга страна, митрополитот брегалнички Иларион ни рече дека од црковен аспект не е можно за една личност да се прават две панихиди во една година.


Статијата е прочитана 2891 пати.

Испрати коментар



Попоски не прима извештај без „македонски“
Белгискиот музеј бомбардиран со притисоци
Владиниот тим на конвенцијата на републиканците
Се расипа тендерот за полициските возила
Училишта со нови имиња за нов судир во коалицијата
Плакати на Широк сокак
Внатрепартиски битки за Битола



zik, 01.09.2012 01:55:23
zato ke ve vikaat ,,firom,,
македонец, 01.09.2012 07:38:30
Зошто Тодор Александров го нарекувате контраверзна личност? Тој јасно себе си се определувал како Бугарин.Александров работи како Бугарски учител во Македонија и ги учи македноските деца дека се Бугари.Со своја чета учествува на страна на Бугарија во Балканските војни, а исто така е учесник во Првата светска војна во бугарската војска.Како Бугарин е одликуван со орден за Воени заслуги од страна на Бугарија.Јасно е дека цел свој живот се бори како Бугарин за интересите на Бугарија во Македонија,без разлика дали се бори за автономна или независна Македонија,во редовите на ВМРО или во бугарската војска.Дали Бугарите би му доделиле орден на некој што се бори против нивните интереси во Македонија?Тодор Александров воопшто не е контраверзна личност.
Ivo, 01.09.2012 09:06:35
А зошто го ликвидира Сандански?
avstralijanec, 01.09.2012 09:34:35
Todor Aleksandrov e Bugarin i nikogas ne se narekuval Makedonec .
СКОПЈАНЕЦ, 01.09.2012 09:54:24
Амана бре браќа и сестри Тодор Александров е бугарски учител,зарем немаме Македонски лица кои ги забраивме што се случува со Малинска?и многумина останати кои ги дадоа своите животи за Македонија и Македонското име,а ние панагија на сите даваме но не на Македонските лица кои треба и заслужиле да им се даде и спомен и панагиа.Аман више од лажна историја и лажни идентитети.
Баба Ката од Секулицу, 01.09.2012 11:12:53
Аман бе људи, КОЈ ЛЖЕ ПОВЕЧКЕ? Новинар а и слика потврдује да е било около 150 ммровци на панахиду.А,од друга страну, градоначлик казује да е видее РЕКА ЉУДИ кои дошле на панахиду.На кога да верују?Новинар по слику ќе да е управо.А градоначлник је,изгледа, више од сигурно јео БУНИКУ па му се у главу нешто побунило и напуние је Отињу сс панхидаши...
Gargamel, 01.09.2012 12:04:54
Kolku zamesatelstva,a?Kolkava reka na lugje?Ta duri 150,so bi rekle scipjani.I toa ne samo od Scip.Zorane,ta ni grgjanite,ni seljacite,ni taze VMR-ovcite ne ti idat na cirkus panahidite.A Ilarion,ako ima verska doblest,pred Boga ke odgovara za partisko-verskata cirkusijada.Zorane,makedonskiot narod si ja poznava istorijata i nacionalnite dejci.Pisuvacite na novata makedonska istorija,dali od kompleks na mala vrednost,dali od issutrenost,dali od nemanje um u glavite,razbira se,oni si znaatdrpat te od vam ,te od tam da se napravat povazni.Beda.Jas kako sogragjanin,pomlad razbira se,Novoselec,i na Kiro Gligorov,i na Sane Grlickov,i na Apostolski,i na Vanco Mihajlov,pa i na Aleksandrov,od moite komsii,sogragjani,rodnini,formiral su stav od kazuvanjata na narodo,koj ,so kako i zaso rabotel i pravil,i za sebe i za Makedonija.Baba mi ima noseno puski u dogovor so Goce,a dedo mi,pop u Novo selskata crkva se samoranuva prenesuvajki puski pod mantijata za organizacijata.A Spire,so pa ti znaes?
Лајтнан, 01.09.2012 13:37:32
А каков учител бил Делчев? Во каква Гимназија предавал Делчев? А Хаџи Димов, во кој парламент бил пратеник? Исти биле сите вклучително и Делчев и Сандански и Хаџи Димов и Александров во однос на националната свест. И тука немат ништо страшно, тоа е почетокот на создавањето на националниот идентитет. И ние треба да ја прифатиме вистината
demokrat, 01.09.2012 13:50:59
Спиро Ристовски, кој пред новинарите само кусо изјави дека на овој настан присуствува како приватно лице, а не како член на Владата. So privatno vozilo dojde pocituvaniot minister?
seirdzija, 01.09.2012 13:59:59
Koga ne vladeat vakov kov na lopovi togas sekoj moze da bide patriot...edinstveni predavnici ostanaa onie sto napravija da imame drzava...
Димитар, 01.09.2012 14:45:03
За македонец:А чиј учител беше Гоце Делчев?Или вака,од чие министерство за образование Делчев примал плата?Или пак вака,Кој од сите тие војводи и преродбеници некогаш се изјаснувал за чист македонец? Непознавањето ,т.е катастрофалната површност на познавање на овој најважен период од македонската историја, не донесе до овие смешни коментари.Туку ај гледајте го Букефал,и онака од тој период имате уште помалку познавање.
Перо, 01.09.2012 16:38:34
И после некој ни е крив за Слупчане. Нека одговори Ристовски која е разликата меѓу Александров и оние од ОНА. За мене нема! И едните и другите убиваа Македонци. Ама барем е јасно дека не се и нема да бидат македонски патриоти. Бугарски може! Нека го кажат веќе еднаш тоа на глас!
Amanda, 01.09.2012 19:38:53
Seam da vi e Scipjani ! A jas se sramuvam pak, poradi vas pedesetina ( tolku ve izbrojav vo crkvata,potocno 49 bez svestenicite) sto imam scipsko prezime. Sram da im e i na svestenicite, koi mu pejat na eden krvolok. Sram da mu e i na ministerot, koj ne smee kako persona privata da se pojavuva na vakvi sobiri!
Marko, 01.09.2012 19:40:56
Za sramota, T. A. vo crno go zavi SStip i pola Makedonija, samo povampireni i maloumni Makedonci mozze da go slavat, a ako se Bugari neka si go slavat, ama otade granica vo Bugarija neka se selat! Interesno e da se napravi paralela so sluccaite Slupccane i Sstip- T. A., i reakcijata ne vlasta!
do bezanec, 01.09.2012 21:58:14
Kade gledas deka so izlozbata na srednovekovni rakopisi od Makedonija gledas steta po Makedonija?Bez razlika dali ja sakame ovaa vlada ili ne ja sakame,treba da se pozdravi ovoj poteg vo Brisel.Razbiram zosto se lutat nasite neprijateli kako Bozidar Dimitrov,Kirov,ama ti zosto se lutis?I odgovori na prasanjeto.Dali ti smeta koalicijata na SDS so Ljubco?I vie novinarite ne im davajte vaznost na vakvi panahidi.
do baba kata, 02.09.2012 03:39:17
abre zborvi makedonski,so toj kumanovski-srpski ne si interesen
milan, 02.09.2012 08:43:18
Nedela e pa najdov vreme da napism nekolku zbora.Sramota SHtipjani,Covekot sto gi ubil J.Sandanski i G.Petrov (Toa e barem dokazano) go digate vo nebesa.I na kraj gradonacelnikot i ministerot neka kazat otvoreno dali se Makedonci ili Bugari.
aleks, 02.09.2012 09:06:47
Tesko na narodov sto ne si ja znae svojata istorija pred sedumdesetina godini a znae mnougu za antikata
Историк-србокомунистички, 02.09.2012 10:10:24
Т. Александров знаеше што сака. Беше Бугарин, дека во Македонија жиевеат Бугари, и да ја врзе Македонија со Бугарија, се бореше за сопственото плене Бугарско. Ама што сакаат попчињава и Иларион? Нели му е срам. Сега нека оди на Ванчо Михајлов и Мара Бубва да им држи панахида. И тие ли (попчињата) да бидат Бугарчиња сакаат како Александров и Михајлов? Како што тргнало им нема спас. Историјата ќе ги жигоса и Бреалница нема да ги испере. А ВМРО-НП наполн ги разбирам тие дуваат во бугарската тиква. Па министрот за одбрана згрешил за Слупчане. Така се бани идеологија и идентитет, сопствен а не ове попови туѓ, Бугарски.
Malku Novoselec (1/4), 02.09.2012 12:35:38
Do Gargamel:Cisto informativno: Bugarite vikale za Stip: ,,Scip a za graganite t.e. Stipjani: ,,Scipjani. Malkumina go znaat toa, a na nas ni e interesno oiti misleme deka e Starostipsko. A i mnogute Bugarofili vo Stip se uste go koristat toa ime.Inaku Stip e preplaven od Bugarofili. Dokaz e i novata Kancelarija/Drustvo za Maked/Bug. prijatelstvo.Hahaha, kakvo prijatelstvo, koga toa e osnovano od neprijatel na Makedonija-Petre Kolev.Tie mislat deka ne gi znaeme koi se.Nivnoto druzenje budno se prate, pa i koga odat na grobot na Vanco Mihajlov(a i dodeka bese ziv).
koce, 02.09.2012 12:43:14
Todor Aleksandrov e klasicen Makedonec koj bil probugarski opredelen. Makedonec koj ne zasluzuva da mu se organiziraat panihidi bidejki e del od mracnata istorija na vmro I makedonija I bratoubiec na golem broj makedonski deici.
МАКЕДОНЕЦ, 02.09.2012 16:23:31
На оваа тема само би им препорачал да ја прочитаат книгата Предавствата и атентатите во македонската историја,од проф.Др.Виолета Ачкоска (иначе ВМРО-вски историчар,со потекло од нај ВМРО-вското село во Македонија - с.Велгошти - Охридско) и проф.др.Жежов , во делот опфатен токму за Т.А. и тогашното ВМРО. А тие 150 луѓе, се неуки грешни души,неможе ништо да им се замери , изманипулирани се ама Спире и Влатче (колумна за Т.А) е за вас деца е страмота да не читате што пишуваат вашите , т.е. нашите историчари. Да живее Македонија и ВМРО-ДПМНЕ!
apologet, 02.09.2012 16:34:06
ovie od vladata izmislija nova formulacija: kaj i da odat odat kako privatni lica.Nedovetni ima kolku da ti dusa saka, samo prasanje e koi se tie.A dodeka se ovie na vlast jasno e koj e - nie.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |