Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
31.08.2012, 17:57

Попоски не прима извештај без „македонски“

Целта на Македонија не е план под маса во ЕУ како да се заобиколи Грција

Слободанка Јовановска



Шефот на дипломатијата Никола Попоски му прати вчера политичка порака на Брисел дека нема да го прими извештајот на Европската комисија за напредок на земјата за годинава доколку во него не е содржан зборот „македонски“, со оценка дека ќе биде „динамит за правната рамка на ЕУ“ ако тоа сепак се случи. Иако еврокомесарот веќе ја употреби придавката еднаш и таква препорака дојде и од Европскиот парламент, со овој став Попоски, пред престојот во Брисел идната недела со шефот на државата Ѓорге Иванов, сака да ги пресретне грчките притисоци кои би довеле до враќање назад на оваа одлука на ЕУ.

„Враќањето на придавката ’македонски’ би било логично од аспект на вредностите што ги промовира Европската унија. Дали тоа ќе се случи или не, зависи единствено од тие што го подготвуваат извештајот. Доколку би се случило тоа, би било нешто што би одело во вистинска насока. Дали Грција ќе се фокусира на отстранување на блокадата во согласност со интересот на сите земји од регионот или ќе ја троши енергијата на бришење придавки и додавки, е исклучиво прашање на нивна одлука. Сакаме да видиме дека енергијата ќе ја фокусираат на првото, а не на второто“, рече Попоски.

Најважно според него е на третата сесија од Пристапниот дијалог на високо ниво на 17 септември земјата да испорача што повеќе резултати, со оценка дека наш најсилен аргумент е што секоја година сме „се' подобри и подобри“. Дали има некој план под маса да се протнат преговорите со Македонија без Грција, беше прашање на кое министерот одговори дека тоа не е наша цел, туку да го добиеме она за што сме ги исполниле услови, т.е. дека Македонија нема затворено ниту една врата за Грција и дека не работи против нејзините интереси, но таа не треба да работи против интересите на сите. Според него, во ЕУ е создадена критична маса на земји кои ја согледуваат неопходноста од придвижување на процесот на евроинтеграција на Македонија во Унијата. Притоа, тој потврди дека на неколкуте рокови за средба што ги даде премиерот Никола Груевски, грчкиот лидер и натаму молчи и не одговара.

„Најсилен сигнал би било доколку премиерот на Грција одговори позитивно со прифаќање средба по отворената понуда што му беше упатена од премиерот. До овој момент немаме таков одговор и покрај конкретните сугестии кои ги дадовме“, рече Попоски, додавајќи дека ако и во иднина е така, ќе се запрашаме дали се искрени во изјавите дека сакаат решение, нафрлајќи дека изнаоѓањето изговори им беше специјалност досега.

Во врска со можноста Македонија да побара прием во ОН под уставното име на претстојното Генерално собрание на Светската организација, шефот на дипломатијата вели не е исклучена ниту една можност, но дека тоа не треба да се врзува сега со Генералната асамблеја. За притисоците од Бугарија изминативе неколку дена тој не виде простор за реакција, бидејќи станува збор за паушални оценки околу изложбата која целосно е договорена, а продолжува соработката со оваа земја.

Кога веќе именуваните амбасадори ќе заминат на функциите, дали некои од нив и покрај одлуката ќе останат во земјава и дали ќе се затвораат амбасади поради финансиската криза - беше следното прашање на кое Попоски одговори дека има временска динамика за нивното заминување која зависи од финансиските можности на МНР, т.е. едни ќе одат порано, а други подоцна, во зависност од тоа со колку пари ќе располагаат. Според него, ќе се искористат сите начини за штедење за да не се затворат некои амбасади, што би било крајно решение. „Како што рековте, шпекулација е дека Јован Донев не добил согласност од Лондон“, рече Попоски околу тврдењата во јавноста дека новоименуваниот амбасадор не бил пожелен таму.

Иванов идната недела во Брисел

Брисел - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на идната недела ќе оствари тридневна посета на Брисел каде ќе се сретне со највисоките преставници на Европската унија и НАТО.

Иванов во периодот од 3 до 5 септември ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Андерс Фог Расмусен и со Штефан Филе, еврокомесар за проширување на Унијата.

Единствен висок европретставник, кој нема да го пречека македонскиот претседател е првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Неговата портпаролка Пиа Аренкилде-Хансен, денеска ни потврди дека Баросо во тој период ќе биде во Брисел, но дека поради обемна агенда не ќе може да се сретне со Иванов, ниту со српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој во истиот период ќе престојува во европската престолнина.

На сите средби македонскиот претседател ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски. (МИА)

 


Статијата е прочитана 906 пати.

Испрати коментар



Белгискиот музеј бомбардиран со притисоци
Владиниот тим на конвенцијата на републиканците
Се расипа тендерот за полициските возила
Училишта со нови имиња за нов судир во коалицијата
Плакати на Широк сокак
Панихиди за Тодор Александров
Внатрепартиски битки за Битола



Itar Pejo, 01.09.2012 07:19:48
Sto znaci toa не прима извештај без „македонски“? Ce im go vrati da go popravat? I ako ne go popravat ce ponavljaat ili ce platat kazna? Kako sto Gruevski i Ivanov ne ja prifatija komemoracijata vo Slupcane? A kako ce bide kaznet grckiot premier koj sto ne se odzval na nieden od rokovite sto mu gi dal Gruevski?
pile, 01.09.2012 07:31:47
Razgovorite sto se vodat pomegju R.Makedonija i R.Grcija pod pokrovitelstvo na Svetskata organizacija pri ON, se vo nasoka na nadminuvanje na razlikite so imeto na Drzjavata za megjunarodna upotreba, soglasno VS postignata vo 1995 godina.Nemanje ekskluzivno pravo na upotreba na terminot ,,makedonski ,,makedonec i sl, na bilo koja od dvete suvereni drzjavi bese predlog daden vo edno od resenijata od strana na medijatorot G-din Metju Nimic vo 2008 godina.Sekoe izleguvanje od ramkite na VS od 1995 godina, od bilo koja Organizacija vo koja R.Grcija clenuva, ke se smeta za nedavanje podrska od strana na R.Grcija za clenstvo,sto e sprotivno od VS.A sekoj obid na bilo koj clen od Vladata na R.Maskedonija da gi zaseni i marginalizira negativnite ocenki vo Izvestajot od pristapniot dijalog na Visoko nivo megju EU i RM, so vakvi i slicni polemiki,se samo dokaz za baranje na alibi politikanstvo za svrtuvanje na vnimanieto na Makedonskite gragjani od vistinskite problemi i slabite rezultati od d
VP, 01.09.2012 10:41:34
За жал работите никогаш не се такви какви што луѓето сакаат да бидат... Се извинувам - но јас воопшто не можам да замислам самит меѓу Атина и Скопје се додека во центарот на Скопје издигнува снага гордиот Воин на коњ... Со останатите метрополи от околината средбите очигледно стануваат полесно - а за односите со Бугарија - добро е што има министри Албанци - за министрите Македонци Бугариja како да не постои - но то и во Софиja - истата работа - за владата Македониja како да е нема...
до ПИЛЕ, 01.09.2012 13:02:42
Преговорите (не разговори) што се водат помеѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН,не се според ВС од 1995,туку според Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 1993.Со таа рез. САД,Русија,Кина,Франција,Англија побараа од нашата земја и Грција во меѓусебни преговори да ги решата разликите околу името.Во ВС од 1995 Македонија (ФИРОМ) и Грција само потврдија дека ќе ги продолжат преговорите,а Грција се обврза дека нема да ја попречува нашата земја,како ФИРОМ да стане чл.каде што Грција е членка.Но сега постои одлука на НАТО и ЕУ така да Македонија ни како ФИРОМ не може да биде нивна чл. туку само кога ќе се пронајде решение за името во преговорите со Грција.
do pile, 01.09.2012 21:45:13
Makedonija i makedonski e samo nase ekskluzivno pravo.Toa e nase etnicko ime i nikoj drug osven nie Makedoncite ne go upotrebuva i ne go upotrebuval,tuku samo nie Makedoncite vo istorijata i zatoa e samo nase ekskluzivno pravo.Do 1990 g.juzniot sosed nikade ne go upotrebuvase imeto Makedonija.
MNR, 02.09.2012 09:55:18
Do redakcijata: Imate grshka, nee priem vo ON, tuku prodlzhuvaje na chlensvoto pod ustavnoto ime!
Niko, 02.09.2012 10:39:46
Bre, bre kakvo junaciste, mora na grcite pacajcite da im se stresat od strav. A site vie patrioti od Australia i od beliot svet, bujrum vratete se i tuka sucete mustaci.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |