Книгата „Распеани песни“ од Зафир Хаџиманов на неодамнешниот Меѓународен саем на книгата во Белград доби престижна награда. За содржината на ова дело, авторот ни изјави: „Наградата се вика ’Златна табла‘ и тоа е највисоката награда на Саемот за наставни средства, што се реализира во рамките на Саемот за книги во Белград. Практично едно посебно жири составено од професори и доктори на науки ни ја додели мене и на издавачот – ’Заводот за учебници‘ од Белград за најдобар учебник за предучилишна возраст. Со години, покрај компонирањето музика за возрасната публика, негувам посебно чувство и усет кон компонирањето на пеана поезија за најмладите. Сенка и јас имавме безброј претстави за деца во белградските детски театри и училишта. Долго бевме музички домаќини на ’Змаевите детски игри‘ во Нови Сад.“
Несомнено ова е мошне успешен период за Хаџиманов. И покрај тоа што зад него се бројни творби и музички и литерарни, сепак, не застанува. „Мене цел век ме следи прекарот: ’Зафир-три проекти‘“, вели Хаџиманов. Велат, во секој момент можеш да му се обратиш на Зафир и тој ќе ти изложи најмалку три нови проекти. „Не секогаш успевам и да ги реализирам, но не се предавам. Оваа 2010 година ми е навистина успешна. Влегов во неа со ДВД-издание под наслов: ’Зафир и синот лајв‘ - една убава видеомузичка компилација на моите нај-нај песни што во живо ги пеам во придружба на пијаното на син ми Васил. Веднаш потоа ’Македонскиот издавачки центар‘ при Македонскиот национален совет во Србија ми издаде двојазична книга со драмскиот текст, стиховите, нотните партитури и цедето на мојот мјузикл ’Ало будење‘ и еве ја привршувам годината со оваа распеана и наградена музичка книга и цеде.“
Но, оние што добро го познаваат, знаат дека никогаш не се предава. „Точно е, не се давам: Го играм Жан Валжан во мјузиклот ’Клетници‘ со френетичен успех. Немам причина да бидам скромен. Избран сум за претседател на Одборот за култура при Националниот совет на Македонците во Србија. Се гордеам со наградата ’Златен Дедал‘ што ми ја додели интернационалниот универзитет ЕФТА во Скопје за мојот музички опус и со титулата Витез на виното во најстариот витешки ред во Србија ’Арена забаткијенсис – Суботички песок‘ и чекам мојот роден град Кавадарци и моите пријатели од ’Тиквеш‘ да ме поддржат во големиот музички проект: ’Хаџиманови од Тиквеш‘“.
Кога ќе се спомене презимето Хаџиманови јасно е дека станува збор за музичко семејство со долга традиција, која продолжува да се негува и од страна на синот на Зафир и Сенка, Васил Хаџиманов. Ако се наврати наназад во поглед на тоа дали во кариерата тоа претставува товар или... Зафир вели: „Токму на ова и сите слични прашања сакам да одговорам со спомнатиов проект. Тоа треба да биде комплет од три албуми – цедеа со песните на татко ми Васил, со моите успеси и со избор на композиции на син ми Васил. Замислата е сите љубители на вистинската, неизвалкана песна да добијат антологиски избор на македонска музика. Инаку, тоа што Васил младиот оди по стапките на својот дедо, татко и мајка е секако една од најсреќните мои мисли со која се будам и заспивам. Морам само да додадам дека конечно еден сериозен и вреден културен деец, претседателот на МАНУ, академикот Старделов, ми вети дека монографијата за мојот татко е приготвена и се чека само мојот прилог, кој ќе биде една интимна приказна на синот за татко му, па да влезе во печат. Ај, фала му на господа, минаа повеќе од 40 години од смртта на големиот македонски етномузиколог Васил Хаџиманов“.
Како човек и уметник со огромно искуство, Зафир потенцира дека единствената порака што би им ја упатил на младите уметници, на што особено да посветат внимание во животот и кариерата, е: „ Најдобра порака ќе им испратев уште пред дваесет и неколку години да прифатев да бидам професор на Академијата на уметностите во Нови Сад. Веќе ме примија со титула на доцент, но јас, сепак, морав да ги одбијам. Немав морал и чест да станам професор и потоа нон-стоп да сум на турнеи и снимања, а студентите да ме сонуваат. Знам има многу такви професори, но јас во најлошиот занает на светот, во шоу-бизнисот, успеав да си ги зачувам образот и името, па не сакав да го продадам ни за професорска титула. И така сите пораки на младите уметници им ги испраќам многу јасно од сцената, тонските носачи и книги и секојдневното однесување кон се' и сешто од татковината - до семејството, од цивилизацискиот кодекс - до националните корени, од граѓанските обврски - до ЉУБОВТА ОД КОЈА НЕ СЕ БЕГА“.
Dragi divni gospodine Zafire, veliki umetnice i zvezdo na ovom nasem umetnickom nebu, hvala sto ste ovome svetu dali prelepu knjigu divnih reci.......zelim vam puno, puno uspeha i pozdravljam vas od sveg srca
Од: R. Nikolovska- Bojadzijev
Датум: 23.11.2010 19:27:22
Se nadevam dka ovaa publikacija na Zafir Hadzimanov, ke imam moznost da ja pronajdam koga sledniot pat ke dojadam vo MK. Ovoa muzicko i patriotsko semejstvo koe ostanuva verno i na tatkovinat i na semejstvoto povtoruvajki gi iminjata na dedovcite i onie pred nim,; Zafir, Vasil i pak nanovo, zasluzuva vistinsko pocituvanje. Nie nekogasnite ucenici na srednoto musicko uciiste vo Skopje, so ljubov se sekjavame na nasiot profesor po musicki folklor, Vasil Hadzimanov, koj ne zbogati ne samo so znaenje od etnomuzikata, tuku i
so dusevnata toplina na covekot od naseto podnebje. Se sekjavam na stariot dobar profesor , pô ubavinata na negoviot zbor i "ubavata srebrena bela kosa" na koja bese mnogu gord...A nie "decista " , znaevme i da go nalutime, pa ke ni recese; " kako ne vi e zal za mojata seda kosa...."E sega, po tolku godini, neka ni prosti, tamu nekade od nekoja dalecna zvezda , kade gi zapisuva zvucite na angeliskoto muziciranje...Cestitki za uspesniot sin na nasiot profesor i m