Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Специјална награда за „Глуварче“ во Јапонија

За к��аткиот бугарско-македонски филм на Игор Христов, критичарот Бил Холдсворт ќе напише дека го препорачува во дослух со сончевата светлина

Сунчица Уневска

Краткиот филм „Глуварче“ на Игор Христов и по цели две и пол години се' уште е интересен за фестивалите, а освојува и награди. Неодамна овој филм ја доби Специјалната награда на фестивалот, кој во Јапонија го организираше познатата културна фондација „Фумико Јамаји“. Станува збор за фондација, која е основана со цел да ја помага филмската индустрија во оваа земја и која годинава слави цели сто години од своето постоење.

Режисерот Игор Христов, кој студираше во Софија, а работи подеднакво и во Софија и во Македонија, вели дека бил пријатно изненаден, не само поради наградата, туку поради тоа што овој филм и понатаму си го оди својот пат, дури и без него. Имено, „Глуварче“ бил селектиран за овој интернационален студентски фестивал, кој фондацијата „Фумико Јамаји“ го организирала за првпат, без Игор Христов воопшто да знае за тоа. Инаку, ова не е прва награда за „Глуварче“, кој минатата година на фестивалот во Сечуан, Кина, ја освои наградата „Златна панда“, а му припадна и наградата за најдобар млад актер, за Кире Ѓорески.

„Глуварче“ е приказна за една група млади, кои се глуви и кои се обидуваат да најдат начин да комуницираат со луѓето што слушаат. Тие ќе се облечат како кловнови и на улица ќе почнат да изведуваат разни забавни точки, за да им го привлечат вниманието на минувачите. Но, Јозе нема да биде дел од тоа, се' додека полицијата не ги уапси неговите другари, а тој ќе остане сам. Овој интересен филм лани беше прикажан и во македонската панорама на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Интересно е дека, иако се работи за краток филм, сепак, тој предизвика интересирање секаде каде што се прикажа, а доби и многу интересни оцени и критики.

„Во дослух со сончевата светлина го препорачувам краткиот бугарско-македонски филм ’Глуварче‘, во кој се запознаваме со Јозе, глувото момче кое Кире Ѓорески го игра со голем респект“, вели Бил Холдсворт во „Epoch Times“. Тој додава дека од оваа приказна со малку дијалог, треба да учат и старите и младите. „На крајот од филмот се најдов со солзи во очите. Камерата на Антон Огњанов, особено кога играат со патерици и кога ја фрлаат големата портокалова топка, што создава чувство како да ти е сонцето на дофат на рацете, и дава дополнителна поетска состојка на работата на режисерот Игор Христов. ’Глуварче‘ заслужува награда“, пишува на крајот Холдсворт. Додека Џон Беили од ASC ќе напише: „Ова е портрет на една глува заедница, кој им овозможува на луѓето што слушаат, прозорец кон светот на тишината. Иако е драматичен, филмот исто така ги инкорпорира поезијата и сонот како слики, кои лебдат долж еден паралелен универзум. Трогателна приказна“.

Филмот во текот на овие две и пол години беше на различни фестивали ширум светот, и тоа во: Монтереј, Монтевидео, Лисабон, Техеран, Минхен, Лондон, Сечуан. Неодамна беше селектиран за фестивалот 4 Tuned Sities односно патувачки фестивал кој оди во четири града, Амстердам, Сараево, Приштина и Скопје, при што секој град го прикажува најдоброто од младите уметници. Како што ни рече Христов, филмот на крајот на септември бил прикажан во Приштина, каде што поминал добро. Презентацијата во Скопје предвидена е за декември, меѓу 15 и 18, во организација на „Локомотива“. И, само да потсетиме, дека ова е трет краток филм на Игор Христов. И неговите претходни, „Март“ од 2006 и „Детето на океанот“ од 2007, кои ги направи за време на студиите, поминаа одлично и беа селектирани на бројни фестивали.


#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Страв ни е да протестираме
Јане Чаловски изложува во берлинската галерија „Жак Браницка“
Од љубов не се бега
Јубилејна стрип-изложба на Александар Сотировски
Концерт на Огненка Герасимовска - пијано
Монографија за Рубенс Корубин
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language