Јубилејна стрип-изложба на Александар Сотировски
Рено��ираниот македонски стрип-цртач и илустратор Александар Сотировски годинава прославува 20 години од својата работа, во која создаде многу препознатливи стрипови и илустрации, соработувајќи со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи. По тој повод, во кафе „Ли“ е отворена негова изложба, која ќе може да се види до средината на декември.
На оваа изложба се претставени стрип-табли, како и илустрации од различни проекти на Сотировски. А, исто така, таа опфаќа и дел од неговиот опус на илустрации и логоа, кои се изработени за странски и за сите домашни издавачки куќи. Тука, секако, се и делата што Сотировски ги изработува веќе дваесет години за реномирани брендови и имиња, меѓу кои се: Dizney, Pixar, Soleil, Dargaud, Delcour и други. Инаку, Сотировски моментно работи на големиот проект наречен Woodlands , како и на третото продолжение на стрип-албумот „Капетан Нитрат“. (С.У.) |