Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Јане Чаловски изложува во берлинската галерија „Жак Браницка“

„Опседнат простор“ е насловот на изложбата на македонскиот уметник Јане Чаловски што е отворена во галеријата „Жак Браницка“ во Берлин, а ќе биде поставена до 29 јануари 2011 година. Делото на Чаловски е инсталација составена од 74 цртежи и колажи и еден архитектонско-скулптурален објект. Вклучува и дополнителни дела, како видео и фотографии. Негова основа, всушност, е процесот на конципирање и артикулација на мастер-планот за Скопје, изработен од тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Централниот објект во инсталацијата е скулптурата со наслов „Опседнат простор (студија за архива)“, кој претставува модуларна структура во форма на складиште, кое служи како идеален објект за складирање на можните процеси и артефакти. Од структурален аспект, овој објект директно реферира на оригиналниот архитектонски модел на Кензо Танге, што моментно се чува во Музејот на град Скопје. Чаловски собира докази за процесот на дислоцирање и трансформации на различни наративи, внимателно испитувајќи ги расположливите архиви, но и приватните од тоа време, притоа додавајќи ја неговата уметничка интерпретација.

Овој проект е создаден за првата самостојна изложба на Јане Чаловски во берлинската галерија „Жак Браницка“ и го продолжува тековниот проект „Мастер план“, кој беше претставен на Европското биенале за современа уметност „Манифеста 7“ во 2008, како и на проектот „Книга 3 - Грешки“ за Турскиот павилјон на Венециското биенале во 2009 година. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Страв ни е да протестираме
Специјална награда за „Глуварче“ во Јапонија
Од љубов не се бега
Јубилејна стрип-изложба на Александар Сотировски
Концерт на Огненка Герасимовска - пијано
Монографија за Рубенс Корубин
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial