Концерт на Огненка Герасимовска - пијано
Во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“, вечерва во 20 часот, во Музејот на град Скопје концерт ќе одржи пијанистката Огненка Герасимовска. На програмата се „Карневал оп.9“ од Шуман, Концертна суита од балетот „Оревокршачка“ од Чајковски/Плетњов и три танци од балетот „Пепелашка“ од Прокофјев.
Огненка Герасимовска работи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Нејзината концертна активност е голема, не само на македонските сцени, туку и во странство. Присуствувала на голем број натпревари за пијано, од кои е добитничка на бројни награди. Во 2008 година го издаде и своето прво ЦД со сонати од Бетовен, Шуман и од Прокофјев. (К.Р.) |